и (сврз.) - чини (гл.)

Отсекаде се чуја плачови и пискот силен, и чиниш, овој народ клет тој час го оплакуваше со својот лелек вилен најсвидното на овој свет.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Целиот спор, сосе второстепената постапка, беше енормно скап и чинеше околу 100.000 МКД (1.640 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За времетраењето на судскиот спор не беше ниту побарана, ниту пак изречена некаква времена мерка и Авдиќ не примаше никаков паричен износ, а не беше ниту здравствено осигурен од страна на работодавачот – иако тоа право му следуваше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пригушнат до гробот, тој молчи и чиниш во молчењето сака да ја најде душата на Ѓорѓевица за да ѝ каже колку му е тешко без неа, колку е несреќен во осамата и колку голема е неговата болка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најпрвин таму пребледува небото, станува розово, црвено, набабрено со пурпур и чиниш одеднаш ќе потече црвенило и ќе ја облее засенчената страна на планината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стои неподвижен и чиниш чека гром од ведро небо да се огласи и да го удри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој дожд тегнеше во неа еднолична мелодија но не можеше да избрише едно сеќавање на онаа ноќ под врбите во паркот, и потоа во неговата врела соба, кога праинсконската вистина ја отвори до срце и ја исполни: гаменот со голо теме може сѐ и чини сѐ што може.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го слушам јас тој молк твој што коле, тие нежни раце твои што ме угушуваат в раце ги чувам и чинам тих некој призвук тивја в мене да ме успие на твојата снага на твоето голо тело.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И чинат таа и натаму да се врти со есента со дождот и со ноќните шумови.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И чинев така од многу едно и од мало големо цела вечер и цела ноќ, и дури взори ја составив разбиената слика на ќерката на царот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Халт!„ рекоа и полека, како ловци на кои пленот им е в раце, се доближуваа, носеа во себе со тоа чекорење некоја урнувачка музика, занес на џинови се и чинеа што можеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со два прста ќе те турнам, пепел ќе си за во урна!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И чиниш од црн дроб никнал со бес викнал: „Ненужно од сон ме крена...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Месечината одблеснуваше со онаа своја болна светлина над маслините и чиниш рееше тагување над оптегнатиот лав во тревите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остануваше сѐ уште под неговото дрво, со исправена муцка, потсветнуваа матно и неговите очи и неговите секачи но молчеше, долепен до земјата и чиниш не дише.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој пречекорил некоку пати натаму, а кога застанал, пак расколебан од својата несигурност, мечката ја подигнала малку главата кон своето малечко до себе, го подушила малку и чиниш му дошепнала нешто притоа, како жена, покажала кон него, малото се свртело кон човекот и како дете, испратено да послуша нешто, дошло до него, завртело неколку пати околу него, со наведнат поглед што моли, а после седнало малку подалечку и го гледало, сосема исто како расплакано дете, дури така и бришејќи си ги солзите од своето лице со големите питоми шепи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едно време останаа тука сосема скучени, како некој да ги беше прибрал под стреа од нивната заталканост, која само по некоја среќа можела ете и да има крај и чиниш се чувствуваа незгодно од тоа гостопримство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вангел Русјаков е сосема до неа, тие безмилосно навлегуваат во неговите очи, ете, да не е оваа шамата што ја накрена жена му, ако ја пружи раката ќе стигне до разделот, ама од пусти срам, а и поради тоа што таму од кај другиот ѕид ги должеа вратовите машките на Коста Ципата, се заврте на кај Милка, се сви околу неа како колак и чиниш веднаш продолжи да спие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тука, крај нив, се и трите внучиња на баба Петра и дедо Костадин, зркнати во нивните очи и усти и чиниш секој лаф го впиваат во себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа што седи на брегот и чиниш некого чека сета од мермер и тага само ја живее мирно својата долга смрт
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ќе ме фати некоја жал да го оставам. Мислам дека некое насолзено око гледа по мене, вели, и чинам ај, пак врати се.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)