Мустаќите изострени и подсвикнати нагоре како рокчиња од овне; на средината пожолтени од лулето што постојано го држи в уста; веѓите густи и спуштени над очите како ластовичини крилца; прстите на рацете глуждести, а кожата на дланките стврдната да може да фаќа и мраз и жар, и трње и коприви; на главата паларија: летен-зимен украс што го донесе од печалба; од погледот му зрачи стаменост и мудрост, почесто само со погледот зборува и со него ти ги открива мислите; со погледот како на терезија го мери соговорникот и открива колку му тежи умот; во ретки моменти кога е лут се забележува како резанките на челото му се поткреваат и спуштаат водејќи борба.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тоа е огништето каде што се вали оган, пече леб, погачи, булиња, се вари манџа, топли вода и каде што во зимните студени дни се греат домашните на пламенот и жарот од сувите дабови и букови дрва.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И таа почна: Сираче!… но без смисла и жар, брзаше весело. – Ајде сега ти Милице, ми рече, а јас почнав полека да рецитирам, внимавав на точка, запирка и видов веднаш дека на учителот му се допадна, но сепак рече: Ќе видиме кој од вас двете ќе настапи.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Од попот доби благослов и наредба да оди во црквата, да ја земе кадилницата, оти и жарот веќе стаса во оганот. Со кадилницата в раце дедот поп и Кушо влегоа в црква.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така и треба да биде, меѓутоа, тука злото истечува и се шири по земјата како отров заедно со раѓањето на сонцето и со неговата топлина и жарот што се шири од него. И продолжува ноќе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да кликнам песна би сакал силна, песната стара за тебе дар, како си Јане Родина бранел со каква гордост љубов и жар!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)