Не, тоа воопшто не беше неговото малку подзамижано десно око, сигурно мнозина би помислиле за него дека е стаклено, бидејќи и впечатокот беше таков, но за оној што знаеше дека тука нема никакво стаклено око, провалијата на нескладот на тоа преку секоја природна мерка подуено лице изгледаше уште поголема и уште потешка за одгатнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А покрај тоа побрза да го изрече и впечатокот дека животот му помага сликовито да ги прикажува своите замисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Нови мисли и впечатоци навлегуваат во него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Толкував: „Што му е потребно вака да ги прикрива вистинските односи меѓу предизвикот и впечатокот?“
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)