и (сврз.) - аскер (имн.)

Околу средето на зимата се досвршија дрвата по двориштата и аскерот почна да гори сѐ она што беше од дрво направено.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со триста молби и придавачки нареди бимбашијата да не се откриваат барем половината племни во кои живеат луѓе, но затоа дојдоа на ред гредите, диреците, клештилата и желниците од самите куќи во кои живееја самите аскери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така се истеруал Турчинот со валби и петелеље прел селаните. Море крвавење, брату, крвавење сака, та да го оставе конакот, не само валби. Co валби се плашат децата и бабите, а не Арсланбеј и неговите заптии и аскери шо носат оружје од пред петстотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Наредија ранетите да се приберат и аскерот да ја запоседне тврдината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се замислија кајмакамот и бимбашијата, а веќе и мракот провлече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На три чекори пред заптиите и аскерот таа грмна и ги покри со густ дим, од кој се слушнаа пискотница и псовки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)