Наидувам на книгата легната на патот, недопрена од ветришта и дождови, знак на цивилизација среде море светулки, ноќни животинки и караконџоли.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
И кога почувствува дека догорчето му гори прсти, ја истресе пепелта и како да се жалеше некому, рече: - Навикнавме на кал, на студ и дожд, на глад и жед, на магла и виулица, на вошки и нечистотија, на тресокот на бомбите и рафалите, на страдања, на крв, на болка и на ранети, на сакати и мртви, да нѐ убиваат и убиваме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сѐ почесто небото се намуртува, сѐ почесто дуваат студени ветрови и носат магли и дождови.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Лесен чекор и лет на пеперутка, со мирно движење на четката го пресликувам мојот сон со боите на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тивка мелодија во далечините на понорите, виножито помеѓу сонцето и дождот, скоро невидлива силуета на сликар во хоризонтот и бои црвени, бели, сини, боите на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Изложени на ветер и дожд тие гордо остануваат крај нивните кутии исполнети со мистериите на духот, како безброј Пандорини кутии, на чии дна се крие катарзата на надежта во животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- И муграта, миличок, и дождот. И маглата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Баба Ристосија остана сама во Горно Село. Од неколку стотини селани, остана сама за да ги варди душите на мртвите од сколовранците и гавраните начичкани по плотовите на селските гробишта, за да има од што да се плашат плашилата по бостаните, распарталени од ветриштата и дождовите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И да сониш и да бдееш во тебе пеат и каменот и дождот служејќи му на зрното што зрее на дланката на летото.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Птицата коби врз својот пород човекот не си го знае патот додека тагата и дождот влегуваат во пејзажот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Кога не пука непријателот на нас, господ продолжува да пука: постојано нѐ опсипува со снег и дожд. Солзите ни се мешат со него.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Си паѓа дожд и снег, снег и дожд, лапавица.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По нас плачеше и времето: врнеше и дожд и снег.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„И се 'затвори небото'
и дожд не заврна
и суша фати
и глад
и зло секое
до разнебитие…
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Престанува, престанува!“ „Да, да!“ Маргот стоеше настрана, подалеку од тие деца што никако не можеа да се сеќаваат на времињата кога немаше дожд и дожд и дожд.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И дождот така, ненадејно, може да ти се мочне во вратот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Надвор веќе почнува да паѓа снег. Нешто како лапавица. Снег и дожд заедно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)