Одбрани луѓе, во ексклузивен хотел на морето, коктели, прошетки, приеми од страна на министри и градоначалници, возење со посебно закупен брод, размена на книги, телефони и адреси.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Исправен, горд и посветен на службата, облечен во сјајните високосвештенички облеки, со крстот и двете панагли на градите и црната пана-камилавка, го потсетуваше на оние денови кога ист таков, застануваше пред германските команданти им делеше лекции од највисока, сега му се чинеше дури небесна етика. За митрополитот Хрисостом пак, градоначалникот Лука Карер беше олицетворение на моралот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во своите нови молитви, духовникот се заблагодаруваше за неповторениот божји дар, од името на сите спасени, завршувајќи ги молитвата со зборовите: „Твојот слуга Хрисостом од длабочината на душата Ти благодари што Го почести да го почувствува слаткиот вкус на победата на Доблеста над секоја овоземна припадност”. Во свеченостите на островот, владиката и градоначалникот учествуваа години потоа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Длабоко во ноќта секретарот и градоначалникот со своите задолжени помошници дојдоа на плоштадот да им ја објават на Чанга и на другите козари одлуката за привременото сместување на луѓето и на козите во расположивите станбени капацитети во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Партискиот секретар и градоначалникот ги свикаа надлежните служби во општината, во присуство на членовите на партискиот комитет.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Партискиот секретар на градот и градоначалникот се искачија на парадната бина за да се сретнат со водачите на козарите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Секретарот и градоначалникот се погледнаа мигум како во небрано.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
После промената од директорската функција на претходникот на Камчев, сега покојниот О. Николовски (кој тогаш е испратен во 30-дневен притвор, а кој своевремено беше и градоначалник на општина Велес) – на „жешката“ и привлечна директорска позиција се сменија тројца ВД директори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сѐ до 1998 – поточно до доаѓањето на К.Камчев на директорската функција, кој претходно работеше како инженер- програмер во истата фабрика – работните услови во АД „Киро Ќучук“ беа релативно добри и немаше кршење на работнички права од поголеми размери.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)