и (сврз.) - пребарува (гл.)

Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко ми и Чанга долго во ноќта чекореа по собата, бараа и пребаруваа во книгите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Цела ноќ мислев и пребарував каде да те сместиме, ама за тоа никому не кажав, мислев кога ќе стигнеме тука.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се правеа потери: се опколуваа и пребаруваа сите места во селото и околу него, се правеа проверки и во другите села, упаѓаа џандарите ненадејно во куќите, плевните, кошарите, бачилата, пештерите, се пребаруваше секое делче каде што се претпоставуваше дека Анко се крие, но безуспешно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)