и (сврз.) - билка (имн.)

На работа умирам од тие мириси на купки и билки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сѐ си има своја памет, свој ред, сѐ се труди да порасне, да се зачува, да остави семе, да остарее. И билка, и дрво, и животно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се воодушевуваа од прекрасната природа, од прекрасните предели, шуми, рудини, извори, поточиња, столетни дрвја, разнобојни и мирисливи цвеќиња и билки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Легна на железниот кревет на кој имаше само сламарица која му замириса на гумно, на летна жетварска ноќ, на 'ржаница, на разни тревки и билки како да дише огромна билна аптека; и дишеше лакомо, среќен и задоволен како дивеч што соочен со хајка и смрт, успеал да си се врати на своето старо и сигурно легло.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Наша клета баба-мајка не ште френски думи, ште тја, братја, лек и билка да исцери рани. Но нек ви досвршим, братја, приказ си за баба. ***
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)