и (сврз.) - ти (зам.)

Овој гледа некое време и го слушам, вели: - Селото гори, баба се чешла! – вели првиот и додава, му се обраќа на својот противник: - Што велиш, да ги спастриме прво нив па после јас и ти да си го видиме алот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Направивме договор со Мало Виштани да ни дадат шуплив гранит и тие ни дадоа, а ние им дадовме да покосат ливаѓе во Бела Војца колку што требаше да се отплатиме за каменот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Проштевај, вели, ама овдека вода се вади, не е играчка, не сакам да ти се урне бунарот, та утре и ти, и целиот Маказар, да ме колнете.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И за тебе ќе се наредат, и ти ќе „скокнеш“, му реков, освен ако не претераш крајно, тогаш тешко ќе те оженат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По мала пауза, како да кажува некоја споредна работа, која сепак еве, од обѕири ќе ја спомне, рече: „И ти, Симон, што е право, поможи“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Би сакал да си тука и, без да има итна потреба и без да има некоја длабока симболика во тоа, да ти подадам нешто и ти да го земеш нежно со раката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој постапил според наследената ука, а јас, се сеќаваш ли, кога ти еднаш се пожали дека ти е многу лошо, и кога јас требаше итно нешто да сторам, првото што го сторив беше: извадив векна леб и ти ја подадов! Зошто? Зошто векна леб?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Те бараме да ти кажеме и ти да знаеш и да сториш нешто“, ми рече Михајло. “Сѐ ќе се исуши, и сѐ живо ќе цркне“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- ... И ти велиш дека ова е само игра? Па не ли гледаш дека сѐ во светот е поврзано со една неизбежна причинско - последична врска.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Таа е моја невеста и ти си должен да ја чуваш тате, сѐ додека не се вратам јас…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
СЛУГАТА: Не се подбивам. Јас заминувам… Дај ми прошка и ти давам прошка.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Тој ќе те земе, ќе скрши глава негде, и ти со него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Заповедајте таму да ме арестувате... Таму ќе се расправиме јас и ти!...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На улица ти приоѓа прекрасна девојка и ти бара прирачник за самоубиство.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
И нешто дамнешно, божем непресушливо, силно исчекорува од мене и преку реката, на коњот, низ шумата... и среќни – и јас, и ти и визбата.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ќе речете: Величествена гозба: Вдахновението Совршенството Смртта и Ти: Принесениот На Трпезата. зборовите Пеат и молитват Во мојот храм Зборовите што ги Оживувам. тоа што ќе пропее Тоа што ќе пропее И тоа што ќе полуди Тоа ќе да е мојот глас Тоа е ќе да сум јас? засек Остер нож. Убод. Рана.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Ќе видиме откако ќе се поовешчиш и ти како мене. — Заврши Јован и си стави задача да се послужи со Толевите парички бидејќи беше „танок" од таа страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Кога велиш ти и ние ќе велиме, кога ќе велиме ние и ти ќе велиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ајде, Пеце и ти Трајче, одете еден на Пешча, еден на Црквишче — да вардите да не се врати муљазимот однекаде, та да направиме ошче денеска попара без мас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Каде Толе, кај сакаш на конак да бидиш денеска? — го праша Илија Толета. — Нема кај сакам, другари!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Не стварај идоли на земјата. Сите тие се родени од на мајка им пичката исто како и ти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Седиш на градска плажа и поред тебе вештачка палма ти го гали левото рамо, а позади тебе љангар од парк ти моча у квази морскиот песок и дур пиеш секс он д бичот за 230 денара и се осеќаш ко у Мајами бич од другата страна на Вардар загледуеш цигани како собираат пластични шишиња, а после те маа параноја дека чичкото од америчка амбасада те зумира одозгора и ти ѕирка у купаќи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Срцето те влече на една страна и ти вика соѕидај ја душата, мајсторе!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- И ти да ми го извадиш ластикот од гаќичките и од него да си настегнеш праќа, па да ме заборавиш мене и да тепаш врапчиња? - О, никако!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А и ти нетука, недома, во туѓина, џенем.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Така да сториш и ти. Да слезеш на земја и да почнеш со реализација на своите илузии.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека со шашливиот поглед си тука меѓу познајниците, а со третиот крајник пак тука, но меѓу мислите, друштвото се крева и се растура, сопственикот ја расчистува масата, бифето се затвора во одамна затемнетиот театар и ти остануваш сам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ама не сфаќај ме лошо, војводо! И ти и Бојан, и планинава и твојот добиток, и кучињата, мили сте ми, премили, но ова не е мој свет.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас и ти, планино, остануваме” - шепотеше дедо Димо, следејќи го со замрежени очи својот внук што се разделуваше од планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ама партизаните немале леб. - Замисли и ти дека немаш леб.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Па што? - Како - па што? Ја гледаш од Чукарот Беласица, и замисли, денес само јас и ти од Чукарот ја гледаме Беласица и никој друг.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пријатно е да ја имаш среќата за прислужничка Додека ти ја отвора розовата врата на утрото И ти го принесува на прекрасно дизајниран тас Долго очекуваното изненадување.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Помисли помисли и рече: - Тогаш вака, јас и ти ќе бидеме ловци.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во осветлениот излог, нареден со лозови и стотки, лежеше табла со златни букви - и ти можеш да станеш милионер.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Јас и ти немаме ништо за расчистување“, рече. „Луцијо“, реков. „Каде ти е љубовникот, Луцијо?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со лепило ќе ги залепам и ти вечно ќе имаш спомен на чедото твое; таа слика гробот нејзин ќе го краси за вечни времиња.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Проклет да си татко, оче мој, и ти, брате Лествичнику!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакам само да те прашам уште нешто, Луцијо: зошто твојата Партија и ти сакавте да ме кастрирате?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Јас и ти заедно“, реков. „Не негувај си надежи“, рече таа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Париз е мелница... Колку што градот е убав и ти пружа убавини и пријатни доживувања толку може и да те сомеле и духовно изобличи и додека го сватиш тоа да биде доцна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Устите им беа полни со големи и гневни, многу значајни и звучни, итри и пламени зборови кои без прекин беа дополнувани со гневно кренати и стегнати тупаници, рацете не им мируваа, туку само се закануваа и со прстот вперен во нас чиниш ни велеа – ТИ и ТИ и ТИ, што чекаш?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со купаќи околу зглобовите, претавме како пливачи за да си ги ослободиме нозете, скоро како да очекувавме плимата да не облие исто како Берт Ланкастер и Дебора Кар во нивната славна љубовна сцена на плажата во филмот „Од овде до вечноста“ - сцена која е толку славна што иако ниту еден од нас го немаше видено филмот, нашите тела ја заземаа истата положба како филмските ѕвезди на песокта и ти нежно ми шепотеше, „Се плашам да не останам трудна,“ а јас тивко ти одговарав, „Не грижи се, имам заштита,“ и продолжувајќи да те бакнувам, ги напипав соблечените кратки пантолони и паричникот во кој со месеци го носев Вулканот како да беше амајлија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ уште бакнувајќи се, му го искинав сплесканиот, исушен омот и тогаш тој ми отскокна низ прстите како федер од часовник и падна во песокта меѓу нашите нозе. Ми се тресеа рацете.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И ти уште сега, уште жив, се храниш од таа бесмртност, горделив, надмен, од некое друго место ни ја досудуваш смртта нам, на смртните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Треба да знаеш дека и ти си смртен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како да не сме заслужиле ниту зракче светлина да остане од нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дека бесмртноста во која веруваш не е бесмртност – туку бескрајно одолговлечување на твојата умирачка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе го бараш Сетворителот и Седржителот за да му заблагодариш што ти помогнал да изградиш куќа и во куќата Ангелот од Курбиново, и стиховите-пеперуги кои излетуваат од твојата уста и ја осветлуваат шумата од костени, во која пладнуваат елени со златни рогови и со сребрен ѕвон ги веселат темелите на куќата и ги озвучуваат ѕидовите, та кој ќе помине крај неа застанува да се наслуша и подмладен да го фати Патот на Апостолите, пресреќен што се упатил кон Бога, како што си се упатил и ти самиот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Коњоштипите, богомолките и гасениците излапале сѐ, сега нив ги лапаат, ги кинат или ги смукаат стоногалки, жегавици и пајаци. Нема земја, нема ни луѓе ни птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак зелено мирисаат пченки и ти раскажува некој со зелен глас: ако не се фатиш за нешто, за шурка небесна светлост или за опаш на магла, ќе се струполиш во шуплива бескрајност - ни над тебе ни под тебе нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Потоа, идната ноќ, Јаков Иконописец друг ќе закитеше со вжештен бајрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И ти ли сакаш да му бидам заменик на челников?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, ќе се напијам и ти се молам не сакам никакви сцени... (Оди кон излезната врата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И ти повторувам: не сакам да имам ништо општо со ликвидацијата на овој Младич.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас би го однесол писмово кај Иванов, тој би ме помолил да почекам одговор, таму би ме ликвидирале и ти би останал сосем настрана од сево ова и онаа работа со која јас те држам в раце не би имала такво дејство, како кога би загинал од твоја рака?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Не прекинувај ме, ти се молам. Јас овде си ја играм својата ролја според договорот, играј си ја и ти твојата. Тоа е сѐ.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас и ти премногу добро си ги знаеме опачините за да си бидеме интересни.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Бездруго. Бездруго. Јас зедов малку да каснам. Ќе сакаш ли и ти малку?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Денес, еве, и Ѓорче е мртов, мртов си и ти.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Одиш по улица и ти се чини дека сака да те поваса, да те потоне во калта трпеливо и без остаток.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не гледај ме така. Јас и ти сме единствено луѓе кога ги напуштаме оние што најмногу ги сакаме.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Отидов кај волкот, ме прати кај лисицата; лисицата ѓоа можела да вади коска, и таа ме прати кај тебе и ти си му 'и вадела.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Да им речат: Ете вакви луѓе сме биле ние, ете таков човек треба да бидеш и ти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас заминав по тебе и ти си таква за да бидам сигурен дека ниеден друг не би се решил да го стори тоа, но сега веќе ти никако не можеш да ме натераш ни да помислам дека постои и назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А утредента, додека тие ги носеа првите копанки нагоре, по скелињата, а еден мајстор најгоре пееше „Поминуваш, Јано мори, заминуваш, ми се смееш, Јано мори, не ми зборвеш“, оној доаѓаше до Башмајсторот, кој стоеше веднаш до нивното корито со малтерот и тие можеа да чујат сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ кај тебе е згодно и ти си еден таков самјак, каков што јас веќе ниеднаш повеќе нема да сретнам; кај тебе е сѐ згодно, но ти би требало да сториш така.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некоја недела, богати, сигурно нема да им биде тешко да навратат до тебе да појдеш и ти со нив да ловиш...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сега мораше да откажеш. И ти откажа, а никој не те праша зошто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да не дочекаш да ја видиш и ти пред себе онаа бездна, што ја има видено она старче, со едното покусо рамо, бригадирон Језекил, и да не се всади и во тебе страот што човекот мора да оди исправен...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- После... во собата... балдахин со свилени тантели порабен... - И ти во балдахинот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неправдата постои, постоиш и ти, борецу против неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За секого има место на оваа земја, само да е умен. Само улавите страдаат. - И ти...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дресерот носеше на себе заштитни алишта, ракавици и кај секое куче ќе предизвикаше бес; а потоа и целата група кучиња, ќе ги раздразнеше до таа мера што тие ужасно лаеја, квичеа, напинаа на синџирите да ги скинат, а потеа сам одеше и се криеше во шумата; кога ќе се скриеше, војниците ги пуштаа кучињата и тие, лаејќи и душкајќи по неговите траги, го наоѓаа каде што беше скриен; му се нафрлуваа, но војниците ги сепнуваа, ги задржуваа и ги тргаа за синџирите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така по некој месец од твоето раѓање, те донесе Профим скришно од Албанија и ти стана чедо на ќерка ми и на оваа куќа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нешто како се грижи околу децата, како ќе им кажеш и тоа, ама те чека изненадување, и, дури ги бакнуваш рано наутро за да им соопштиш дека, ете, си се заљубил, ти се врти нервозно и ти вели: „Оди бре, тато, најди си женска и нејзе гушкај ја“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се преценија и џабе ги фркнаа парите во кафезите кај овие што на леген јавно се измиваат и ти се кезат во лице.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Човекот не закажува па со часови чекаш додека „ординира“ во истата соба, па ги гледаш туѓите проблеми и ти е срам дека си дошол малку волја да „купиш“, за да те поттурне.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, депилацијата е задолжителна, фарбањето на белата коса со евтина фарба, која по едно миење добива портокалов сјај како од к'на, па кога му велиш: „ептен ружно изгледаш и ти се познава“, те гледа и враќа: „Само дење, ноќе е другачие!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Невесто, потивко пуштај ја чешмата дека со септичка јама сме, бргу се полни, а камионот (гомнарка) не може да се симне до кај нас, ах, мака мачиме со водата, а и ти при толкаво езеро, в купатило се капиш!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои држат грутки снег и ти велат: нати, малку сирење, други откопуваат камења и: сега ќе печеме компири, ти велат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немаш коњ да го бодниш и да те фрли и ти пак да му простиш откако ќе се врати и со влажни очи ќе застане над тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ќе те дупат муви и горештината и ќе скапуваш, да не можеш да се мрднеш, и во Серес им ги турнавме куќите за да правиме окопи, и земјата е секаде празна, народот бега, а окопите ни беа покрај пругата, оти полето беше под вода, а почна и маларија, трески големи и секое утро врви човек и ти дава кинин во окопите и ние го пиеме ко ракија, а горчи, леле мајко и ти даваат некој пченкарен леб, може човек да отепаш со лебот и некогаш ќе сварат грав, ама грав нема, само неколку зрна се бркаат во казанот, и не можат да се сретнат, да се видат
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин молат, те благословат, а после те колнат и ти караат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А малку потаму: волци и други лиоти, се подкрадуваат и ти ја душкаат миризбата, здивот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ти го оставаш сонот, ама тој не те остава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Може да ти е пришиена во ракавите, во предниците, вели Маса Ќулумоска, или да ти е притаена под шамијата, во косата и ти се пресмева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гргори устинката и ти отпушта навалица зборови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не е умен. Само е јак и често се лути. - Август!... Да се разбереме. Кога говорам јас, говори и ти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Четниците, кога ги бараат непријателските јатаци, не тропаат полека и не извикуваат тивко, туку ќе ја искршат вратата и ти, уште нерасонет, ќе ја почувствуваш студената кама под грло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
АНТИЦА: И јас на ѓерѓев. Вие, ти, Кате, и ти, Паре?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ја знаеш и ти работата и релацијата на движење на татко ми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Феноменот коцкање е многу интересна тема. Стоиш така пред рулетот и ти се накрева сета енергија, почнувајќи од гениталната чакра.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Такви се шупелките, таков си и ти, врескаво братче.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Пеј и ти“, му велат, „зошто молчиш; ќе онемиш во самотијава...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И така чекајќи полека ќе ми препукне душата како огномет... и ќе се распрсне дел по дел од мене... и ти не ќе можеш да ја најдеш... ќе те сеќаваат само минатите времиња... и ќе се научиш да се движиш по лизгава улица... по која и јас еднаш чекорев.. можеби тогаш ќе ти бидам најпотребна , но ќе ме нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
И сето тоа трае деноноќно, Уживам со една средба, живеам, постојано таму, овде, онаму, секаде каде бевме јас и ти.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Најпосле ти немаш слух за мојот речник и би помодрел од бес кога би ти рекол - неочекувано се видов мртов и ти пишувам мртов.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја гребам и ти фрлам прашина в очи.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Јас сум добро,благодарам на прашањето и се надевам и ти исто така.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А татко му еден ден му рече: кој нема татковина, нема ниту гроб, нема ниту гробници и ти забранувам да патуваш!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само јас заминувам, а ти ќе пееш како единствена тишина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бескрајно ти благодарам додека ми велиш дека меѓу сонот и реалноста имало само едно влакно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега, конечно, се спуштам во реалноста, и ти благодарам за тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Ах, Смит!“ рече тој. „Зарем и ти!“ „Зошто те уапсија?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Февруари, на баба ти! Ги имам сите резултати црно на бело. И ти велам дека ниту еден број...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Мораме да ја прочитаме“, рече тој. „И ти исто. Сите членови на Братството мора да ја прочитаат.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпосле Партијата можеби ќе објави дека два и два се пет и ти ќе мора да веруваш во тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас си ја бркав работата колку што можев, не беше лесно да се довлечкуваат материјали горе кај црквата, а гледав што се случува: Симон исчешлан со ниската руса коса, испеглан, се качува на коњот оддеднаш, гордо, како кога некој те гледа и ти е важно како се качуваш на коњ, да не изгледаш клекав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Бабо мила, и ти си ја видела ѕвездата? - офна и сета омалена се згуши во скутот на баба.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На рецепцијата на зградата, во еден голем подавалник, секое утро имаше топли американски колачиња „кукис“, па јас и ти на излегување од зградата ќе си земевме по неколку.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Јас и ти бевме во ресторан на вечера со пријателите, беше задушливо зошто сите пушевме и пиевме алкохол.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Оваа амалска активност никад не би ти сметала, ако у лифтот не ти се сопатници: Пакистанецот што копа на кари и ти диши у врат, малиот Кинез со уште помали ноџиња, бабичката што го носи на мочање мастифот што е голем ко липицанер...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
ВЕРА: Ние седевме со тебе во мракот во бавчата, од небото паѓаа ѕвезди, а ние двете бевме во бели фустани, како привиденија, и одразот на белата грмушка во леата беше како привидение, и ти, ти ми кажуваше дека не можеш повеќе, дека Лења те исцедува: ете вака.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Белки ќе те израдуа, сполај му, со некоа рожба и ти во векот да се замешаш, и деца да одгледаш, и свадби да направиш, и внучиња да подржиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама и ти не си за карање, де! Ете така, и она — како мачка на сланина. Штом те виде почна да се оближуа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е, речите „аирлија“, дедо Ристе, и ти, дедо Петко. Јас кандисуам, ваква каква е Доста да а зема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра отвори, зеде еден сомун чист леб, го кладе на софрата и Доста си ја крена и си ја занесе пред машките. Со клавањето му вели „добре дојде, дедо Петко", а и на Илка да му го врати намигнувањето му вели: „е добре дојде и ти Илко", — и му чкрапна со левото око.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас и ти. Кандисуаш ли ти со мене на краот на светот? Јас кандисуам со тебе ...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Бацко Стојо, и ти бацко Илко; и вие невести! Од денеска јас сакам да имам челад, и еве а ве — на скутот си а имам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој домаќин си остава наследник на куќата, та и ти така треба да направиш, да си одредиш наследник на твоето место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, и ти со невеста, и јас со момче, па што! Ајде, собувај се и легнувај!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токо, речи што е мунасип да ти собереме селцки, та и ти да си а гледаш работичката и ние.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
На разделување да се прегрнеме Јас што нестанувам И ти што големеам Ела.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ела да си поплачеме Јас и ти јас сонуван.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Сакаш да замижиш и замижуваш. Осеќаш, земјата се поткрева на прсти и ти го подметнува својот грб за да починеш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
На површината на твоите сиви ќелии започнуваат да се раѓаат еретички идеи и ти започнуваш да ги разгледуваш опциите за трансфер во некоја друга религија.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Јас постојано те гледав и ти се насмевнував.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Мајко, дојди и ти со нас. Не сме далеку. Ако се предомислиш, брзо ќе се вратиш!”
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
„Зошто му се две столици?“ „Па за да можеш да седнеш и ти ако ти текне да го посетш“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Јас го наоѓам во твојот глас“, му рече таа. „Обиди се да го најдеш и ти“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како божем јас и ти исто да сме. Ти текнува?
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му одам на рака колку што можам, по јаже преку голема вода се движам и, слушам, „Еве и ти сега“, ми вели. „Што јас, бре!“ му велам. „Што!...“ ми вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сепак ти си Марија и ти не можеш така да говориш, ја прекина. Ти не си Еврејка и, можеби, не си била ни Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
БОРИС: Фала за сѐ. КИРИЛ: Не трескај. Во исти лајна сме. И ти би ми помогнал мене.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
ЃОРЃИ Пее: Зајди, зајди, јасно сонце, Зајди, помрачи се, И ти јасна ле, месечино, Зајди, изгуби се.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
- Не ме мајтапи сега и ти, - му замери Методија. - Сум ти кажувал како на свој човек: слушај ме, вели па ако дојдат нашите пандури ќе бидеш, од плата ќе живееш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Многу те поздравува и ти прати едно кило шеќер.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Речиси сите мажи ги врзаа. - И ти уште Дорча ќе го гледаш? - Гревота е! И тој треба да јаде - се правдаше тој.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Многу биле лоши, разлавални; татко и мајка ич не ризале, многу ги огорчувале, и зер татко им бил многу лут, така и мајка им, та беа ги колнале многупати, ете зер ѓавол натемаго беше се погодил, чедо, некој лош саат, кога ги колнала мајка им вака: „Синко Сиве и ти ќерко Чуле!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не беше вака, ти мајко и ти Недо, моја домаќинке?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ете јас бев, татко, тој штрк, што си седев на куќа; мајко мори, и ти Недо, знаете кога ги молзевте кравите и ме удри Велко со стапчето, оти си ги милував телињата?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Е лели и ова не ми го веруваш, бре татко, ами кога беше ти на орање во големата нива, лели ти ги тераше Велко воловите и јас си зобав црви во браздите изорани; ами лели Велко ти рече два три пата: дедо, дедо, нашиот штрк ете го зад тебе, и ти на треќиот пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едно чудо време боледував, одвај дури оздравев.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ах Боженце, и ти златна Богородице, ви се молам, душата да не ми ја земете дури не се сторам пак човек и тогаш ќе познае татко ми и мајка ми како ќе работам во куќава и како ќе ги слушам“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
–"Ах мајче! ах татче! ах мое мило синче, и ти моја мила сестро! и ти моја мила домаќинко!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А потоа се обиде и да ја образложи својата заборавност: - Веројатно и ти ќе се однесуваше на сличен начин ако ја имаше за доброутро онаа глетка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И ти, сега, побрза да ме испровоцираш со таа негова невистина за да провериш колку е вистинита?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Горда сум и ти завидувам, тоа е поблиску до вистината“, рекла таа. „Смеам ли?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ти Џенсен и ти Хачисон ќе заминете први како патрола. Добро да ги отворите очите.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе ми простиш, нели? Секој од нас е понекогаш луд... па и ти можеби?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Му ја знаеме цената на ѕидот. Затоа и ти дадов капар.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Монашки нишан: сведоштвото на Лука Блажениот 29 „Има нишани што ги следиш од рано детство без да знаеш зошто: - се будиш предзори додека сосема не се повлекла глувата сенка на ноќта кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи во запрепастувачки складен и топол мозаик, во фрески по ѕидовите, по подот, на сводот и сеќаваш кревкото, кршливото порозното, обезличеното се преобразува во својата виша смисла и ти се обзнанува: ни еден слом не е алогичен!; - тукушто си пркнал уште дете, стануваш аскет и заминуваш незнајно каде само (посакуваш!) да биде тивко, молебно створено и од природата, и од човека за деноноќно бдение за созерцание, вертикално понирање на веда - од небеса до подземи за живеење со жиг и жедба на монах ни горе-ни долу повеќе таму, одошто овде
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
4. Стрвна спирала Штом премногу претскажуваш стрвна астрална спирало милост имај за трпеливите за лифчињата на душата врз коишто го истураш штедро твоето мастило моровата моќ, индигото од тебе зависи дописот со небесата ритамот и римата, или и ти не можеш ништо кога густината се ретчи комплексите малаксуваат согласјата се упростуваат - само Отецот сам самцат стихува сушноста – сушта суштина суштествено суштествува всушност, меѓу четири ѕида стисната слободата ѕирка, се ѕвери нагоре, а таму (уууууууууууу) сѐ се движи во обратна насока гледано одоздола ааааааааааааааааа: или времето оди наназад или човекот е свртен наопаку опак Закону, злорад Реду приказание, Име имаш ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Следната ноќ, по долга и жестока партија што завршува реми, додека ги одбројувам секундите до заминувањето, трудејќи се да не гледам во тебе, го слушаме неговиот спокоен глас: - Марија и ти. Знам за вас.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
СПИРО: Е, чорбаџи Томче, подека, не е право: не можеш на коњот, туку удри на самарот...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тоа не е за плачење туку за во Вардар давење.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АМПО: Е, татко, и ти мајко, рибата во водата, а тиганот на оган. Каде ви е кумот?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СЕЛАНЕЦОТ: Вие граѓаните не ја сакате земјата, само ја газите. А ние селаните ја работиме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: (Веќе влегол.) Па, што е малку црна и за тоа црно под ноктите. ТОМЧЕ: И ти ли тоа!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Па, кога ќе те заболи нешто... И ти преѓе ќе се расплачеше за кумството.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Паднеш ли, таа ќе те дочека. Седни и ти, пријателе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако не го најдеме денеска, ќе го најдеме утре.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Време, удри и ти по споменот грубо и незаситно.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ноќе зјапаме во небото некако нѐ мрзи да скокаме од ѕвезда на ѕвезда и ти како помлад ѓоа ме подучуваш дека нема рампи само на патот кон среќното минато.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Јас и Ти две страни на огледало, месечина со две лица, меч, камен и оган.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На ова тело сеуште ги чувствувам трагите од тој допир, мек, нежен, сигурен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Те сретнав сосема случајно, тогаш кога не те барав ни во сонот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас и ти, вистинско време за страст, од жештината ни се лепат усните и после допирите се чувствуваат капки пот по вжарените тела, а импресионистичкото менување на светлината ги открива нашите интимни тајни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И ти како мене, кроткоста своја тешко си ја даваш, а тоа е одлика на херој!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Дали е ова љубов или ропство, тиранија, си велиш и ти е страв со некоја жена посрдечно да се поздравиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе си навикнал и ти е тешко ако не те викнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се вивне некој полски нужник и ти знаеш дека фитилот го држи некој човек, чоловек, женшина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не беа тоа провирни јадења, туку тешки и мрсни кои набргу се залојуваат и ти се лепат на устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од секое дрво друго ветре се мешколи и ти шумоли ко човечки говор со притаен кикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ти си го собираш како пред кивање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Некој нов живот натежнал во тебе, вели, и ти ја раширил снагата и образите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
идат сега полицајците на Јанис Метаксас и ти дежураат пред устата, под ушите, не смееш ни кучето со свои зборови да го повабиш, ни козата да ја искараш, оти не им зборуваш грчки, ти велат, моето куче не знае грчки, им велиш, мојата коза не разбира, полицајците и оддалеку знаат на кој јазик зборуваш, по отворањето на устата знаат и идат право на тебе и во отворената уста ти плукаат и после ти ги кршат забите и ги бришат словенските букви од црквите и од гробовите,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дупат и ти ја вулат снагата. Ама, кој те слуша што кажуваш!...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Онаа бесмртната, што јас и ти само ја чувствуваме вечерва.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Зар и ти си како мене? - Во што?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А показалците на Дедо Мраз викаа: Ајде, ти, ти и ти!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- И ти, и јас. - И ти? - Зашто – не!?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но знам, мора да чекам, така треба, така мора да биде, кога ќе реши светот да се смени, иднина да биде, зошто јас знам да сакам, на сон видов живот, а верувам и ти.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите кои тука се доведени, се родители на дезертери. И ти си родител на дезертер.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така сега да ја направиме сметката и ти мене да ме исплатиш и со здравје пак да си поможиме, нели?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да си помогнеме во овие наши размислувања и со песничката: ЗА СИТЕ НАС За птица да лета, цвет убав да цвета, дрво да се виши, човекот да диши, чист ветрец да вее, јагненце да блее, чист снежец да вее, сончев зрак да грее, славејче да пее, дете да се смее - треба да умуваме, треба да ги чуваме: зеленилата, шаренилата, свежините и убавините - и ти, и тој, и јас, и ние, и вие, и тие, за мене, за тебе за сите нас!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Што не земаш и ти? - го прашав. - Па да бидеме многу богати?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И ние двете се грижиме за неа како и ти, ама од сега натаму повеќе да се грижиш за куќава кога останува сама отколку за Пеличка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Седни, сега Пелагија ќе донесе слатко и ладна вода, седни да си поприкажиме јас и ти за да можат и тие две сестри да си кажат нешто насамо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сега сѐ е мирно. Сега ништо нема. Смири се и ти. Спи.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Мирче: Ајде. И јас ќе бидам лекар и ти. А имаш ли игла?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)