и (сврз.) - баклава (имн.)

Јазикот на храната станувал неумолив... Чудни обичаи во чудни времиња! коментира Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Монголските коњаници ќе ги донесат буреците и баклавите на бреговите на Босфор во султанските палати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тестото ќе се извива во безброј нови облици, ќе доминира баклавата којашто ќе ги придружува Османлиите во нивните слави и празници, освојувачки походи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сака да отвори дуќан за сладолед и шербет, и што иде со тоа: ашуре, сараклии, локум и салеп, боза, кадаиф и баклави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека беа на прошетка мама Злата го подготви ручекот: имаше од питата, сарма од зелка, печено пиле и баклава - тоа беше вистински празничен ручек. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За време воените буни на јаничарите се превртувал казанот, а и баклавата имала коцелив горчлив вкус.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)