Па така, неизмиен, со парче сув леб во торбичката, нешто за себе, нешто за да го мами телето ако го пронајде, со главичка кромид и неколку зелени пиперки, тргна да ги обиколува ридиштата и доловите.
               
             
           
            
            
              „Бојан“
               од Глигор Поповски 
              (1973)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Потоа, ниско наведнати, се оддалечуваа неколку метри наназад и таму зад карпите, во трапот и долот - се празнеа.
               
             
           
            
            
              „Големата удолница“
               од Петре Наковски 
              (2014)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Можеби затоа што има нешто во мене што соодветсвува, зашто е тоа ем строга фигура, ем нескротена сосем, упатена со десниот врв кон нешто далечно напред, кон она што е таму на крајот, зад ридјата и зад планините, зад капците и доловите, во правецот во кој беше тргнало да ита и она дете со торбето на грбот, со русото перче и црвените обравчиња.
               
             
           
            
            
              „Бунар“
               од Димитар Башевски 
              (2001)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Очите му грабаа од далечините, мислите му летаа над кориите и доловите.
               
             
           
            
            
              „Бојан“
               од Глигор Поповски 
              (1973)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Одевме по пругата; сонцето заоѓаше и наликуваше на оној пајак од мозаикот; како во средето на небото да лежеше спокоен вжарен пајак, јагленче вжарено во својата мрежа од зраци, кои раскошно го опсипуваа со злато целиот питом пејсаж, со благи ритчиња и долчиња, со винороди, лозја осенчени во предвечерието.
               
             
           
            
            
              „Папокот на светот“
               од Венко Андоновски 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Тогаш задишано дотрчал курирот од соседната чета и на командантот вака му рапортирал:  „Војниците од непријателот, Бог знае од што и зошто, во еден миг се кренаа од рововите, од скрките и доловите, ги фрлија пушките и патроните, мините и ракетите, ножовите и бајонетите и со стихови кренаа кон нас.
               
             
           
            
            
              „Захариј и други раскази“
               од Михаил Ренџов 
              (2004)