и (сврз.) - најде (гл.)

— Да му влеземе на Чешелка; којзнае дали ќе и најдеме тие пустињи во казанот! — предложи еднаш Мачникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Совет: Во случај на зголемена анксиозност или престимулираност, не дигајте паника, останете мирни и најдете некој седатив кој ќе го ублажи дејството на амфетаминот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сега оди и најди го десетарот и кажи му дека наредив Циљка да стражари трипати преку ред!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама пред тоа мене да ми земете метро - по должина и ширина и најдете ми добро, проветриво место, со широк поглед во далнина и висина, на врв рид, каде ветерот на зајдисонце меѓу дрвја и лисје приспивни песни ќе ми свири, во рани зори славеј ќе ме буди и дождец во спарни долги лета ќе ме лади...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Море наполни ми ја порцијата со таа твоја помија и најди некое зрно повеќе. Ти пливаат, море, зрната, како што ти плива умот, море, шутрак шиклест...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И најде: да се борам, требаше да се борам со сјајот во твоите очи. Тогаш во театарот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А и да не ги споменувам трговците со ништо, Пишпирик и Барбут- бег.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога и тоа го завршивме, ја пребаравме одајата и најдовме сандаче. Го отворивме и онемевме. Пред нас лежеа дијаманти, со години собирани во рудничките јами.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оде што оде и најде еден извор, та појде и се напи една вода; до изворот најде емиш зрел и си скинал та се поранил, оти беше умрел од глад.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Кога знаеш што прашуваш? За таа пушка нечии прсти ќе исечам.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Но зошто ја бараш од мене?“ „Челник си, реков. Се заколна дека ќе се грижиш за нас. Стани и најди го крадецот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откако подели што подели и најде некаков спокој во душата, друга мака го фати.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бараше, бараше и најде. Ама и си го најде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)