И набројувам: Словенци и Хрвати, Срби и Муслимани, Црногорци и Албанци, Евреи и Италијани, Роми и Романци, Унгарци и Чеси... Набројувам сѐ, ништо не изоставам.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Така станале имињата Србин и Хрват народни од племенски, така се присоединиле механички кон нивните носители соседните племиња со своите наречја и составиле со нив еден народ, постепено асимилирајќи се со своите покорувачи или присоединувачи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Словени се викале и Србо-Хрватите. Имињата Срби и Хрвати се носеле од малечки јужнословенски групи и биле племенски, а се сториле народни само кога нивните носители, т.е. племињата Срби и Хрвати образувале големи држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)