Бидејќи никој не сакаше, од момчакот на шанкот што беше всушност аспирант да се појави на сцената како актер, до гостинот што беше дошол не како доктор туку како автор, прв да крене рака и да даде знак за фајрон - оставија тоа да го сторат бинлачето со ракија и бинлакот со вино откако се соголеа до газерот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
По објаснувањето на Комисијата, стигна и јагнето кое беше од порано испечено. И бинлакот со вино.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А сега домарот пред него гласно размислуваше дали гостинот што слика ќе остане две - три недели, или цел месец па и два, и како да си помине тој, па и домарот покрај него, само со манастирски грав, еднаш во седмицата зелник од селото, па и некое јагне ако се згоди празник, да не ги сметаме тука: домашниот леб што го месеше и го печеше невестата во селото двапати неделно, биеното сирење на маша над мангал, низите суви пиперки и солени циронки, како и бинлаците вино и ракија дарувани на манастирот од останати верници, за светците не за грешниците.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)