Камионите и автомобилите ги возеа луѓе од крв и од месо, луѓе што имаа вид и слух и имаа сопствени желби, луѓе што имаа возачки дозволи и полиси за осигурување, ги возеа роботи што се тркаа по патеките, раководени од сили што тие не ги познаваа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А и одекот да си го чуе. Не како од високите згради на кои работеше во Прага и Будимпешта кога ќе му дојдеше некоја желба од детството и кога ќе помислеше на овие краишта, ќе завикаше со сиот глас, но од бучежот на дигалките и автомобилите, гласот се задушуваше и не можеше ни тој да си го чуе, а камоли да му се врати.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Акумулаторот се испразни и автомобилот не сакаше да запали, на враќање дома домофонот не сакаше да заѕвони, клучот не отклучуваше, па, барајќи преноќиште, дознав дека хотелите беа преполни и сите хотелски соби беа издадени.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Од тие со и без стан и автомобил, подобри се бездомниците зашто ќе си го прибереш дома и ќе ти биде бескрајно благодарен, а, нормално, позгоден е и ако вози велосипед, зашто се движи пеш или вози, па барем долниот трап му е навежбан.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Овде се претставени сите превозни средства, од трамвај и автомобил, па до најмодерните реактивни авиони, во нивниот историски развој.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)