Сите песни во оваа стихозбирка, без оглед на нивниот нарав и должина, се подготвуваат за молк.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И по тоа што кога ќе ме погледнеше, за миг ме гледаше интензивно, а потоа го тргнуваше погледот, а најмногу по говорот, по отвореноста и должината на самогласките, што, се разбира, е одлика на сите од овој крај, ама во случајов и бојата на гласот беше иста, и поставеноста на забите, и линијата на усните.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
„Јас“ е сѐ уште сосема само-доволна заменка, дрско распослана по целата ширина и должина моќно исперчена, пркосна Па, сепак...
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Вештината на „поетското“ творење најасно се гледа при создавањето на „лудопесните“ (Irrge-dicht), „коцките“, т.е. carmen labyrintheum, „која воведува во блудоградината и се чита одлево и оддесно, озгора и оздола, напречно, по ширина и должина.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)