Монотониот звук на фабричката лента беше едноставен, смирувачки, исто како и неделниот чек кој редовно го подигаше во петок, по само десет минути чекање во уредна редица од работници дојдени, како него, којзнае од каде – Руси, Црнци, Кинези (колку многу Кинези!) и некои други раси и видови кои не ги ни препознаваше на прв поглед.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тресна во ѕид. Падна на подот и видот му се врати. Виножитата исчезнаа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Го враќаме својот долг кон сите, полека се помируваме, и исчезнува слухот и видот за светот околу нас, не постои ништо, ниту ноќта, ниту денот, пред овие предмети кои спокојството на собата го нарушуваат, тука јас признавам сѐ.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Божем големината на болката зависела од големината и видот на страдањата!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)