и (сврз.) - волк (имн.)

Некои грубо се наговараат, некои веќе лежат под смреките како што лежат волци и волчици во планинава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со даноците кои ќе се собираа од 100 000 курви сите ќе живеевме као у Калифорнија. И волкот сит и овците поебани.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Да. Одговорот е точен. Публиката аплаудира. Сите среќни и весели. И волкот сит и Велија пун со пари.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ќе појде ли во ЗОО? Запленетите животни: приспособливата мајмунска робијашка егзистенција наспроти студената отсутност на тигарот и волкот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сум поел волк и волк ме хранел на дланкиве пролет ми умирала.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Беше речиси видлива таа молчелива игра со темнинката, што се згуснуваше и остануваше да лебди постојано на истата граница, до која што излегуваа и волците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа сами. Беше и тој сам на своето дрво. И волкот беше сам под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама волк не лежи и волк не напаѓа на несигурно, вели, ако е лиот ќе мрдне, ќе побегне, си мислам. 256
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајката, мечка ли е, волк ли е, вели, знам со снегот и волците слегуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)