Пред да се чкрапне сијалицата, темникавоста на одајчето ја бркаше вжештеното отворче на ќумбенцето, Перса и Пелагија во разговор на креветот, а малечката Пела, седната над едниот садак под прозорецот, му зборува на внимателниот Мурџо, малку подалеку од неа, кој чучи на задните нозе и потпрен на предните.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Време е за пиење кафе и белолаглави старци седнати крај масите и потпрени на крлуци, го чекаат својот филџан. Ги поздравуваме, ни отпоздравуваат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Рада повторно ја фати средината на автобусот и потпрена до топлото стакло се препушти на сонот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Само малку е приподигнат со главата и потпрен со сламена перница под плеќите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од рацете уморни одлета жолтиот срп и потпран на ридот се загледа в тихиот крај...
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)