и (сврз.) - вие (зам.)

„Се надевам дека може да се каже дека и вие ќе ѝ припаднете на таа монастирлитска светла линија на верата”, му рече со спокоен глас претседателот на синагогалниот одбор, кога младиот Елеазар бен Цви беше поставен за рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Многу е арно тоа, ќе ми рече. - Е ајде тогаш јас и вие да си бидеме заедно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Шо да дојде, откаде да дојде, да се држиме рака за рака, шо се вели. Ние за вас, ама и вие за нас...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ќе треба да го ублажуваат со петстотини лири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но тој не стигнал ни да зине, кога таа удрила со бастунот по масата: - Слушајте, началниче, му викнала со страшен глас, - ако не го отпуштите веднаш оној некадарник, ќе летате и вие одовде...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зарем католикот Пашко Васа од Скадар, некогаш гувер­нер во Либан на Отоманската Империја, уште во XIX век нема на најдобар начин да ја означи заедничката определба, на која и вие денес се повикувате: „Религијата на Албанците е албанството”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, да тргнеме понатаму... И вие одите понатаму, но веќе преку волја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Еве што мислам јас: не, тој тип не беше прост, водеше таква политика за, што би се рекло, и волците да бидат сити, и овците на број.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Здраво, како сте? – на македонски праша еден од мажите. – Добре дојдовте. И вие сте од Руља?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Е, шо велите, шо ќе прајме со името? Ќе го дајте? - А вие? – го прашувам. - Не, ние нема да го дајме. Име не се дава. И вие да не го дајте.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Војниците се отепани во реонот на вашево село и вие ќе одговарате за тоа...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Која страчка останала без опашка, та и вие без маж? — Никој! (Излегува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Не знам госпоѓо, но и вие сте ми многу позната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пуштете сега и вие еден коњ да спие кај вас.“ „Будала некој, тој ваш отец“, со кикот рече девојката и пребрзо за нивното разбирање симна сѐ од себе и се прозевна. „Ајде кажете каде ќе се легнува?“ По подот лазеа чудни мириси на мастика, на лук и на женска топлина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но во спалната соба добрите парфеми ме смирија, и белите огледала, нежно-жолтите перници, многу скапоцености што знаат да го разгалат човека, но коишто како да се забранети и платени од решителноста што никој не би ја признал, па едвај и вие, што сте без корен...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А и вие самите може да станете друга личност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Бацко Стојо, и ти бацко Илко; и вие невести! Од денеска јас сакам да имам челад, и еве а ве — на скутот си а имам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Арно сега, токо колку ќе ми платите, до кога, да си знајме и вие и јас? — праша Стале иако беше согласен на секакви услови. — Колку? Колку е мунасип.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Така е, бре Калешко, така , така! Кога пазариш — пазари ѓупци, кога плаќаш одврзи ќесето плаќај туџарски, рекол некој. И вие сега, пазарите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А таму веќе пиеше вода еден стар човек. – Напијте се и вие водица и соберете си ја душата. Слободно. Без страв.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Скоро ќе стигне и есента и вие весели ќе дојдете да ме заколете.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ќе дојдете вие плеќести црни мажи и деца и неба и птици на овие брегови Трпко и ден и ноќ и ден и ноќ да нѐ барате нас мажи и деца и неба и птици Вардар престорени и мостје црно од грижи дали ќе се најдеме ние што го извишивме овој мост за нови плеќи и вие што ќе го извишите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
КОСТАДИН: Симке!... Да не е ѓоа?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЈОРДАН: Е, повели, зету. (На побратимите). Елате и вие горе да видите.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И вие, сега, си заминувате. Така било пишано! А, од пишаното, кај се бегало!”
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Современата уметност ја нема катарзичната улога поради едноставна причина што современите уметници не прифаќаат дека постојат „нормални” наспроти ненормални човечки услови; дека постои некој општ морален закон кому можете да му се вратите од абнормалноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На крајот на драмата, абнормалноста е превладеана и вие му се враќате на нормалното: моралното правило е обновено.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И вие се фалите со сето тоа?“ рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беше намерата на вознемирената Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А и вие, вели, ќе ме посетувате.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дојде, ги изведе на показ игрите на онаа неодмерена стрвница, или поточно бесрамница, а притоа како да сакаше да рече: јас ви подарив една тајна, толку од мене, а сега ви го препуштам редот вам, и вие да постапите на ист начин: да бидете дарежливи кон мене; да го изнесете од скришниот долап куферот на тајните што и јас сакам да ги дознаам; зар многу барам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од највисоко на најниско ќе падне, рекол, и вие ништо не ќе знаете за неа и за нејзина душа ќе раздавате, беше рекол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Зар верувате во лаги? — По осум години и вие ќе заверувате.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Настапвај и ти Армијо наша, - војници и тенкисти, со плутој, трактори врвете и вие, - врвете трактористи!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
- Оближете се троа и вие па белки догодина ќе посадите повеќе.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Да си помогнеме во овие наши размислувања и со песничката: ЗА СИТЕ НАС За птица да лета, цвет убав да цвета, дрво да се виши, човекот да диши, чист ветрец да вее, јагненце да блее, чист снежец да вее, сончев зрак да грее, славејче да пее, дете да се смее - треба да умуваме, треба да ги чуваме: зеленилата, шаренилата, свежините и убавините - и ти, и тој, и јас, и ние, и вие, и тие, за мене, за тебе за сите нас!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Што не кажа ти дека не знаеш. (Доаѓа до Американецот.) Пасапорт! И вие другите пасапорти, брзо!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сигурно и вие си имате работа како мене, ама што да правиме. Ајде, повелете дома.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Ништо. Навистина ништо“, рече авторот. „Само седнете и вие малку да поприкажуваме и – толку.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- А вие, по умот на мангупите од одделение, а? – ја прекина мајка ѝ – Тие до полноќ во Луна парк и вие со нив!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Каде ви беше главата да размислевте, девојчиња сте, ве сметавме паметни, а вие?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)