и (сврз.) - стигне (гл.)

При крајот на овојата „беседа", се ослободи и погледна во публиката од еден ред во друг и стигна со очите до третиот каде што стоеја Бојана, Достите и до нив малата Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Момите се скараа која повеќе да собере од парите, а деверите се провреа меѓу нив и стигнаа до средната врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отиде да ја брани татковината и стигна до Подградец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Слушаа луѓето и во чудо се прашуваа: Како, низ кои далги, низ кои витли, низ какви крточини талкал и стигнал во далечната земја нивниот бик.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се пробив низ народот и стигнав до предниот ред.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја преминавме улицата и стигнавме до раскрсницата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Под сенките на густиот врбјак го поминавме денот и ноќта, по полна месечина ја преминавме границата и стигнавме во Медово каде ја преспавме ноќта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оттаму тргнавме да се бориме со балистите и стигнавме во селото Бенче (Порече).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ЌАФА - БЕВМЕ НАСЕДНАТИ ОД ВОДИЧИТЕ
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)