Во очај косите си ги кубеа, вриштеа и пиштеа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Да се молчи, да не се засилува огнот со железо, да не се загризува неначнат леб, да не се оди по главни друмови, да не се гледа во ноќното небо, набаре непознати, како никогаш да не се виделе, како никогаш да не се допреле: сега сме два живи камена, некогаш само ветар меѓу нив ќе се провира и пишти...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Понирала под земја и пиштела, се тресела и се превртувала, и пак не знаела што да прави со своите води.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Веќе следниот миг јуреше кон нас тоа пламено чудовиште, наказа несреќна, вриштеше и јуреше и тоа право кон Стефан Писмоносецот, Лествичник сега што се викаше, и пиштеше: „Синко, сине мој, зошто на огнот ме предаде?!“, а ние сите во огненото тело го созерцавме отец Мида.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тие ја удираат по раце и таа си ги собира кон устата, си дува во прстите, на удреното, и пишти ко квачка што го рани пилето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
После почнаа да нѐ надлетуваат Птиците. Летаат и пиштат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Песочниот часовник густо ги реди секундите една до една со резок звук што шишти небаре се превртува змија заградена со оган и пишти оти ѝ нема спас.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мене ми бега мислата кон воздушните струи што вестат снег, кон трпките на мазното тело што гази снег, кон човекот што го погребуваме, а таа го напушта погребот со изговор дека ѝ ѕемни, дека не може повеќе со жалните слики и заминува со автобус.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Минувајќи, црната сила на неговото рамо го смачка преостанатиот коњ и јавачот стотина стапки наспроти одронот, пиштејќи и пиштејќи, со змејски рев, со огнот насекаде, околу, под него, розов, портокалов сончев оган со големи меки перјаници од заслепувачки чад.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Го гледа Ангелета, не го пушта од очи, како срцето да ѝ го носи в раце. Го гледа и пишти.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се држиме така сами двете, ко утки во полето и пиштиме, ко потполошката што пиштеше по Ангелета.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)