и (сврз.) - помине (гл.)

Човекот го извади врвот од белиот јазик, го лизна местото каде што требаше да му бидат усните и помина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зашто уште до вечерта дознав дека Баџата уште вчерадента го затвориле, а мене, зошто на висока функција, прво ме сомлеа низ критики и самокритики, ме исклучија од партијата, ме сменија од функцијата и поминав само со една година физичка работа како градител на одморалиштето во Отешево, во Преспа...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Одеше низ куќата на прсти и помина баеги време додека ја кажа вистината за себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Нема денес колач – мирно одговара мајка ми – тамам мислев да го почнам, се расприкажавме со Бреза и помина времето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Што сакаше да ми кажеш за девојката?“ прашав. Како да се изненади.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сакав, сега не сакам. Било и поминало. Мал си ти за младоженец. А ни куќа, ни куќиште.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И поминаа денови и поминаа ноќи, а Трајко го нема и го нема и никој не знаеше каде заглави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Другиот се потпира на отворената врата и поминува со дланка преку мазното лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сара и јас понекогаш зборувавме за мајчинството, и еднаш Сара ми рече: „Докторите ми велат дека мојата болест нема да ми попречи да станам мајка,“ и помина со рацете по металот околу своите нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја зедов влажната крпа која лежеше на масичката покрај креветчето, и поминав со неа по неговото чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Хајнерле пак се освести. Ја погледна куклата на својата малечка рака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара секогаш зборуваше за мајчинството како за нешто што им се случува на другите, како нешто во што може и треба да помогне, ако некоја мајка се нашла во невоља.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ја водам Уља меѓу нив и ѝ кажувам да вели: ״Поминав меѓу две секири, а не се пресеков, поминав меѓу две води, не се удавив, и поминав меѓу два огна, не се изгорев.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, и тоа помина. Би и помина. Ама војната не заврши на тоа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето седат на лединките и сега си кажуваат за ти реков, ми рече, за што било и поминало. Како да се покрсти излезени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)