- Одите и фаќајте недолжници, зацимолел Симон Наконтик. - Јас овде ќе си ја чекам смртта, и слушал - пак дивиот петел си го разорувал грлото со крици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Филозофот забележа една тесна испакнатина на карпата, и фаќајќи се за нерамнините се искачи нагоре и почна да го препишува записот од долните редови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И така, „војничето“ проколнато од луѓето, штом ќе пораснеше, го напушташе селото, како кукавиче одгледано во туѓо седело и фаќаше некаде без трага...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ќе се поделиме на две групи. Едните ќе одат со Онисифор Мечкојад, другите со мене. Неколцина ќе останат околу селово на стража.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Методија ги дофаќаше предметите, се држеше да не тоне, но не излегуваше, туку мавташе со нозете, напињаше и гледаше да дојде до оглавот на магарето, да го фати, да го извлечка и него; но кога ќе му успееше да го фати за оглавот, матицата на водата ќе го зафатеше да го влечка и тој пак го отпушташе и фаќаше надолу.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И фаќаме нови позиции.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Што може да се случи? Газиш по истите стапки и фаќаш на истите места каде веќе еднаш ти фатила раката.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Бело-црните штркови носени од топлата струја на ветерот вртат широки кругови над водјето и фаќаат висина повисока од ридјето на Пелистер и Галичица.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)