Тоа некако придонесе за продлабочување на интимноста меѓу нас двајца, тука немаше лаги и измами, немаше лицемерие, немаше тензија.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во Арсо се покренуваше жестина да ги изгази овие ломливи и мувлосани остатоци на некогаш високи велможи, понизно послушни пред својот господар, жестоки кон обичните мали луѓе, заплеткани во интриги и измами.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Посакав на непријателот мој, порака да пратам за моќ и слава, за награда вредна што за труд се дава, не со превртливост и измама тешка, посакав нова шанса, ново лето, нов миг на мир, тој човек повторно да стане оној што бил, од злоба излечен, повторно човек, за довек.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Време на клетви, кодошења и измами. Време на колнења, на чекање.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)