и (сврз.) - тоа (зам.)

Ваквата супституција на фонетските значења е мотивирана со тенденцијата за зачувување на парадигматиката на системот-прототип во новиот систем, и тоа, за да се дојде до изоморфна репродукција на бројната вредност, изразена низ букви.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се разбира, веќе не во смисла на некој естетски идеал кон кој се стреми, туку во смисла на потрага по продукција на значења.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Значи, и со бегол поглед може да се дојде до заклучок дека домашната „популарна ликовна уметност“ нема допирни точки со некои светски текови на популарноста, и тоа не само затоа што очевидно не произлегува од една развиена пазарна логика (според која навистина постои законот на понуда и побарувачка, а не само побарувачка), туку и затоа што не ги развива своите комуникациски обрасци (што сепак се случува во турбо-фолкот) и заостанува во непроменливоста на малограѓанскиот вкус (за секогаш детерминираните критериуми на „вредност“) и во парохијалниот аутизам (инцестуозна некомуникативност). Маргина 37 171
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во таков случај, во одново создаденото писмо настанува замена на фонетските значења на системот на писмото-прототип со фонетски значења специфични за дадениот јазик и притоа се сочувуваат местата на знаците во алфабетската низа, кои се наследени од парадигматиката на писмото-прототип.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По добивањето на отказното решение нашиот соговорник, заедно со уште двајца други работници (еден од Скопје, а друг од Куманово), поднесоа приговор до работничкиот совет,3 во кој наведоа дека отсуствува елементот на вина, бидејќи тие натовариле точно онолку колку што пишувало во кантарската белешка и во испратницата, како и тоа дека не се сослушани да дадат изјава во своја одбрана, а не им е оставен ниту гарантираниот отказен рок кој им следува согласно Колективниот договор за Агро-синдикат и Здружение на водостопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По завршувањето на постапката за ликвидација, ликвидаторот веднаш поднесува пријава за бришење на друштвото во трговскиот регистар и го известува Централниот депозитар за хартии од вредност дека акциите на акционерското друштво и командитното друштво со акции се поништени и дава налог за затворање на акционерската книга (чл. 552, ЗТД). 242 В.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Точно е и тоа дека нашите македонски судии 6 – „многупочитуваните“ членови на благородната каста на clarissimi et amplissimi viri (Кикерон), како да се заразија од вирусот на граѓанското студенило (Т.Адорно), па не сосем ја сфаќаат сериозноста на проблемите на 5.  Цит. сп.Рајнхард Цимерман: Облигационо право – Римски основи на граѓанската традиција; Просветно дело АД; Скопје, 2009; стр. 349.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Коста Чавошки: Увод у право I – Основни појмови и државни облици; Београд, 1994; стр. 29-33. 306 Овој, како и мноштво други фактори ги демотивираат и одвраќаат работниците од ефикасно искористување на било каков правен лек и перфидно ги принудуваат да ја трпат неправдата која секојдневно им се нанесува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По службена должност судот може, најдоцна на подготвителното рочиште, да се огласи за месно ненадлежен и тоа само кога постои исклучителна месна надлежност на некој друг суд (чл. 19, ЗПП). 146 Кукулев против Радио Велес Спор за неисплатени плати и придонеси1 Victus victori in expensis, condemnandus est.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За времетраењето на судскиот процес Ф.И. продолжи да работи на нејзиното постојано работно место, а односот со работодавачот за време на процесот може да се опише како коректен и во рамките на деловните овластувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После изрекувањето на конечната и мериторна одлука на Апелациониот суд, со која на работодавачот му се наложи да ги подмири сите обврски кон Костадиновска, и тоа во рок од осум дена, тој повторно ја игнорираше оваа обврска и пак не ја исплати оваа сума. Затоа, адвокатот на Костадиновска го упатува предметот до извршител (М. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После добивањето на конечната пресуда во нејзина полза таа потпишува вонсудска спогодба со која се регулира исплаќањето на парите од страна на работодавачот и тоа на две рати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работничката В И од Скопје (сега 50-годишна) беше вработена во ДПСУ „Електрометал“ АД Скопје – претпријатие што се бави со трговска дејност, и тоа со договор за вработување на неопределено време.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во март 2006, проблемот со Клуб - кафеаната и вработените во неа е ставен на дневен ред на Владата на РМ, а како дел од ресорот на тогашниот Министер за култура (Б. Стефановски).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Конечно, во декември 2006, судскиот совет (во состав: м-р Љ. Неделковски – претседател, П. Попоски и С. Спасеноска – членови), носи пресуда со која ги одби сите поднесени жалби на работодавачот и на поранешните работници како неосновани, и ја потврди исправноста на првостепената пресуда, која во јануари 2007 стана правосилна и извршна.6
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На тој начин НУЦК би се ослободил од вработените после укинувањето на угостителската дејност, изигрувајќи ја обврската да ги задржи и/ или прераспредели на други работни позиции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Згора на сѐ, и записникот за извршената контрола, кој беше без печат и без деловоден број, имаше датум кој не одговара со критичниот датум кога се вршел утоварот; тужениот работода- вач не го пријави случајот во МВР како кражба, ниту пак поднесе било какво барање за утрврдување и надомест на материјална штета од избрканите работници – меѓу кои имаше и вработен кој порано, поради својата чесност и посветеност, беше и парично наградуван како најдобар работник во претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И. против Електрометал Спор за неисплатени плати и придонеси1 Nullae partes sunt iudicanti in confitentes .
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересно е тука да напоменеме дека Република Македонија веќе има изгубено неколку работни спорови пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и тоа токму поради повреда на круцијалното начело за судење во разумен рок, гарантирано во чл. 6 од ЕКЧП.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа, сосем точни се зборовите на Б. Фриер (Bruce W. Frier) дека: На припадниците на пониските [општествени] класи, не им е познато ниту правото – па тие, исто така, се и жртви на социјалната структура која, не само што е прекумерно пирамидална, во нејзината распределба на богатство и влијание, туку е и врзана со груби општест- вени конвенции [и социјални предрасуди]... 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Договорот за вработување се склучува во писмена форма и се чува во работните простории на работодавачот каде што работи работникот, а примерок од склучениот договор му се врачува на работникот – и тоа на денот на потпишувањето (чл. 15, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, кај нас постојат недозволиви случаи на секоегодишно, па дури и полугодишно или квартално, менување на носечките закони кои треба да се „столбови“ на оваа мошне сензитивна егзистенцијална област, и тоа по неколку пати; а, од друга страна, не тече паралелен процес на редигирање и изготвување на официјални пречистени законски текстови на законите кои се рогирани [изменети и/или дополнети] и по повеќе од десетина- петнаесет пати!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На седницата е донесена Одлука3 со која Клуб- кафеаната се дава под закуп 4 во наредните 30 години на Друштвото за спорт и рекреација С.Р.С. ДОО –  Скопје и тоа, како што се вели во одлуката, на „користење за научни, културни и образовни потреби и за изведување на научни, културни и образовни проекти од интерес на РМ“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот може да се огласи за месно ненадлежен само доколку тужениот истакне приговор за месната надлежност во писмениот одговор на тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бидејќи во договорот за закуп не е предвидено извршување на угостителски активности во просторот каде што се наоѓаше Клуб- кафеаната, Митревски и уште деветмина работници кои работеа во таа кафеана, во мај 2006, по наредба на новиот работодавач се префрлени на извршување на работни задачи во битолскиот хотел „Епинал“, и тоа не како угостителски работници, туку како културни работници (работна позиција според новите договори за работа).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Договорот за вработување [кој порано се викаше „договор за работа“] има две подеднакво релевантни варијанти при склучувањето: прво – тој може да се склучи за време чие траење однапред не е определено – во којшто случај станува збор за работен однос на неопределено време; и второ – да се склучи за време чие траење однапред е одредено – при што, тогаш станува збор за работен однос на определено време (чл. 14, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш по приемот на писмено изработената пресуда, работодавачот – незадоволен од истата, преку својот адвокат (Т.Неделков) – поведе второстепена жалбена постапка, но исто така жалби поднесоа и тужителите незадоволни од одмерените трошоци – па предметот беше препратен до Апелациониот суд Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој е ’рбетен столб на човекот, скала на еволуцијата, низ која се отсликува нашиот развој, и тоа многу едноставно!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И во двете димензии романот е еден од најдобрите начини да се види уништување на идеолошкиот универзум, затворен и суров, но без да се каже било што директно, и тоа е што ме воодушеви во ова дело...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми молкум го прими ова логично расудување и тоа можеби беше пресудно што ја купи козата и ги одложи црните мисли за во иднина...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Возбудува фактот дека француската меѓународна асоцијација UCRADEC се грижи за повторно населување на козите на Балканот, со модерна технологија на одгледување, и тоа, поконкретно, во Босна, во Бугарија, во Турција, односно, во нивната „избрана и ветена земја”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од малку нешто прочитаното за историјата на работничкото движење, од малкуте книги во својот кабинет, се обидуваше малку од малку да разбере како можат селаните веднаш да станат работничка класа, и тоа од обични козари, овчари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дотепан со камења и тоа од твоите предци?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Лага е, ми рече по два дена и Владе Кочов, и тоа совпаѓање го доживеав како шок.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бавно, но постојано венееше и тоа сознание всели страв во мојата душа, едно претчувство на загуба, која би можела да биде неминовна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сѐ набабрува, буи, и тоа вознемирува. Се насетува доаѓањето на топлото и раскошното.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никој ништо не рече, само слушаа мртви сериозни и понекогаш мрдаа со главите, и тоа не озгора надолу, туку од лево надесно. Тоа е во Маказар потврдување, а климањето горе-долу, е одречување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чудно, беше доцна, и тоа ме онерасположи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во пантолоните, од повременото потстиснување, чувствувам мала возбуда, ми се поднаполнува раката, и тоа ми е некаква утеха.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од сѐ што кажа уште при првата средба, добив впечаток дека многу знае, и тоа најмногу за настани и личности од нашето подрачје.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Има факти што не можам да ги побијам и тоа го признавам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откога ги слушнав сите интриги од луѓето и, откога ми кажааа дека и тој учествувал во сето тоа, објаснувајќи пред насобраните во дуќанот кај мостот што значи тоа арондација, дека е тоа окрупнување на земјата, спојување на парцели, во овој случај, заради продажба на луѓе од канадската мафија, па уште и дека Никола Поцо бил крвожеден, јас бев наежавен и тоа, сигурно, Владе можеше да го види и да го осети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некогаш, пишуваше тој, половината од нивите, шумите, говедата и овците во Маказар, биле на родот Поцо, но подоцна семејството, или семејствата, осиромашиле, а по Втората војна и тоа што останало, било земено од државата како некој неправедно создаден вишок, кулучко богатство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Го имам предвид и тоа“, рече Владе, „но меѓу хрониките најдов еден исечок од грчки весник што излегувал во Цариград.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
што пијат, едниот слатко кафе, другиот горко, а третиот чај и не јадат сите иста сарма со месо во сооднос 700 грама јунешко, 300 свинско, бидејќи таква му е верата на едниот од нив, па треба да му се испржат јајца и тоа во тенџере, зашто до тавчињата не може да се дојде од многу нафрлани работи,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ароганција е тоа, нема што, и тоа непоправлива. Ама јас дури сега ова последново го гледам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Очигледно сум сакал да ја споделам мојата возбуда и тоа, немајќи посоодветен човек, токму со него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Плитко е она, си велев, по кое не се копа длабоко. Да, ќе копам длабоко, и тоа ме исполнуваше со сила.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На местото на старото црквиче тргна да се гради новата и тоа траеше неколку години.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Крајно изреволтирана, спремна на кавга дури и за најмала ситница, влегувам во автобусот и замислете куриозитет - шоферот ја пуштил The Unforgiven од Metallica и тоа ја рокнал до даска.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
За мене таа поговорка не важи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Па, си реков, не вреди да бидам упорна, тој секако ќе ме игнорира. И тоа се потврди.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ми даде една кутија „карелија“ и ме испрати неколку метри со зборовите –Бесвина се испусти, нишчо не остана од селото... до скоро некој камен од црквата имаше останато, ама и тоа се витоса...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ветерниците некаде служат како украси а некаде функционираат и тоа, главно во растурањето на водата низ густите каналски мрежи по полињата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште при тргнувањето возот доцнеше два часа и тоа време не успеа да го надомести. Во Минхен ја изгубивме врската со Келн.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа е „старежот“, тоа е бит-пазарот на „Капали“, каде што се продава сѐ, дури и отпадоци - ѓубре, па се чини дека може да се тргува и со „ништо“ и тоа да се печали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од секаде се слушаше мајчиниот јазик и тоа создаваше домашна атмосфера во експресот, како тој да ги сечеше австриските Алпи и широките рамници посеани со фабрики од Салцбруг кон внатрешноста на Германија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Магазините, особено големите стоковни куќи прават специјални продажни простории за карневалски реквизити и тоа се рекламира.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Брачната двојка имала незгода со својот „Ситроен“ и тоа им се случило во вечерните часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, важно е дека овој град ви нуди секакава кујна и тоа не само во раскошните ресторани на „Хилтон“, туку и кај малебиџиите и акчиите кои се расфрлани речиси секаде - од пристаништето па сѐ до „Таксин“ и „Ак Сарај“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На масите нашите луѓе се побучни и тоа е невообичаено за овдешните луѓе, кои гласот го повишуваат кога ќе голтнат повеќе пиво, или од она убаво чешко вино „Лудмила“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во овој стар Солун, кој е ист како што бил некогаш, пред многу десетици години, во кој се водела старата трговија на ќепенци на тезги, се среќава еден куриозитет: трговија со отпадни делови на фрлени и катастрофаирани автомобили и тоа од секаков вид и речиси од сите светски марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оние што имаат свои коли, ретко ги возат во градот, и тоа само во итни случаи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во нив се продаваат стари книги и сѐ што е антика во литературата и тоа на разни јазици, па човек може ненадејно да сретне секакви раритети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се враќам по четири месеци, и тоа ќе биде крај на моето печалбарство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Има напишано и две сценарија за документарни филмови и тоа „Бараме леб“ и „Штрајкот на велешките гимназисти“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Линеарноста на алфабетот имала повратно влијание врз мислењето и тоа, самото, станало линеарно (прогресивно) и овозможило постапување со историска свест (односно, во крајна линија, технологија).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се шепотеше дека ќе ги носат во посебни собирни центри за нивни сонародници, кајшто ќе останат сѐ до крајот на војната, но и тоа дека ќе ги однесат на пат без враќање.  Откако фатија да се шират тие гласини, Рашела одново почна да спие дома, кај нејзините.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Да, но...“ „Кој друг говореше во таа пригода?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Тој ми даде поддршка во време на мојот втор преизбор за главен рабин и тоа кога советот на еврејската заедница ја повлекуваше својата...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мојата љубов не можеше да се управи спрема секого, па макар колку тој да жедува, таа си бараше предмет достоен за својот занес и тоа беше нејзино свештено право, пред кое паѓаше секоја предрасуда.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Какво варварство! Да се земе живо дете, да се сошие во кожа на мртовец - и тоа ќе се задуши во тоа старско детство во кое не треба да прави ништо друго освен по сопствената смрт да загорчува други детства.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Мина ли беше? - се возбуди Танас. - Да. И тоа голема ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се согласив. Земав една цврста летва, тој со двете коленици притискаше, а јас сечев со пила.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Две парчиња од метро и пол и две од половина метар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Влатко предложи да пресечам уште едно парче од метро и пол, за на средина, како надолжна оска - за да биде поцврсто. И тоа го сторивме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Анатема
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас, Aehmenia, од Битола, се капам во свети реки, се молам во свети храмови, цел живот излегувам од едно и влегувам во друго ходочастие, штрпкам по некое стракче по камењарите - и тоа е сѐ.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И доколку ме изумиш, доколку сосема исчезнам - и тоа битно не е: јагленот студен - но тој сѐ уште го памети огнот на кој горел...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Кога би смогнал сили, значи, како Буда, и да се втројам ваков - и тоа би било без значење: би се втроил снеможен и - стуштен...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Одговори Откако засекогаш го избриша она што го запишал во песокот пред себеси го прашаа што напишал а Исус им одговорил: јас ништо ниту запишав - ниту избришав!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ти конечно ме бакна, и како и овие дождови и секавици, како и овие ветришта, ме окова за себеси, и тоа што веќе меѓу нас се случи сега и Бог - господ не може да го спречи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И тоа што е избришано најпрво било запишано во вашите сопствени пустини та одговорот во себеси побарајте си го.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас сакам тамо каде ќе речете вие. И тоа за конак. — сполај ви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вие се поисплашите малку, ние го окркаме копанот и тоа затоа да ни биде на двете страни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Илија ја знаеше слабата страна на Толета и го однесе ручокот кај Неда Романова, а за другарите — кај Босеа, бидејќи беа комшии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како „било што било?“ Не разбирам jac тебе!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми се чини Македонците тогаш за првпат се покажаа и како азган пеливани на Олимпијадата во Мексико и тоа можеби нѐ поттикна со поголем занес да пееме мексикански песни
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Авионот ја допре земјата токму кога дисплејот над седиштето покажуваше дека сме на две илјади и шестотини метри надморска височина и тоа беше уште еден знак дека сме живи и здрави поблизу до ѕвездите а ние веќе си знаевме од домашните политички пароли дека и сонцето е ѕвезда.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
оние пак, кои го завршиле талкањето, влегуваат во метрото влегуваат како во олтар од длаборез и уште неседнати почнуваат да 'рчат, 'рчат во сите тонови, мнозина басираат ама има и такви кои фаќаат високи октави, заспаните 'рчат ли 'рчат ама нема кој да ги чуе отшто јапонија да ми ти била земја на затворени прозорци а јапонците да ми ти биле луѓе со затнати уши кои кога се будни во метрото спокојно си читаат додека сонародниците им се дават од 'рчење - ем си 'рчат, ем набрзина каснуваат нешто во сонот оти во кусиот сон има време и место сал за една плескавица (и тоа на месечина) што во мекдоналдсите се нарекува хамбургер.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
„Hello! Hello!“ одговарав и тоа беше сѐ. Со тоа завршуваше... почнувавме да лапаме...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И тоа ми беше некаков живот. Невозможен живот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
УЛИЦА - Улис (т.е. Стефан Дедалус; в. Џојс - Ulissis) не е уличар туку момче што ули (напаѓајќи ги „светите“ нешта!) чар! И тоа е неодоливо заводливо. Тој оди по улица гледајќи секакви лица; ту со поглед ќе улови некаква улка (луда “; или: жена), ту некој улог (инвалид), длабоко улогорен во својата улога. За тоа всушност се работи во тој ултимативен („ултра- модернистички“) роман, клучен во 20 век.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Трпе беше првиот жител од Трпејца кој се појавил на вестите на ТВ и тоа во лоша улога.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тоа беше еден од ретките случаи кога правната држава профункционира и тоа на штета на трпеливиот. Колатерална штета јебига.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ете и тоа чудо бидна. Скопската шмизла да добие свое обележје.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Најголемиот проблем со кој се соочува секој Македонец е тоа што не знае како да се постави и да се спротивстави во случаевите кога е ебан у мозок и тоа соодветно да биде наплатено.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но ако двајца педери посинат дете и тоа почне да плаче за цицка, шо ќе му понудат? - ја запраша Метакот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ѝ заблескаа, како бисери во паметта, и сите денови и ноќи поминати заедно со Крстан и тоа ја занесуваше како сон по голем умор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А пак јас, драги мој, јас ги сеќавам. Да, да, јас ги сеќавам и тоа како.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас испитував двојно чувство: на среќа и тоа проклето писмо...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И тоа време, кога првата мрачка ќе почнеше да се валка низ долината, на Бојан му стана најмило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И тоа - Куршумли ан. - Куршумли ан!? - се изненади Денко. - Така ми кажувале.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И тоа ми е некакво име! - протестираше отпрво таа. - Турско!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не бадијала се вика Карабуниште, и тоа под Голешница, гола планина, ни дрвце ни изворче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На еден од тие летечки состаноци, Баге меѓу другите доби задача да стапи во врска тој и тој ден на тоа и тоа место во тоа и тоа време - се разбира дека не му беше кажано каква ќе биде таа врска, машка или женска, млада или возрасна, позната или непозната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Нема да го пржам, ќе го печам, и тоа на трска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Понекогаш ми се смачува кога ќе видам мешавина од страв и обожување на лицето на народот, толку бесрамен јавен копнеж на стадото за водач, но ако замижам на двете очи, и тоа некако ќе го преживеам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите економски планови, сите планови за стабилизација се овде осудени на пропаст, и тоа со таква сигурност што не се работи веќе ни за пропаст, туку за претстава, претстава која станува конкуренција на фудбалот, самбата, на култовите, на „јого де бико“-то. на okno.mk | Margina #8-9 [1994] 9
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оној, на прагот , се прашуваше, зошто Неговиот двојник што оостана во огледалото Се насмевна, и тоа со насмевка како да простува; Но и со молк што го исмејува заминувањето Сметајќи го за предавство или за грев?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И тоа што, како чистокрвен бел ангорски мачор, слухот не му беше совршен, така што понекогаш, кога ќе го викнеа, во зависност од ветрот, наместо да гледа во оној што вика, ја вртеше главата настрана, конечно неговиот изострен осет за мирис му помагаше за местоположбата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И ова нешто му се случи нему, на ѕидарот, на градителот на куќи, и тоа му се случи во светот во кој живееше, надвор, на периферијата од индустрискиот гигант, во рамното и еднолично село, обележано со вкрстени автопатишта и селски патишта, со бензински пумпи, што беа стратешки сместени на аглите на раскрсниците и трговските центри, таму каде што куќи никнуваа како печурки, оддалечени од нивите за компири.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја исполни чувство на живост, и тоа ѝ влеа чувство на забава и желба да трча и да скока, како што правеше кога беше мало девојче.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пред нас кога блесна Кавала во зорите, Белина од праискони кога ни ги исчисти душите, - Нешто ни шепна морето О, благословени дечиња на мојата татковина, Шепнете го и вие неговото име и тоа е доволно Врвовите на вашиот глас низ иднината.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
До проширување на опсегот на здравствената контрола на 95 која мора да бидат подложни работниците дојде со изменувањето и дополнувањето на ЗБЗР од 19.02.2013 година, според кој здравствениот преглед на работниците опфаќа и анамнестички податоци, статус по системи и антропометрија, односно тука се мисли на проверка на телесната маса, телесната висина и индекс на телесна маса, основни лабораториски анализи и тоа седиментација, крвна слика во која проверка спаѓаат еритроцити, хемоглобин, хематокрит, леукоцити, гликемија, холестерол, триглицериди, урина, шеќер, протеини, билирубин, уробилиноген, седимет, испитување на функција на видот како што е острина на видот на далечина и во близина, аудиометрија, спирометрија, ЕКГ, како и радиофотографија на граден кош која контрола се спроведува само по одлука на лекарот. (чл. 1 од ЗИДЗБЗР/19.02.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во врска со висината на казните следеше нивно намалување и тоа кај сите засегнати страни: работодавачот, директорот, односно одговорното лице и работникот задолжен за водењето на евиденциите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Целосно беа укинати одредбите кои предвидуваа дека одржувањето на расправата е јавно, како и тоа дека по потреба арбитерот може да ангажира вештаци (чл. 29 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
„Е да ми простиш, и јас се имам посрано в црква, и тоа сигурно пред тебе“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нешто некаде ја носи, ја носи, ја носи низ некое темничиште, како низ некој тунел, а некаде таму, отаде, на другиот крај од тунелот зрачи некоја светлина што се лачи во меко сина а силно виолетова, и тоа ѝ влева надеж, па сака што поскоро да се најде на другиот крај од тунелот, во светлината каде што Пандо нејзин сигурно ја чека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И токму кога сакаше Филозофот плочката врз првиот збор да ја залепи, да ја допре, па и тоа последно, а прво во текстот зборче, јас што се вика, верно да помине во умножението, ровја од ведро небо удри во врвот на планината и силен блесок видот ни го помрачи на сите; и потем земјата ужасно се затресе, и се тресеше долго; ужасен облак од прав се крена и сосема се замрачи небото, и сонцето на него се зацрни како точка црна, како јагленче, како црн пајак вознемирен кому некој мрежата се обидува да му ја раскине, да му ја помести, да му ја ороби, да му ја украде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Миракула Божја го поштеди Филозофот, и тој слезе меѓу нас, на земјата што бевме, и рече: „Сѐ е умножено верно и добро е умножението“. И тоа се случи патем.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби тоа беше утеха која го редуцираше целиот свет, го сведе на една точка; можеби тоа беше психолошки механизам со кој мојата машка повредена суета се бранеше од реалноста; но можеби таа опсесија беше, и тоа сега првпат отворено ќе го кажам – остаток од некој мој претходен живот, од некоја моја претходна инкарнација.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Небото, земјата, морето, целиот овој свет е голема и преславна книга Господова во која со молчење ни се открива проповеданиот Бог, оти сѐ што може да се види е сведоштво за невидливото“, рече, и тоа очигледно остави силен впечаток врз логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Инаку, како беше можно да се објасни еквилибристиката на шеесетгодишниот алкохоличар Роналдо Гонзалес, кој одеше на една нога по жица, со жена на грбот, или трапезистичките точки на Ина и Светлана Коленина, вратоломните фигури на групата акробати од Латвија, или пак фигурите на жената од гума – Аманда Заморано, што можеше да пуши цигара со нозе, и тоа свиена во половината преку грбот, легната на стомак?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Очите ѝ беа насолзени; Луција плачеше, и тоа веќе го забележуваа и другите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вистина, остана еден печат на преуранета зрелост на нејзиното лице, што пред тоа го немаше, една одвај видлива сенка на староста, прв бран на созревањето, и јас знаев дека тоа веќе не е онаа моја Луција од разбојот, од гимнастичката сала, тоа златно дете чии носници се ширеа по доскокот како кај уморно но весело коњче; но бев среќен што тоа е сепак Луција, макар и една друга Луција; ми се чинеше дека сум задоцнил, дека нешто ми е одземено од првата за да ја добијам оваа втората Луција, но мојата љубов во ништо не се менуваше; дури може да се каже дека сега во оваа Луција ја сакав и претходната Луција, и сегашната; јас сега сакав две Луции, и тоа беше невозможно да се поднесува без допир со Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако кажел тој: записот значи тоа и тоа, одајата веќе немало да има клучалница, и секој ќе можел да биде сведок на блудот негов!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И откако тој запишал, се вратиле коските назад во ковчежето и тоа засекогаш се затворило со таква сила што веќе никој не можел да го отвори, да го отпечати.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тоа ми беше доволно, за да заспијам во нејзиниот скут.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Само за нокте едно помести го средето на светот, и тоа веќе не е среде, и писмото тајно се брише, не се виѓава. Сѐ што гледаме сведочи за невидливото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Цената на сознанието беше губењето на рамнотежата, и во таа точка јас таа цена одбивав да ја платам; се грижев за рамнотежата, а не за неверството на сопругата, и тоа беше она што беше – смешно!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Јас можам во твојата приредба за здравиот народен дух да влезам само во паузата, и тоа ако бидам доволно смешен?!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас не сум уште неатрактивна, но знаев дека не сум онаа Луција што бев, и тоа беше сосема нормално, оти јас, за разлика од Јан Лудвик живеев во светот во кој времето течеше, и сѐ беше предвидливо, дури и бавното доаѓање на староста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но и јас бев решен да одам до крај. И тоа и го сторив. Многу бргу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еве, и пред тебе ќе ги повторам сите поединости од моето однесување во врска со настанов, и тоа по редоследот на случувањата! А ти, ислушај па пресуди...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Паметам кога ми рече: „Објавувајќи го гревот за божји закон, итрите и имашливите настојуваат да се заштитат од лакомоста на својот ближен“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Турчинот што го поседувал тој дел на полето по Балканската војна заминал за Стамбол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја тепал жената со стап од врбово дрво и тоа по дебелите меса.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми седнала на седлото пред војникот а коњот во кас го пресекол полето и тоа по оние тесни селски патеки по кои и воловските двојанки многу ретко заскитуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Син ми како да се беше вратил од далечно патешествие, и тоа лично а не неговата сенка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но што да правиме кога на луѓето им е во крвта да се бават и со мудростите онака неодговорно како што го прават тоа и со глупоста!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа наеднаш... немаше сили да признае дека и тоа било само попуст обид.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не стануваше збор за некакво женирање. Или сомневање во желбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во размислите, и тоа гласно, постојано расоблекуваше понекоја од ќерките на развластените и имашливите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А да не зборувам за тоа дека требало и врата да се искова за да можат да ме стават пред црквата рано в недела и тоа по пелени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во Германија го чекала некоја русокоса.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тоа во недела наутро. Бев таму и ја разгледав населбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку лично јас, во врска со гревот, одамна го имам прифатено објаснувањето што ми го даде, уште во српско, и тоа без секаква надокнада, писарот на нашата општина, (она, дека гревот е измислица на итрите луѓе).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најмалку што можев да помислам беше, дека Иван се врати или ми го враќаат за да ми го испитат паметењето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти го тврдеше тоа или само се поигруваше со своето знаење за да ме спасиш од гилотината и тоа со единствена цел да можеш сега вака да ме навредуваш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А само малку подоцна, она што го беше рекол дотрча да го одрече Мал Борче.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем што може тој да открие во онаа неподвижна темнина зад прозорецот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од многу причини највистинита ми се чини приказната на четвртиот глас: дека мајка ми можам да ја пронајдам само помеѓу девојките од Горномаалските анови, каде што сум била заборавена, но само од мајка ми а не и од другите девојки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, кај водениците и во Бањи со Иван разговаравме за сешто, но овде, во градов, разговаравме најмногу за школувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Левата рака на војникот со која ѝ ја опфатил половината, ја носела кон благите падини од каде почнувала планината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Иван му ветив дека лично ќе се заземам околу префрлувањето на пензијата на мајка му на негово име, а му ветив исто така дека ќе се распрашам под кои услови може да добие и стипендија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па кажете ми сега, со каков изговор ќе можев во мојот дом да не го прифатам детево, им се обраќав во мислите на милиционерите?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сфаќам зошто токму таму ме оставиле и тоа пред портата на црквата, која и не постоела кога сум се родила.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А реков, нели, кога почнале да ја градат црквата веќе сум шетала негде и тоа по фустанче! Иди па верувај им на приказните!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали и забележуваше само на својата лековерност и поводливост кога тргнала по младичот кого речиси и не го познавала?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа всушност беше последниот наш разговор во кој сакав но не смогнав сили да ѝ речам дека сум подготвен да го прифатам на себеси татковството на Иван и тоа не само како мое лично признание за тоа колку ја ценам, туку и заради една друга причина, што за жал немав сили самиот себеси да си ја признаам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Божем жена му лично дошла кај секретарката во кадрово и си го кренала здолништето за да ја запознае лично секретарката Соња со кадровските умеења на нашиот кадровик Кире!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кај берберот Среќко го слушале како ломоти (и тоа после онаа ноќ што ја проведе со мене) дека за прошетка се подготвува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Денес тие дебели капиталисти не се стеснуваат да тврдат дека било насилство и грев претресувањето на нивните визби и килери, а додека се богатеа…“ се перчеше тој.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но иследник е премногу возрасен за да ги практикува ваквите игри.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека бевме во Бањи беше спомнуван татко му, Иван потпрашуваше, но овде, во градов, не верувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ДАСКАЛОВ
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Точно вака гласеше мудроста што ми се откачи, и тоа во миг на невнимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Да... само забораваш дека потоа наиде и онаа Стојка, или Стојна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Спомнав некои моменти од заминувањето на мајка ми кон планината што можеби нѐ приближуваат кон нејзината патека на вистината, но сепак никогаш не сфатив кон кого беше упатен оној нејзин прекор, (за грдотиите и убавините на животот) и тоа изречен толку отсутно, без секаква врска со претходните размисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во летните вечери, под Сина Скала, во потокот, некогаш одамна, упорно настојував и тоа не само со погледот туку и со прстите да им се приближам на звездите за да утврдам дали навистина се движат по дното или само ми се причинува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
КАТА: (среќна). Поарно си направил што си ги донесол дома, и тоа злато.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тогаш го читав Том Соер. Немирното, бестрашно Американче предизвика кај мене нешто дотогаш непознато и јас на Бата му ја преприкажав содржината на Димовите Тројца мускетари и тоа на најизвртен начин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој женски ред-занаети со сновалка ѝ даде и тоа беше негов дар.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Јас само не сакам да го усмртам вашиот син и тоа е сѐ. Затоа сум овде.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Беше чедна, внимателна, но во моето срце немаше место за двајца и тоа таа го сфати.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Ти и твоите рокери многу повеќе го истакнувате првото лице множина! - И тоа ти пречи?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа, морав да го приготвам ручекот, и тоа со настинката што сѐ уште ја влечам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Такви бевме и тоа го признаа и противничките генерали кои во своите извештаи, мемоари и воени бележења напишаа дека – нофитите – значи Македонците, се борци со силен дух, голема физичка издржливост и над сѐ многу храбри борци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Весникот „Елефтеротипија“, на 7 јули 1959 година вака напиша: „Во селото Каридја,16 во околијата Птолемаида, во дворот на основното училиште се собраа сите жители од селото и откако се одржа свечената богослужба, тие дадоа заклетва дека во иднина нема да зборуваат на словенски дијалект и тоа во секое место и во секое време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тоа што остана, а малку беше способно, го собираа и одвај чекаа некој да потпорасне и во бој.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сфатив и тоа зошто Марина беше таква во сите овие денови.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Првите две години од училиштето ги завршив со одличен успех, и тоа така мораше да оди и понатаму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кутрата Марина! Како ли ќе навикне на оваа туѓа жена, која треба да ја замени мајка ѝ... и тоа толку брзо, на маќеа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Зарем ќе биде наставник и тоа во нашето училиште?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Татко ѝ беше толку многу зафатен со работа, што таа скоро не го видуваше ниту еднаш неделно и тоа ако појдеше кај нив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа потоа молчеше ден или два, а потоа одново бараше да оди дома. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една девојка, чие име не го знаев, ги размрдуваше рамената и замавнуваше со рацете како со крила, и гледаше некаде кон покривот на болницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Навистина ќе ме пуштат,“ и тоа го повторуваше како некоја утеха – како кога дете повторува некоја лага не за да поверува во неа по постојаното повторување, туку за да не мисли на вистината. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Во ред. Ќе ве пуштиме. Само да заврши прошетката по парков, и ќе ве пуштиме.” И тоа ја смируваше Криста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Штом ќе излезела од храмот променета, просветлена и ведра, благословена од Бога, почнувала со секојдневното сновење: од чистењето на храмот и на иконите до спаструвањето на пилињата и на кутрињата, од тимарењето на кравите и на телињата, до последното скалило на камбанаријата итн., и тоа со ред, со усул, без тегоба, без жалба, без замор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Горно маало на Долно маало жените им ги дупело, Долно маало на Горно маало ќерките им ги пупело!!? А слобода е, и тоа каква слобода!?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не треба да се заборава и тоа како се изразуваа во европските весници за битките на четите со Турците: четите се викаа банди и тоа бугарски, а не македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јагиќ беше наклонет кон посебноста на македонскиот јазик и тоа и јавно го изрази во една своја статија во виенскиот весник „Die Freie Presse” во времето кога Мисирков беше уште во Битола, којашто предизвика остра реакција на Балканот; особено во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
147. Македонија под српските кралеви, особено под Душана, имаше полна самостојност во внатрешните работи и тоа таква со каква што не се ползуваше ни еден друг дел од големата империја на Душана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турчинот ќе ни дојдеше во куќата, ќе се најадеше, ќе се напиеше и ќе ни речеше: Бре ѓаур! ај донеси ми тоа и тоа! – ќе му одговоревме: Сега, беим!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И за тоа престапно поведение се прави сега виновна Русија, и тоа официјална Русија што немала ништо заедничко со нејзиниот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
45. K. Мисирков сосема правилно, пет години пред Ј.Сандански, и тоа со комплексна разработка на прашањето, го согледа значењето на зачувувањето на целоста на Турција за безбедниот национален развиток на македонскиот народ во извесен период.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
154. За првото еве што може да се рече: Македонците сите заедно се викале Срби не повеќе од педесет години, а во некои делови, и тоа во северните, нека било сто и стопедесет, но не и повеќе години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така: стремежот на Македонците да си создадат свој културен центар; тоа што сега Битола се прави престолнина на Македонија; што Битола, Охрид, Прилеп се историски места за Македонците; како и тоа што составуваат тие географски и јазичен центар, – сите заедно прават да се прифати како општ македонски литературен јазик централното македонско наречје.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се однесуваме со презир кон народниот наш јазик, ние само им враќаме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно духовно гледање и воспитание. – Ние имаме и право, освен долгот, да го браниме нашиот јазик и тоа право ни е свето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но точни и проверени информации се добиваат при многугодишно упорно работење, и тоа кога се работи со свеста дека со работењето се исполнува долгот кон татковината и кон својот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа блискост на едно наречје се пројавува, од една страна, кон сите други македонски наречја во општите фонетски или звуковни, морфолошки или формени и лексички или зборовни особини; од друга страна, секое наречје е најблиско до неговите соседни наречја, имајќи со нив општи особини што се немаат во пооддалечените од него други наречја, и тоа западниот дел од наречјето е поблиско до неговиот западен сосед и со него тукуречи се слеваат, источниот до источниот итн. и така наречјата како да се врзани едно со друго како колцата во еден синџир.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Народниот идеал се применува според историските прилики, и тоа што денеска било народен идеал - утре, по неговрто осаштествување, ќе му отстапи место на друг, за кој понапред малку се мислело.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најмногу што може да биде тоа е – европска конференција; но таа конференција не може да се зафати порано од пролетта; и тоа тогаш ќе се зафати само ако востанието тогаш биде посилно од сегашното.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарското име меѓу Словените беше популаризирано од Грците и тоа првин ги означуваше само Бугарите – Монголите, после нивните воени сојузници, после бугарските поданици и најпосле стана етнографски термин за бугарските Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не е извинение за бугарскиот народ и тоа што недостојните дипломати ѝ припаѓаат на оваа или на онаа партија и кнезот се ползува со повикувањето на власт, по лични наоѓања, ту една ту друга партија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додадете кон тоа дека српската надворешна политика е установена, како и тоа дека имаат тие и цел ред други, освен споменатите дипломати, и ќе разберете зошто ракополагањето на Фирмилијана е победа на српската дипломатија и пораз на бугарската; победа добиена со свои, т.е. српски сили, а не нешто наврзано од Русите; поразот пак на Бугарите е резултат на немањето бугарски дипломати што да ги разбираат бугарските интереси и да ги заштитуваат со авторитет и знаење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
95. Значајно е што и Мисирков меѓу највидните македонски револуционери, и тоа „сепаратисти“ (со смислата што му се даваше на овој поим во тоа време), на прво место го поставува Гоцета Делчев, независно од тоа што овој не стигна да се изрази и јавно како „национален сепаратист“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со тоа име ќе се наречеше некој од Словените ако требаше да се различи себеси од некој Романец или Германец, и тоа не секаде само тоа се употребуваше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Залудно е да го стега перото, залудно е да зјапа во месечината, оти канџите на Нечестивиот му се закачија во срцето и тоа сега крвавеше со сомнеж, со тага и со безнадеж.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Зошто пишувам? Зошто им пишувам?!!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Воопшто не ни е важно дали актерот го знае методот на Меерхолд, познат како биомеханика, методот на Брехт што се огледа во подготовката на актерот за епскиот театар, визијата на Гротовски за театарот како уметност на актерот, антропологиските истражувања на Барба, обидите на Брук да го направи невидливото видливо и тоа преку актерот...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На крајот, кога се запозна со ансамблот (со старите и младите, уморените и орните за работа) им кажа дека театарот има прекрасно бифе, а потоа го додаде и тоа дека Оскар Вајлд е негова стара болка и дека е многу среќен што ќе го инсценира неговото дело „Важно е да се викаш Ернест“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
НЕДА: Нема ништо. Денес нешто ме боли главата и тоа е сѐ.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ми се чини дека еднаш - и тоа категорички - Ви забранив да се виѓавате со Вашата сосетка? Уште повеќе да ја примате - овде!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Ти си пијан. И тоа многу. (Го отфрла Фезлиева од себе.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
До пред малку мислев дека станува збор само за тоа како најефикасно да се убие Ѓорче Петров и тоа навистина не ме засегаше.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: (Резигнирано.) А ти си будала. И тоа многу.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А полноќ е и сигурно сега и тоа куче ќе стигне дома и за да ја граби...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не, не, сепак раѓањето е поедноставна работа. Детето излегува, или на сила го вадат. Се јадат мекици. И тоа е тоа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На мажите повеќе им лежеа глаголите, и тоа неповратните, нерефлексивните - со исклучок на „ми се може“, кој и онака тешко може да се вклопи во стандардните речници.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Апатија, хероин, злоба, завист, пакост, “усмена трач литература”, перфидно или брутално (бирај) сјебување на било каква иницијатива за подобро, и тоа обично од оние првите до тебе, павловски истренирани да ги вадат своите бедни ножеви на било кој обид да се прекине инерцијата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Брат ми зборуваше и тоа сѐ наврекнато уште десетина минути можеби, навистина не знам точно да ви кажам, оти баш за тоа време воопшто не бев при себе, како некој друг да стоеше место мене заглавен во незгодата и асфалтот но, кога малку дојдов на себе, во мислите ми се заврти филмот за овој човек овде што ми викаше, и мислам, почнав да размислувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа, додека да се сноќи, откако ќе ручав во некој од рестораните за самоисхрана, се врткав низ градот и тоа беше мојот најздодевен, најубиствен и најомразен дел од денот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Беше чисто испрана и тоа тука можеше многу добро да се види.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од нив сега наеднаш беше исчезнато сѐ друго, беше еден судбински миг кога беа само со овој човек пред себе и тоа беше едно такво чувство, цело, како јаболко, а беше и некаква измореност, која израснува во задоволство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше еден огромен самјак, еден таков, за кој долго се прикажува, замина нагоре, решен да му ја вади душата уште со едно прогонување, а можеше да биде задоволен со тоа, што сега не ќе може да му ја измеша дирата со некоја друга дира, што ќе ја сретне, затоа што тој беше бележан, и тоа добро бележан, како што се чинеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури тогаш се осети, заздишен. И тоа можеше да биде причина за да ги загуби, онакви воздушести и мирни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Црвениот лав на сонцето играше околу нивното градилиште, а сите мајстори сакаа да се довикуваа со онојго, со Ристана, и тоа беше еден живот, во кој не постои ништо друго, освен тој празник на градењето. Радост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Освојуваше чекор по чекор од таа белина и тоа сега никој не можеше да му го расипе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа отворање на неговата семенка и тоа негово подавање низ нејзиниот процеп.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кај него беше и тоа бунило, како што беше најсилно и сѐ друго, и машкоста, и инстинктот со најмалку напор од сите да изнајде нешто, со што ќе ја засити и својата глад, а и гладта на другите, со крвавите остатоци зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа, оти го погоди, и тоа, што беше сигурен дека оној беше погоден, сега беше сосема сеедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Самјакот, сиот крвав по целата страна на левото бедро, сега се судруваше очи в очи, и тоа беше страшно, но беше и право.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И којзнае по кој пат по неговото синошно враќање, но сега сосема одредено како мисла, додека стоеше на прозорецот, заталкан со погледот по топлата виделина на денот, од која снегот добиваше мекота на нафрлан памук, во неговата свест проструи и тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко во тие очи сега можеше да ги види сите понорни далечини, што стоеја меѓу него и тоа малечко, кревко срнче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко знаеше многу ловци што ги вабат. Сега можеби би било добро и тоа вабање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислеше на маѓијата на сите дивинки да се враќаат секогаш на она место, од каде што си ги скорнал првпат, но и тоа го стори повеќе како да се шегува со себе си, бессилен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе пукаме само еднаш, и тоа е сега сѐ, што имаме, и сѐ што ни останува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние луѓе гледаа да го искористат кусото време на одморите за да ја заситат малку својата глад, а тој - за да поработи, и тоа се повторуваше секој ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ до оној ден, веднаш спроти почетокот на Војната, кога Језекил судбината му завиде и на тоа, што му го имаше делено толку скржаво, и посегна со својата неумолива рака и тоа да му го земе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Идеше кон него, како виулица, начекувајќи го во единствениот миг, кога тој не беше сосема спремен да го пресретне и тоа беше една можност, со која што оној се ползуваше, а тоа беше нешто, што си беше сосема во правина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога огнето ќе ја надминеше таа граница, тој ќе го распреташе и тоа стануваше пак онака тивко и затлеано, како питом, мачор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но привеал филан и филан и тоа е вредно да се знае...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Старчето имаше сува коскеста рачичка и стегаше со неа тврдо, а потоа и тоа замина, оставајќи му го својот студен мртовечки стисок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега тоа старче си имаше и нова куќа, како и сите други бригадири, како сите братучеди и чичковци на Претседателот, а во секоја соба и тоа имаше по еден персиски килим, по еден од оние, што ги ткаеја девојките од нивното село во текстилната бригада на Задругата, никаде непрокнижен, напросто земен и однесен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, кога веќе го откри, избегни го она клекнување, за тебе и тоа би бил преголем напор, - низ смеа му одврати Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одамна ниедна од сосетките не ѝ отвораше врата. Велеа дека е вештерка и тоа од уста на уста се пренесуваше низ сокакот, па и пошироко. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А нему му е потребно сега да си влезе во магазинот без да го забележи тој тамо. И тоа е сега негова грижа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како глувци ќе се издавиме, и тоа на крајот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тромо се влечкаат затворениците - излегуваат и влегуваат, и бараат шегаџии и веселници во другите кауши, да ја убијат здодевноста и тоа неподносливо вгледување во себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Малото полека го спуштив во водата и тоа преташе весело, а таа, со клатење налево - надесно, се преврте на грб и со едната нога го јавна овој нејзиниот, па се исплашив дека ќе му напукне бутна коска и им го подадов Барбариче... и, кога првата капка ја допре, таа веднаш го прострела со поглед и навежбаниот се исправи, го грабна детето и го свитка во бањарка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„А, и сигналот овде е каде, каде, подобар на телевизорот, и тоа со обична антена, нели Гого?“, му се радуваше Кизо на приемот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мадам Рада Мојот практичен ум цел ден ме тера да мислам дека можеби е време, и тоа крајно, да вметнам нова шифра на дејност во мојата фирма загубар, која нема да бара многу средства за вложување, а маркетингот ќе го прави самата задоволна клиентела, по принцип „од уста на уста“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За помалото и поголемото Немаш дечко, немаш, па одеднаш – оп, две прилики! И тоа добри. Едниот од Танзанија, другиот од Танганики (ако постои таков географски поим).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како сега на детето твое да му носиш секој ден „Милка“ чоколада, ама од 300 гр., и тоа со лешници! Ова колку за споредба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И тоа ме спаси. Ја погодив лозинката.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Значи, пижами во спална се строго забранети и позади таа врата е дозволена само ноќница, и тоа кратка, многу кратка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, бидејќи ме чита дека мислам оти не е фер, тој се обидува да се оправда: „Дете, јас не им штетам, тревите секако ќе им помогнат, па ти не знаеш дека барем пола од нив се враќаат да ме почестат бонбониера и тоа од оние скапите, ’Гриоте’ и ’Бајадера’, полн ми е подрумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Е, ај кажи како се прави шопска салата!“ И им кажав. Ако е за гости, ги прашуваш дали јадат кромид, дали јадат луто... и го сечеш патлиџанот на коцки, ставаш краставица, пиперка, кромид на кругови и сирењето на ситно го рендаш... И тоа...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И секогаш се плашам дека, оваа што има документ со печат за врската, ќе си го заборави клучот и ќе се врати за да го земе, ама ете госпоѓата е многу добро организирана и кога го напушта својот топол дом со список за неопходните работи, како клуч од автомобил, пудра течна и влажни марамчиња, не сака никакви изненадувања и тоа ти е!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само најхрабрите, и тоа само за облог, или само кога одеа на лов на диви пајки и жерави.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беше колку примитивен толку и ритуален лов на врапци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Планот му бил да овега, на Партениј, и тоа отпосле се дозна, кога ќе бидат готови, соѕидани општината и училиштето, да дојде во Потковицата и ако не се согласи Максим милум и за поткуп, со сила да ги освети пред да го стори тоа некој егзархиски свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И додека му се случуваше тоа, пропаѓањето во живиот песок, и тоа, изгубеното око во боевите, му плачеше, од под црната преврска прудолу по лицето се тркалаа крупни солзи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зарем стрико Анѓел нивни не го изгуби животот на свето место, на Алилово, и тоа токму на прв ден Водици и борејќи се за светата наша славјанска црква.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги ловеа и ги убиваа, и тоа само во врска со божиќните празници, врапците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На собранието беше потпишана молба, и тоа со одушевување и од сите присутни, па возбудата се пренесе низ цел град и радоста беше бескрајна поради еднодушноста и премавнувањето на разногласијата, зашто не само Власите туку и сите други кои се спротивставуваа спремно се потпишаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
После, ко се разјасни сѐ во врска со Тодета и неговите, се дозна и тоа кој бил умрениот. односно која била умрената и зошто така, не по христијански, ја закопале.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тоа на почетокот со дикат, да не си ги искрши забите пред да се разџвака мастиката.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ја прилепиш до грнето, вели, и тоа цел ден ќе врие, ќе поткашлува како стар човек, поднастинат, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе зинам пак да викам, вели, и тоа е некое празно место, кај што никој не поминува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А те плаши и сонцето, кога е големо и кога припекува. И тоа може да истера на дожд.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа што не гледаше и тоа што одлета, рече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А сонцето си стои на средина од небото, не се помрднува. Само те толчи со петицата. И тоа врши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што паѓам вреснувам и тоа пак ме разбудува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кладенчето си ромори, како и тоа да сака да праша нешто за мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Во матната сум, велам и тоа што го правам и душманот да не го прави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што сакаш да направам, велам, и тоа малку ќе се успокои, ќе се уталожи од гласот мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, времето не врви само кога имаш мака. Кога ќе ти позацелат болите. И тоа е јуда. Ти бега како вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Станувам, го запалувам кандилото и тоа пред мене, јас по него, слегувам долу низ ќепеник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Плаче, така во себеси, речиси липа, вели, и тоа липање го слушам како мјаукање на мачка, качена на снежен покрив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лошото не стои само во еден човек. И тоа ги менува луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прво, тоа никогаш го немаше правено, а од некој имаше слушнато дека човек може да се исповрати од консумирање на марихуана. И тоа на лице место.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Целиот разговор наликуваше на посета на стар и заборавен роднина, полн со непријатни паузи, и прашања, и тоа од оние колку да се врти некој муабет, во најголем дел поврзани со нивните другари од гимназискиот клас.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Момче, верувајте ми, сега не смеам ништо да ви кажам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Сто и педесет рубли за шинел! – извика кутриот Акакиј Акакиевич, можеби за првпат откако се родил, зашто секогаш се одликуваше со тивкост на гласот. - Да, рече Петрович, и тоа зависи каков шинел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе ја направам од железо и тоа ќе биде највисоката кула во светот“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури и во оние часови кога наполно згаснува петербуршкото сиво небо и целото чиновничко племе се најало и завршило со ручекот, кој како можел, во сообразност со платата што ја добива и со сопствената желба,  кога сите веќе се одмориле од канцелариското чкрипење, трчање, од својата и туѓата работа и од сѐ она што доброволно, дури и повеќе отколку што е потребно, си го поставува никогаш несмирливиот човек – кога чиновниците брзаат да се препуштат на уживање во преостанатото време: кој, од поиницијативните, брза в театар, кој в град, да го потроши времето за да се изнагледа секакви шапчиња; кој на вечеринка – да го потроши на комплименти на некоја згодна девојка, ѕвезда на неголемиот чиновнички круг; кој, и тоа се случува најчесто, оди едноставно кај сличен на себе на четвртиот или на третиот кат, во две помали соби со претсобје или кујна и со некакви модерни претензии, ламба или некој друг предмет, што чинел големи жртви, лишување од ручеци, од излегувања, – со еден збор, дури и во тоа време, кога сите чиновници се губат по малите станови на своите пријатели за да поиграат бурен вист, сркајќи чај со евтини кекси, повлекувајќи чад од долгите чибуци, раскажувајќи за време на поделбата на картите, некаква интрига што стигнала од високото општество, од коешто никогаш и во никаква состојба рускиот човек не може да се откаже, или, дури кога нема за што да се зборува, прераскажувајќи ја вечната анегдота за командантот, кому дошле да му кажат дека му е потсечена опашката на коњот од споменикот на Фалконе, – со еден збор, дури и тогаш кога сите се трудат да се забавуваат, – Акакиј Акакиевич не ѝ се предаваше на никаква забава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А јас, ете онака, Петрович... шинелов, сукното... еве гледаш, насекаде на други места е сосема здраво, малку е правливо и изгледа како старо, но ново е, само ете, на едно место малку е онака... на грбот, а еве уште и на рамото, на едното рамо, малку се излити, а еве и на ова рамо малку – гледаш, и тоа е сѐ. Нема многу работа...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислам на тоа како светот е само екран, а ние глумци или гледачи, сеедно, некој сигурно нѐ режира, и тоа е, впрочем, сеедно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
29 Франц Фенон проповеда - и тоа со каква жестокост! - отфрлување на Европа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во него владеел чист, исклучително достоинствен морал и тој формулирал голем дел од десетте заповеди, и тоа во време кога народите кои ѝ припаѓаат на денешната цивилизација, сѐ уште им принесуваа човечки жртви на крволочните идоли.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Па, не се удавив, а можеше и тоа да се случи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Си успеал да ја промашиш провалијата и тоа ти дава огромна надеж.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Денес бескрупулозно ми беше одземена. И тоа во полиција.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако се научници и имаат уметничка надареност, сепак се насочуваат кон науките и тоа природните.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Му благодарам, сепак, за финиот помин. И тоа мораше да заврши.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А каква каузална форма презема имплементирањето е ирелевантно, и тоа сѐ додека тоа презема каузална форма.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А кога таа повремено ќе направеше обид да се помрдне кон едниот ѕид на куќата или плевната за да шмугне крај него, и тоа се помрднуваше на таа страна за да ја спречи да му избега и за полесно да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Турските називи и натаму се употребуваат за неколку алкохолни и безалкохолни пијалаци, како на пример: ракија (од арапски raki); анасонлија, вид ракија со анасон (од турски anasonlu); мастика, вид анасонка (преку грчки mastika); шира (од персиски şira).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И за означувањето на неколку млечни производи се употребуваат и денес, и тоа постојано, неколку заемки од турскиот јазик: кајмак (турски kaymak); јогурт (од турски yourt).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го говорев и тоа што беше напишано и тоа што никогаш не ми паднало дотогаш на памет. - Ох, молчи, молчи, брану див, кажи во овој случај кој е прав, кој е крив, - и, се разбира, вчас стивна бранот, настана една долга пауза, крајбрежните води тивко шумолеа, божем, го предеа платното на вистината, бело, а отровот, невистината се претвораше во малечки, црни меурчиња што ништожно умираа на брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа време, признавам, сосема малку зборови знаев, и тоа сѐ некои лоши зборчина што никако не можам да ви ги соопштам, бидејќи сега им го знам нивното подлабоко значење.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Власта осудила на доживотна робија дете од десет години.“ „Зарад криминал?“ „Не зарад неморал.“ И тоа не беше сѐ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Така да реши да се запише во истиот хор и тоа го направи уште истиот ден.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ќе мора, без пардон, да се измолкне од ланецот на патријархалниот дух, со којшто е „вланчано” ова општество, мора посмело да го истакне своето природно право, и тоа на живот, нов, сложен, богат живот, со сета уста мора да објави „Да живее животот! ”, на тој начин заглушувајќи ја страшната старечка коскена треска од која чкрипи, штрака и одекнува, со својата последна сила, „Viva la muerte!”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За мене самиот поим е еден помошен израз, и тоа повеќе за опис отколку за категоричко именување на новата историска состојба; повеќе демократско двоумење на самиот поим самиот во себе да се утврди, отколку некаков недвосмислен знак, симболички орден врз шинелот на историското време.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нашите постари ја одбија поделбата и тоа е нормално...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не можеше мигум да ја разбере причината на моето присуство на свеченоста и тоа во редот на амбасадорите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинскиот лидер го поведе во борба својот народ во дотогаш невидени услови во секој поглед во однос на другите ослободителни движења во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но јас силно го чувствував притисокот на изгубените клучеви кои како да ја отвораа вратата на лавиринтот. Но и тоа мина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На прв план, палестинското прашање ќе се најде поврзано со еврејското прашање и тоа со трагично минато во кое се мешаа политиката, историјата, религијата и многу митови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинците останаа речиси без половина од територијата која ја населувале со векови, биле протерани од нивните земји и од нивните куќи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Впрочем, не се жртвуваат брак и деца за да можеш да ја изразиш својата креативност, ти веќе си создала нешто, си создала деца и тоа е твојата креација за која си се определила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И тоа беше ужасно опасно, но во просторијата барем немаше телекран, во што се увери уште кога влезе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во рок од една - две секунди, разменија еден двозначен поглед и тоа беше крај на приказната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така, Партијата го отфрла и осудува секој принцип за кој првобитно се залагаше социјалистичкото движење и тоа го прави во името на социјализмот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но беше и гладен исто така, и тоа гладен на некаков разјадувачки, нездрав начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Точно е дека нашето општество е поделено на слоеви, и тоа мошне строго поделено, и по линии кои на прв поглед изгледаат како да се наследни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но чудно беше тоа што иако Голдштајн беше омразен и презиран од сите, иако секој ден и тоа по илјадапати на ден, на платформите, на телекранот, во весниците, во книгите, неговите теории беа побивани, уништувани, исмејувани, изложувани на погледот на јавноста како бедна бесмислица - наспроти сето тоа, неговото влијание изгледаше како никогаш да не се намалува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тоа, исто така како да доаѓаше некаде надвор од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тоа со причина, зашто одвај минуваше една недела во која „Тајмс“ не објавуваше по некоја вест во која се опишуваше како некој мал прислушкувач - „дете херој“ беше фразата што обично се употребуваше - наслушнал некоја компромитирачка забелешка и ги пријавило своите родители на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој виде пет прсти и тоа без никаква деформација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никогаш не го сакал толку длабоко како во тој момент и тоа не само затоа што ја прекина болката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Слични отвори постоеја на илјадници или десетици илјади низ целата зграда, и тоа не само во секоја соба, туку на куси растојанија и во секој коридор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тоа не беше повеќе оној тежок несмасен ракопис од порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тоа не во индивидуалниот ум, кој може да прави грешки и кој во секој случај брзо исчезнува: туку само во умот на Партијата, кој е колективен и бесмртен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Ќе можев да го поднесам дури и тоа, да не беше само уште една работа“, рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Признаваше сѐ, дури и тоа што беше успеал да не го каже под тортура.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Туку и тоа дека никогаш не смее да се признае никаква промена во доктрината или во политичкото врзување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тоа многу“, рече Винстон, сфаќајќи веднаш кон што води тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон беше сам во ќелијата и тоа со часови сам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се состоеше од фалсификување на една серија од производствени извештаи од пред две години и тоа така за да се наруши угледот на еден истакнат член на Внатрешната партија кој во моментов беше во немилост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некогаш даваше и на вересија, исто како и Марко, гледаше и тоа робот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше време кога рисјаните ги беа веќе платиле арачот и сите други давачки, та малку се беа олабавиле и тоа Петре го сеќаваше по сѐ низ чаршијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ние, легнати во стоговите сено, вели, пред да заспиеме, го слушавме тоа фркање и тоа 'рпање и гледавме горе во ѕвездите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Работев на документирање на Долнец и на браната уште на почетокот од изградбата, кога се ставија првите лопати бетон, и тоа ми ја олеснуваше работата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Имам јас некоја склоност да ги разбивам оградите, и тоа не само кога се во прашање другите луѓе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сонцето, велам, биеше во неа и тоа, сонцето, инаку можда не ќе ми се случеше да се занесам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не дека порано беше којзнае колку широко наоколу, но таа залегна таму, а сега самиот ѕид и тоа зошто беше граден, не ја веселеше и ја теснеше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Паметам една песна на поет во која тој се заколнува дека нема да повтори една иста грешка во животот, а сепак останува повторно зинат и зачуден, и тоа не само еднаш, пред истата таква грешка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се фатив како давеник за сламка и си реков: „Добро е, и тоа е нешто, нема да ми отиде сега“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ме молеше да ти ги подигнам перниците, твојата глава да биде на повисоко, но пак не можеше да дише, кашлаше, се гушеше…, употребуваше некој спреј за устата, но и тоа не помагаше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но, овој втор договор за вработување, кај другиот работодавач, мора да биде со скратено работно време – и тоа најмногу за десет часа неделно, а со претходна согласност на првичниот работодавач, кадешто работникот е вработен со полно работно време (чл. 121, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, воведена е можноста за намалување на правата и тоа, pro futuro, може да има негативни последици врз статусот на работниците; б) измените на ЗРО (1993) од 2000, на ист начин, селективно ги намали „овластувањата“ на колективните договори.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Спротивно од ССМ, КСС велеа дека ако работникот, кој бил отпуштен од работа поради деловна причина – на пример, поради издавање на деловна тајна, според тогаш постоечкиот закон, работодавецот требаше да провери дали може да го врати работникот под променети услови – сега таа одредба се брише и тоа било во согласност со директивите на ЕУ!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, од друга страна, периодот до кој работничката не смее да работи подолго од полното работно време или ноќе е намален „до навршувањето една година на детето“, наместо до навршувањето на две години, како што беше претходно (чл. 67, ЗРО/03 – Пречистен текст и чл. 164, ЗРО/05); в) евидентно зголемување на правата се случи кај малолетните работници (кои не наполниле 18 години живот): •  прво, покрај постоечката забрана за прекувремена работа, се утврди и општа забрана на ноќната работа за малолетници, а не како порано – кадешто оваа забрана важеше само за работи во областа на индустријата, градежништвото или сообраќајот (чл. 73, ЗРО/03 – Пречистен текст и чл. 175, ЗРО/05); •  второ, се воведе и дополнителна низа забрани за тешки физички работи, работи кои се вршат под земја или под вода, работи со извори на јонизирачко зрачење и други работи кои можат штетно и со зголемена опасност да влијаат на здравјето и здравствениот развој – со оглед на нивните психофизички специфичности (чл. 173, ЗРО/05); •  трето, на вработените малолетници им се даде и зголемен годи- шен одмор за седум работни денови (чл. 176, ЗРО/05); 31 г) за прв пат се воведе и специјална заштита за повозрасните работници – и тоа оние кои имаат над 57 години старост – за жени и над 59 години – за мажи (чл. 179, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сега, сосем оправдано, се поставува прашањето за мотивот и намерата на ваквото, на моменти и шесткратно зголемување на глобите – дали тоа беше искрената волја да се запре со перманентното повредување на работничките права, или, пак, да се наполни државниот буџет, и тоа од ставката на т.н. неданочни приходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во врска со кршењето и намалувањето на работничките права вреди да се спомне и тоа дека овие две појави не се со ѕид одвоени една од друга.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ова е случај од праксата на АВРМ – Центар за вработување Велес, и тоа во повеќе приватни трговски друштва кои, поради економската криза во 2009, беа „принудени“ да ги отпуштат своите вработени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
В. чл. 368 од ЗОО (2001). 149 лице (чл. 223, ЗИП/97), сега надлежен е извршител – и тоа само еден од повеќето извршители кои се именувани за подрачјето на конкретниот основен суд, чијшто извршни исправи, всушност, тој и присилно ги извршува. 2) нов момент при начинот на спроведување на извршувањето: доколку неуспешно е изминат т.н. „париционен рок“ (за доброволно извршување на судската одлука), којшто судот му го дал на работодавецот за да го реинтегрира работникот во процесот на редовна работа, тогаш „враќањето“ на работа се спроведува по пат на изрекување парична казна – и тоа по принципот на идно т.н. „пропорционално зголемување“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, подоцна, при самото склучување на договорот, кандидатот не е должен да достави доказ за здравствената способност – освен ако работодавачот, и тоа на своја сметка, не го испратил на здравствен преглед (чл. 25, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Заслужува да биде спомнато и тоа дека висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност од 2004 година се 79 определува врз основа на просечната месечна нето плата на работникот во последните 24 месеци пред престанокот на работниот однос наместо во последните 12 месеци, како што беше согласно претходно важечките одредби (чл. 12, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Треба да се нагласи и тоа дека иако со измената и дополнувањето на ЗИПРМ од 2008 година се воведе концептот „бруто плата“, надоместоците (регрес за годишен одмор и отпремнина при заминување на работниците во пензија) продолжија да се пресметуваат врз основа на просечната месечна нето плата по работник во стопанството објавена до денот на исплатата (чл. 4, ЗИДЗИПРМ/08). 185 3.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Суштинската промена, пак, се однесува на смалување на опсегот на важење на погореспомнатите услови за престанок на работниот однос, и тоа од „сите работници кои се отпуштаат“, само на онаа група работници која ќе биде прогласена како технолошки вишок (чл. 7, ЗИДЗРО/00).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во оваа сфера, со ЗРО (2005) се воведе и нов подвид на договорот за вработување – а тоа е договор за волонтерски стаж (чл. 61, ЗРО/05) – и тоа, во случаите, кога овој стаж е услов за полагање стручен испит или за самостојно вршење дејност. 11 б) Тенденцијата кон намалување на сигурноста на работното место беше засилена преку измените од април 2003.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, од друга страна, несомнено е и тоа дека работниците, на своја кожа, чувствуваат дека законот недоволно ги штити и дека газдите ги третираат онака како што сакаат, а не онака како што е пропишано во законот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Утврден беше максимален износ до кој правното лице може да исплати регрес на годишен одмор, и тоа најмногу до 60%, а беше предвидена и исплата на најмногу до двократен износ за отпремнина при заминување на работникот во пензија (чл. 12, ЗИПДНД/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Боже, дали ако таа знаеше, дека и Хелвиг ќе се вброи во нив, ќе се нареди од таа страна на таборот и тоа ќе значи крај на нивната врска, нивната љубов, нивниот заеднички живот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дрвената рамка му беше стара, распадната, тоа на повеќе места олупено и прошарано со темни бемки како бемките на снагата од Богуле, но сепак и понатаму можеше човек да се огледа во него и тоа цел од нозете до главата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ја мереше и се јадосуваше што водата, место да ја зголемува температурата, како што очекуваше, таа ја намалуваше и тоа беше знак дека нема да избие лава и да ти помогне во твојот научен потфат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Слушаше како ветерот постојано гребе со ветките од дрвото на прозорците, слушаше како некоја провисната ламарина постојано потропнува во дворот и тоа го вознемируваше, онеспокојуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Зафати водата полека да истечува, да се впива во земјата, да се повлекува од дворовите, да ги ослободува заробените куќи, луѓето, добитокот; се покажа виножитото, па и тоа како да шумкаше колку што можеше, задува ветер, па и тој започна да ја суши земјата; излезе и сонцето од облаците, па и тоа почна да ја цица земјата; излегоа луѓето од куќите како од Ноевиот ковчег, се бацуваа што го преживеаја овој потоп, оваа несреќа; се јавија и птиците што беа скриени некаде, се нафрлија да клувкаат на сѐ што ќе видеа за јадење; се грабеа, се биеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Магарето успеа некако да се зачепи со предните нозе на брегот од коритото, напна да излезе, но меката земја му се срона под нозете и тоа пак продолжи да плива по водата надолу кон Методија.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Уште од своите четиринаесет – петнаесет години заоде овчар на глава и тоа молзничар. Му завидуваа селаните на Трајко Сирмев со добро и умно дете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Следниот степен на сложеност е инверзијата на оригиналната тема: мелодијата секогаш слегува на оние места каде оригиналот се искачува, и тоа за ист број полутонови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Твоето тогашно безумство и тоа што тато ти го зборуваше.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со оглед на тоа што од било каква тема не може да се направи толку комплексна хармонија, Бах избрал една тема и ја извел веднаш, на големо изненадување на присутните, и тоа со истата величествена умешност како во случајот со кралската тема.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бидејќи клупите беа зафатени, требаше Крсте да седне во една со Нешка, но даскалот не беше уште „современ“ да кладе машко и женско во една клупа и тоа јабанџии, ами го скорна брата ѝ на Нешка, Стојана, го кладе таму Крстета, а Стојана го намести во првата до Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се знае: каде лази мариовска и полска вошка, таму има аир, а од оние суртуцине: плетварци, оровчани, крстечани, деништави, небрежани и други пограѓанети селани можат само Долзите, Зојчевци и Даут да се користат по нешто, и тоа слаба работа, од некоја басмичка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
До Доста Рожденката стаса уште истиот ден кога попот се пресели, и тоа на „Гошово", на жетвата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си го симна букарот, го остави на ред, а Доста ги остави ѓумовите и застана крај Митра, срамежливо, како што ѝ прилега на млада невеста и тоа јабанџика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Знам оти невестата Доста е мајстор за готвење, та ако ѝ требат ете, и тоа купи, — рече Стојо, правдајќи се за лимуните и портокалите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од секоја свадба, каде што оди сводник, добива по едно рало чевли, и тоа некаде со голема пот заслужени, а овде ќе оди на готова работа, колку „нишан таши“, да не се рече оти зетот сам сводник си бил, што нема да биде лага.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Влезе ѓаволот во попот и напна со сиот ум да го жени Крчето уште на петнаесет години дете и тоа — за која? — за Анѓа, од која сам избега пред три години оти беше недомаќинка, „расипана“, како што велеше тогаш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едно дете има попот и тоа си го нападил да се главуа по туѓите луѓе! — плачеше Бисера и не можеше да му помогне на постраданото братче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овој и ваков Бино, со два класа гимназија, многу добро си ја бркаше даскалската работа: да ги научи децата да пишуваат, да читаат и псалат во црквата, но загрижен за својата материјална положба сосема малку работеше на националното подигнување на народот па и тоа што го правеше, го правеше во насока што му ја укажуваа егзархиските луѓе, т. е. кон Б'лгарштината.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наготви, наготви што можеше ,и умееше најслатко и најблаго и си вели со умот: „Од питулици со мед, од сланина и кубаси со јајца има ли нешто послатко? И тоа со булиња и погачи на малото сито.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Може ли така да помине Илко Сукала и тоа на староси прва рожба? Та, кој ќе чуе, како ќе рече?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бре, бре на Диздара, Петрета, Арсовци, Долзите им однесол Фаик од срезот позив. И тоа кај Јачмениќ ги викаат. А зошто?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи пак тој не мислеше да биде кодош на своите мариовки, и тоа Турци да ги продава, тој и не можеше да го дочека Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но и тоа беше достаточно за да се почувствуваат тие родители Грци, оти преку Дима секој од нив добиваше по цела лира на месец што го пуштил своето дете да учи „вистинска наука".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И тоа бргу бргу ќе стане олимписка дисциплина Сосе опасноста од разводнување заради геслото Дека било важно да се учествува кое на исток понекогаш се доживува И како изветвен еуфемизам за неуспех и предавање Тоест кршење на победничкиот дух со кој се натопени
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
12. Да пукнам одамна не сум имала толку долг отпочин И ќе заборавев на сонцето што изгрева на исток А и тоа галиба имаше нешто со Македонците И сонцето било ѕвезда велеле Македонците Бре бре како никој да не знаел што било сонцето А за ѕвездите допрва ќе се разјаснува Дали Македонците мислеле повеќе на ѕвездата од Вергина Или на ѕвездите од европскиот бајрак
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Мајка го споделуваше Татковиот култ кон книгите уште кога се омажи за него, ама сега некој за прв пат ѝ подаруваше книга, и тоа необична книга која ќе ѝ припаѓа само нејзе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога се виделе младенците прв пат, веднаш си се допаднале. И тоа, можеби, е најзначајното.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
1. Патувам и тоа е сѐ, Патем зборовите ги позлатувам И кон вечното се упатувам, Вечното да се спознае, Патувам - тоа е сѐ, Светот да ме препознае Со сета светлина во мене, Патамува и тоа е сѐ.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Покај сѐ и тоа ќе ти помогне да се вратиш од мракот кон светлината, од немирот, кон мирот во душата; од сатаната кон бога, кон спасение; нема човек безгрешен, па дури и еден ден да живеел на земјата, зашто потекнуваме од грешните Адам и Ева, како што вели Јов, но ако се покае, господ му простува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Добро, да земеме и тоа дека таа не го исклучува протоколот, но во него стои до манастирот, а не стои: заклучно со манастирот... - рече Англичанецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тие се последни раце што ја носеа човечката болка и тоа е последна птица со која умре еден сон.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа е и тоа и нешто спротивно, но не нешто спротивно „однадвор“, не како проста и мртва негова разлика, туку како негова жива спротивна страна, појава, особеност, суштина, итн., којашто и го обусловува.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
- Од каде ќе знам јас? Јас сум мал и тоа не ме интересира.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Благодарејќи им на карипските обивачи го изгубив својот дневник на некакви пост-марокански патувања и подоцна го пронајдов, од сите неверојатни места, на дното на џакузито крај плажата, но и тоа е приказна која треба да се бара во некој друг некогаш одамна, а не во овој; исто како и приказната за губењето на мојата омилена капа, една баскиска беретка, во застрашувачкиот Тахо де Ронда во Андалузија, и за нејзиното подоцнежно неверојатно враќање. 72 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Најсетне доаѓа и она моделирање на колачот. А и тоа му припаѓа нему. На авторот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа двете луди женски глави не престануваа да се кикотат над мојата наивност и да ме исмејуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стоев збунет и раскрвавен; ништо не преземав (всушност знаев дека паниката нѐ прави невнимателни, а при вакви состојби невнимателноста е сестра на несреќите), а потоа, сосема неочекувано, како од некоја непресметлива далечина, се јави гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зар еднаш во животот се имаме самозалажувано?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И додека следев некои познати гласови од службената просторија на Грофот наеднаш сфатив дека во соседната соба всушност се беше разбашкарил Мирко Бунде, и тоа на софата, а Катерина и Јана му седеа во скутот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но не земајте го ова за сигурно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И ова ми го соопштуваш на ист начин како на пример она твое влегување во НАМА за да пробаш здолниште, приговарав, и тоа сосема оправдано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи, тоа беше клокот од грофтање , од мукање, од блеење; булукот протатне покрај мене и низ мене како најбрз летен порој кој остава зад себе пустош а во нас ја поттикнува рамнодушноста и тоа само заради немоќта да му се спротивставиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина седнав и тоа со некое чудно чувство на повратник, кој помислува дека втасал дома но не смее да ги отвори очите бидејќи се плаши од разочарувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да! Егзекуцијата беше извршена, и тоа по редоследот од порано утврден.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Прегратката на маж во која без да сакаш ќе налеташ е нешто сосема друго се трудеше да ми објасни Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А раката, раката што ја држеше големата скапоценост ѝ трепереше. И тоа вистински.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веродостојноста на приказната содржана во неговите записи, сметал стариот монах, добива уште поголемо значење ако се смести покрај имињата и гласовите на новороденчињата; покрај плачот на детето и изреченото име од страна на кумот и тоа секогаш забележани под надзор на благата насмевка на светците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Својот поглед не го тргна ни онојпат кога во тремот Радуле, и тоа прилично гласно, ја кандисуваше Стојна да го сторат под итно она.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имав пријателка која не само што се жалеше туку беше и уверерна дека има издолжено лице, и тоа само затоа зашто огледалото го издолжувало.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеби затоа не еднаш, и тоа последниве две години, обично ноќе, в кревет, пред да му се приближи сонот, тој ги претресуваше предностите, можностите, а и сите потешкотии што би можеле да произлезат од влегувањето во светот на привилегираните, па дури и како обичен статист, или поточно само како набљудувач.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но постои ли начин или приказна што ќе може барем привремено да го одложи расчеречувањето на мојата земја и тоа помеѓу олку настрвени мајки, запенуваше одвреме навреме Раде Ич, и тоа секогаш во присуство на капетанот Трајан Крстиќ, кој веќе неколку дена го врбуваше за доброволец во неговата чета на 23от Пешачки полк, што требаше токму тие денови да замине на фронтот на Кајмакчалан.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Значи јас сум подбрканиот и секогаш сум во очекување на тој непознат настан кога и вистински нема да ме одмине многу спомнуваната горчлива чаша од Новиот завет и тоа само затоа зашто негде сум го спомнал мојот необичен сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зарем ја испитуваше мојата заинтересираност за возбудлива авантура и тоа во овој ист ходник од каде сега доаѓаат многузначни пораки.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наеднаш, кога Балот сосема испари од сферата на неговото интересирање, негде попладнето, кога дефинитивно беше објавен денот на одржувањето на оваа забава секретарката Јованка влезе во канцеларијата со поканата в рака и тоа држејќи го пликот поткренат над градите, речиси допрен до нејзините розови усни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Впрочем за бурињата и за нивниот распоред ѝ има зборувано и нејзиниот Томе и тоа повеќепати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во тие моменти, кога почитуваниот се наоѓа на судбоносното распаќе, (во дошепнувања со анѓелите, или, не дај боже со демонот) ние, неговите блиски, и тоа не по наша вина, изговараме многу слични, или речиси исти реченици.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Слепецот, во неговиот приговор, се разбира беше тој а водичот таа, и тоа само затоа зашто го беше повлекла за раката да му покаже еден модел во излогот на големата продавачка куќа!.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А потоа, наеднаш, без одредена причина и јасен повод ја изрече и онаа чудна констатација дека се чувствувала заглавена под урнатините на денот! И тоа не по своја вина!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ова им се разјаснило дури кога прославениот командант му ја заклал на тенорот песната, и тоа среде грло.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веќе имам забележано, и тоа од поодамна, дека ваквото мое однесување ми помага на грижите да гледам како на отпадок што можеме со другото ѓубре да го натрупаме во најлонска кеса и да го фрлиме во контејнерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Што се однесува до постапките на Раде кон мене, одамна имав заклучено дека се однесува со внимателна наклонетост, иако, според неговите сфаќања, ние, луѓето од перото, бевме претставници на некоја чудна фела, недоволно дефинирана во ставовите; млитава во односите; недозволено либерална во постапките, и тоа токму во моменти кога ни бил потребен поцврст фат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
О, секое одење по печурки разговор е со демонот на преобразбите Овидиева тема, протејски мерак подотворање на умот најава на оностраниот моќен сурат на стерната, стијата, привидот и тоа најмногу кај оние кои на овој свет се мислат свои на свое.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Секоја божја квечерина пројавуваш симптоми на алергија: прашина, минато одминат живот а каде без неа, кога сѐ е всушност, прав и пепел - од книгите до стварноста  па и тоа малку љубов што го имаш предизвикува астматичен грч психосоматски задув а ни морето не е тука да се прочистиш од талогот!  Правта е овдешна вечност - премин во метафизика.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Можеби заради тоа што никогаш до сега не бил 19 октомври, токму оваа година, а сега е, и тоа е така; можеби затоа што овој датум значи повеќе отколку било кој друг датум во историјата; затоа што е оваа година токму ваква каква што е, во сиот свет, и токму затоа е ова крајот.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Стануваш рано наутро и тоа, секако, е работа под ведро небо; гледаш како сонцето изгрева и како градот се буди, а тоа воопшто не е лошо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Тоа, тоа и тоа“, им даваше Минк упатства на другите, со избрани лажици и одвртувачи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Си имам четириесет сантиметри широка, рогозина во коњската барака меѓу падавичарите и тоа ми е доволно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од авиони, пушки и митралези премногу бевме преплашени во нашето место за да можеме да го издржиме и тоа од филмот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пред средствата за смирување, електрошоковите и лоботомиите, третината од сите оние што доживеале нервен слом и со дијагностицирана психоза биле примени во болница, покажуваше тенденција потполно да се среди и да излезат за три месеци, и тоа без било каков третман, којшто денес по правило се дава веднаш по приемот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Колку што ми е познато, единственото испитување во психијатријата што направило споредување меѓу таканаречените нелекувани луѓе во некоја простојна околина и луѓето лекувани во клинички контекст, покажа дека опоравувањето на психијатриски нелекуваните личности е подобро од оние кои се правилно лекувани во психијатриски контекст.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нејзината забелешка, за која ти кажав на почетокот од разговоров, си има своја точна причина, со свое точно име. И тоа мексиканско.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дедо Најдо години со ред секои шест месеци купувал по едно грне тутун, и тоа му било мера: испуши ли помалу – нешто не му е добро, испуши ли повеќе – ќе се поболи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Трајанка, а и другите, чувствувајќи ја неговата слабост, сега побавно му се приближуваа и тоа не како да доаѓаат на помирување, туку како да ќе го напаѓаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Уште повеќе нему: дедо Геро му вети дека ќе го смири со децата и тоа така тие да признаат оти претерале што го гибале толку многу.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Има да се знае, и тоа еднаш засекогаш: кога Зоки се бања... то ест, кога мора да се бања, ќе се бања... то ест мора да се бања сѐ околу него. И точка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во градовите домашните животни не смеат да шетаат на улица, и тоа треба да се знае и да се почитува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Оти има денови чиешто сонце пред да помине над нас се распрснува како жито и како зрнесто благо над главите на сватовите И грдо е тогаш со поглед заводлив да гледаш во невестата Додека среќата во нејзините очи танцува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тој ден навистина беше Прочка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Впрочем и млакиот допир на тагата е пијанство И твоите зборови исправени пред ѕидот на срамот И раката што ни мавта преку водите е пијанство И разбудените мравки на надежта растрчани од заборавените гнезда За да нѐ пресретнат Само за да нѐ пресретнат се пијанство И не прашувај дали среќата танцува И какви се нејзините чекори Времето ќе го престигне неоседланиот коњ и ќе го впрегне во колата на животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„И девојките, и нивните муштерии“, вели итрецот, и тоа беше неговата најголема тајна што понекогаш ете, и јавно ќе ја соопштеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бев излажан, и тоа е сѐ!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој топол ветер, што го спомна уште како мал, јас дури сега, како стара, го сеќавам и тоа честопати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кој не верува и самиот нека провери!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам тоа беше моментот кога една несреќница се провикна: „Гледајте жени со што се храниме! И тоа на Прочка!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Колку такви тешки, непријатни злосторства ќе се затскријат негде, ги нема, ги нема, а потоа, наеднаш ќе се појават како од зад планина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Некој ќе нѐ подлаже: Ете, онаму, зад шумава, има од вашите, а оттаму, одзад шумата ќе нè дочекаат Црвените. И тоа со вкрстен оган!“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Семјон, јас не барам од никого пари, но долгот си е долг и тоа не смее да се потценува а уште помалку да се заборава“, вели студено Иван Степанович а во погледот веќе му се наѕира незадоволство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Навистина не ѝ беше лошо: се здоби со покомотна живеачка а згора на сето тоа стана и генералица, и тоа не некаква си генералица, туку вистинска, бидејќи, како што веќе реков, Ролан Јаковлевич, иако веќе средовечен, по својата претставителност повеќе личеше на генерал од многумина други познати војсководачи, па дури и од оној српски генерал Ковачевиќ, кого во дваесетата или таму некаде, го убија некои поединци, уверени дека со неговата смрт ќе му ја приближат на народот барем малку слободата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако го изоставиме пиењето, а во пиењето и не беше меѓу првите, и ако заборавиме на карањето, ама и тоа му беше на туѓ јазик, тогаш и не знам која би му била големата вина пред Господа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Молчеше, само погледот му шеташе наоколу, како да бара место на кое ќе може да отпочине, и тоа негово молчење богами бааги потраја.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не, не од капетанот, тој дури и немаше намера да ме надитрува!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Козаци во долги црни долами заскитани по рѓосаните штипски ридишта танцуваа смртни игри врз испотените плеќи на неоседланите коњи Но не од радост И не од среќа И тоа е пијанство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Времето нѐ посипува секој час со својата прав и тоа е единствената вистина што ја признавам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кај човека потребата да им се сврти на спомените обично доаѓа подоцна. И тоа колку подоцна толку подобро. Илјада пати го имам речено ова.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
(Господи, некој да се осмели в очи да му рече дека сметките се расчистени! А тој знае дека не се).
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Колку беше виновен татко ти што не ја трубеше оваа вистина на сет глас и во вистинско време?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ние изгубивме врска со командата. Овде сме од вчера“, признал капетанот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За жал, настаните во кои ќе распламтат огновите на личната болка, најбавно ги покрива пепелта на заборавот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледаш оти вистината мораше еднаш да пукне и да прошета пред нас, и тоа без насмевка на лицето!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најпосле, овде има закон и заптии...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Вистина, и тоа не чини... Па, кога треба, кога ме нашол таков таксират, кога се нема каде...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Можеше да го замисли само врз сина подлога, и тоа врз онаа маглива сина во која облиците добиваат недопирливост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И Трајан Блосоениот имаше сличен живот на нив; и тоа уште од раѓањето, речиси.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Утринава во опулот ми останало само уште едно парче езеро што многу личи на четврт бурек - и тоа не со спанаќ или со месо, ами со бели едра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Бидејќи ваквото шоу е невозможно да се следи подолго време, поради брзата епидемија на вкочанети вратови, на славната компанија Copertone ѝ текна, па проекциите ги организираше над плажите во Калифорнија, промовирајќи ги своите нови лосиони за сончање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Една поголема грешка и веќе ве нема, и тоа можеби засекогаш, а тогаш, за рајот веќе не станува збор, напротив...! 116 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во пазарното стопанство со развиена конкуренција, претпријатијата се приморани што повеќе да ги смалуваат ризиците на работата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зар сѐ уште имам снага да сакам, како кербер го чуваш моето срце, сѐ ми зема и тоа што ми го даде, едно лето и две зими.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Студена зима, ноќи празни, сама од себе ја кријам болката, ти го крадам сонот, го шепотам твоето име, ти ги допирам усните, нежно со прстите поминувам низ твојата коса, долго гледам во твоите очи, а во нив моите нежни години.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со него го удираа дивјакот, а овој, откако ќе крикнеше од болка, почнуваше да ја пее омилената песна на тој што го удрил; и тоа со милозвучен човечки глас!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тие манџи, и това вино, што сте пиле без хесап, тие сега ќе да се учинат да ви горат и мучат.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Низ нејзините дебели стакла, точките од очи гледаа нагоре, а јазикот ѝ ја оближуваше месестата уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога Ѓорѓија ќе влезеше во кујната, таа ќе се свртеше, не поздравувајќи се за добро утро и ќе почнеше да зборува како тој претходниот ден заборавил да купи јаболка, па како таа утрово немала со што да се заблажи или како Ѓорѓија не го исклучил светлото од ходникот и тоа горело цела ноќ - па, знаеш ли ти колкава сметка плаќаме за струја? - ќе се побунеше, заборавајќи кој ги плаќа сметките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Првпат слушам за подводен волк, и тоа со едно око! - Не Волк, туку Вок.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
За трите први одделенија ќе треба да подготват осумдесет и девет дупки, значи, барем по десет дневно и тоа во време од 8 до 10 часот, зашто попладне се на настава.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Засега во градот имаме осум мерни места што сама го регистрираат загадувањето и тоа со оглед на концентрациите на чад и сулфур диоксид.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„И рецепти за готвење, и за одржување хигиена - лична и во станот - и тоа е поврзано со чиста и здрава животна средина“, - рече мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Додуша манастирот е срушен, езерото исушено, но и тоа е нешто.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ако не можеш да запамтиш, тогаш ќе се најдеш во колоната и тоа пред неа!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И овците и козите и дворот полн јагниња и јариња; и воловите Баљо и Сивко и кравата Белка и двата коња и мачката и кучето Шарко и крушата до авлијата и бадемите и оревите и костените во Стара Ливада, бавчите, лозјата и благотата во каците и виното во бочките и песните пеени на седенки и ората виени во широки кругови на вигната и тоа беше дома..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И да не заборавам. Секогаш и тоа задолжително мора да се проверува, случајно или од невнимание, да не остани во лежиштето фишек.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И јас и тоа растевме здрави. Ми раскажуваше мајка, дека баба ми ме хранеше со магарешко млеко и така дома си имаа две прлиња.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Каде да ја најдат? Па таа цело време се крие по планињето и само ноќе поминува низ селата колку за да се најаде и да се стопли и наспие и тоа секогаш го прави скришум од народот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И тоа беше дома... Дома... Дома беше и старата исчадена икона на Богородица обесена во ќошот и масленичето што без престан гореше пред нејзиното лице и молитвите тивко шепотени – за здравје и бериќет...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Искуството кое го стекнавме е непроценливо, но, од друга страна, Маргина е многу далеку од фамозното “застанување на свои нозе”, и тоа е можеби она што на приказнава најмногу ѝ дава горчлив тон.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тие го имаат токму тој призвук на невистинитост, но всушност се многу вистинити и тоа е она што е најстрашно. К: Повремено помислувам пак да ги засукам ракавите и пак да станам оптимист и да се обидам да направам нешто, но ситуацијата постојано ме тера да се занимавам со музика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За композиторот на музика на удиралки секој звук е прифатлив; тој го истражува „немузичкото“ поле на звукот кое академиите го забрануваат и тоа во онаа мера во која е тоа можно да се направи мануелно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ако ги осуетил стратегиите на албанската тајна полиција и ако поради неа нема да го оствари враќањето, ќе му преостане на крајот од полза неговото искуство („таа аскеза...”) во делото кое ќе замисли да го напише подоцна и тоа не друго, сигурно погодувате, туку романот Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во татковата библиотека, низ одбраните книги, списи и ракописи, мапи и документи, се допираа Исток и Запад, големите медитерански религии христијанството, исламот и јудејството и тоа не само низ главните свети книги Библијата, Куранот и Талмудот, туку и низ бројните теолошки расправи, филозофски трактати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Два дена подоцна Борхес беше погребан на тоа место, кадешто сега почива.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеше да се закикоти, или да воздивне или да ги наведне очите, но ништо од тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Марија се двоумеше сѐ додека не го виде последното место, под едно прекрасно зрело дрво на тиса, која на француски се нарекува иф, и тоа само неколку метри од мошне скромниот гроб за кој се покажа дека е гроб на Жан Калвин.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бавно ми упати еден долг поглед, како да решава нешто, а потоа си дозволи себеси да поцрвени, вратот ѝ се облеа со лилјакови печати.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Му завидував на висулчето од жад што се клатеше меѓу нејзините гради и тоа ѝ го реков.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денот на погребот конечно дојде. Службата беше оддржана во катедралата свети Петар, една величествена црква сместена во највисокиот и најстар дел од градот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 219
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дрвото, кое потсетуваше на славната песна на Киплинг (Борхес беше верен обожавател на Киплинг), близината на сенката на Калвин, и благиот мир на тоа катче ја донесоа одлуката наместо Марија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А се случува и тоа родителот да нема пари за нешто многу важно да купи, да плати, а вие ако му побарате ќе ви ги даде, и на заем ќе земе, дете сте му, а вие ќе ги потрошите не водејќи сметка дека тие се попотребни за нешто друго, одошто за вашето одење в кино, одење во слаткарница, купување на некаква модерна кошула, маица и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А и да се пофали некој меѓу вас дека бил на летување во тоа и тоа село, тоа „не пали“, не предизвикува таков восхит кај слушателот како ако се рече дека некој бил на Родос, Крф, Палма де Мајорка!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не можеме да речеме дека се лесни тие први љубовни страдања, тие први треперења на срцето, но да речеме и тоа дека се нормални и дека во нив сѐ уште се испреплетуваат и другарски чувства и другарски односи и дека тие сѐ уште се само вовед во вистинската љубов што доаѓа во позрелите години.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Некои твои колеги сфатија дека парите се во Митко, и тоа не пари, туку марки и зелени хартии, - му довикна Спасе-Грав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Баба ми се смееше и тоа го забележав по белите прекрасни заби што ѝ блескаа во темнината окружени со усни премачкани со црвен кармин. Ама, смеењето не ѝ го слушав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кон крајот на романот, ќе биде регистриран еден детаљ, којшто можеби немал такви претензии, но ќе ги надвјаса највисоките човекови доблести и тоа во едни времиња и простори преполни со црнила: „Шишман, седнат над еден камен покрај својот братучед Србо, а некаде меѓу езерото и Пелистер, ја извади матарката од појасот и со ножот почнува да гребе по задлабената страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На дванаесетата страница следуваше практичниот запис За варење самварен сапун...се зема 10 килограми чист лој се клава во казанчето а после се зема 2 литри и ½ вода и се растворва во водата 1 и ¼ камена зода и се турва од таја размлачена вода во растопениот лој и тоа се кува еден сат после еден сат се турва уште 5 кгр и цела вода се остава да вари 2 сати а сетне се фрљае 2 – 3 грсти сол...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И тоа само во оние мигови кога се појавуваше пред влезот на зградата, вјасајќи да сврши некоја обврска за малечката, а најчесто за внуците на баба Петра и дедо Костадин.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сите работи беа готови, благото, ручекот, и тоа сè со вештата рака на Пелагија, а Перса мораше да се седи скраја и да ја стишува силната река љубопитни прашања од Пела зошто се прави сето тоа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го исполнив заветот што го ставив во првото писмо до Чана и тоа ме исполнува од темето до прстите на нозете!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Прво тетка Перса се прекрсти и ја бакна Богородица, ја натера Пеличка да се прекрсти и кревајќи ја, да ја бакне во златното лице, дури потоа Пелагија застана пред Богородица и долго стоеше со подзамижани очи, со жесток прекор во срцето, мигум се сврте тркалото на нејзиниот живот од она попладне на нивното сретсело сѐ до разораната нива во бескрајната Војводина и сега ѝ се чини дека сѐ уште лежи со раширени нозе, и тоа трае, трае, Перса ја кренала Пелагичка и ја притиска силно на своите гради и чека кога Пелагија ќе се сврти и јурејќи ќе излета од црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Наместо Тина која сѐ помалку зборуваше отворено со својата ќерка откако оваа најави дека можеби ќе го заборави Доне, се јавуваше некоја друга жена од бегалците кои се одмораа вдолж долгата барака од црвена тула, и тоа прилично гласно да можат да ја чујат и оние на најдолниот крај Арно прави мори Чано шо оди на црква, не чини ниа шо сме скарани су Господ!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Те фатила маката и мораш и тоа да го научиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За дотука бил човекот, немал повеќе денови и тоа ти е...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кај појди, што се вели, и тоа е со мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сетив дека си ја влечам болеста и тоа ти е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаеш дека машка уста ти дувка во вратот и тоа од место те поткрева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тоа го гледаш, но не можеш ништо да помогнеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Први се Коста и Атина Папастојку — тој е без една нога, а таа без една рака, и тоа ги зближило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тоа уште повеќе ме разжалости.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се засекува и тоа ја прави подлабока.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Спортистот ја имаше славата, овој ги имаше парите и тоа е добра формула за добар улов.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Среде чаршијата, каде што беа сите збиднувања и тоа во екот на сезоната.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Настаните што се случија во Солун - пишува Готје - уште повеќе го зголемија немирот на битолското население, и тоа е повеќе од секогаш убедено дека градот, со оглед дека е седиште на главните членови на Револуционерниот комитет, е загрозен, и тоа многу скоро, од катастрофа пострашно од таа во Солун“140.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Нормална сум и тоа како – го повиши гласот тетка ми – ти многу добро знаеш зошто го зборувам ова.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За попладнето имав договорено да играме „народна” со другарките на “Плавата уличка” и очај ме фати кога помислив дека тие ќе играат, а јас ќе треба да седам на тие наши глупи состаноци.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, имам и неуспеси, и тоа големи. Едниот ми е мајка ми и нејзиното пушење, а другиот, сенилноста на баба ми Санда.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, сега уште и тоа, состанок! Што му требаше таа беља? – се јадосував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама прави си како сакаш – во септември никој нема да ти биде крив ако...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никако не ми успева да ја натерам мајка ми да престане да пуши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)