и (сврз.) - замисла (имн.)

За оваа Таткова потрага и замисла, која логично можеше да се сети и за метафизичка илузија, Климент Камилски покажуваше големо разбирање уште од почетокот, за на крајот да стане и нејзин дискретен поборник.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бешир вешто стигна на одреденото непознато место, возејќи крај морето, минувајќи првин крај претседателската палата, па кон монденските Ла Марса и Гамарт, во точката на просторот каде што беше договорено да ме чекаат Палестинците, за да ме одведат до скривалиштето на Јасер Арафат, каде што пред неколку месеци му ги предадов акредитивните писма со кои станував амбасадор во земјата која постоеше најмногу во цврстата решеност, во желбите и замислите на Јасер Арафат! Во смислата на неговиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат како да имаше договор со смртта, никогаш да не го стигне...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)