и (сврз.) - уништува (гл.)

Деструкциската уметност би требала да биде политички влијателна и општествено ангажирана, пракса во којашто уметникот се бори за растворање на институциите на моќта коишто дехуманизираат, експлоатираат и уништуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ти се чинеше намерно сѐ убиваа, сѐ изгазуваа и уништуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не настрадуваа само житјата и бавчите, туку и овчарските кучиња: ќе се здавеше некој овчарски пес со нивните, со `ртките и со загарите, а тие ќе го земаа на нишан со пушката и наместо мртов ќе го оставеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Почна да потценува и уништува сѐ околу себе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Звукот, кој наликуваше на болно откорнување на некое тело во совршена симбиоза сраснато со некое друго, го уверуваше дека зад овој предел, макар да е само овде, се крие божјиот допир кој спојува и разединува, кој создава и уништува.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како резултат на реториката на Студената војна и трката во вооружување Мецгер ги прочистува дијалектичките аспекти на својата теорија проширувајќи ја Авто-Деструкциската уметност во Авто-Креативна уметност и брусејќи ѝ ја идеолошката димензија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во кој слободно можат да се лажат и уништуваат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)