Јас го погледнав стрештено, оти првпат бев чул некој друг освен мене да верува во такви сказанија и измислици како што се минати и идни животи овде, на земјава, пред да се упокоиме засекогаш во царството вечно Негово, во станот небесен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Зошо ги користеше досетките? Зошто ѝ беше потребен заобиколниот пат па дури и измислицата?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Лично верував дека не постоеја негде близу ниту тие Кавракови што таа ги спомнуваше, ниту нивната колиба, а најмалку кучката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)