Негде се кинеше на слогови невесел и истрошен глас, песната од ослободеното грло беше сонлива и лазеше несигурно по земја.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Било некако време за икиндија, молитва во предвечерните часови, и се спуштале над нив, сами и изгубени на плитка вододерина, мраќава и есенски дожд, и веќе се стемнило, а Турчинот, во тишината со сосема ретки истрели, го заборавил својот алах: стиска нож и лази кон слепиот проклетник, ќе го коле, ќе ја одмаздува верата и честа на Империјата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ќе ставеше во торбичката леб и вода, и штом трубата ќе писнеше за спиење, тој низ жиците се протинаше и лазеше низ тревата како дождалец додека се оддалечеше од касарната, и спраштуваше да го нема.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Томчо се исправи на рацете и лазејќи се доближи до разлистениот глог. Полека се привлече.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Само ги стегам забите и лазам, се влечкам, се закрепувам на камчињата, на мракот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Разни лиоти летаат и лазат, вели, и сѐ те заебава: муви и болви и вошки и пајаци, и змии, а ние врвиме крај логорот, вели, здравите војници избегале, само болните се тука.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И лазам низ пругорно, низ прудолно, низ тумбиња, низ длапчиња.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И лазиш ко ѕвиждалник по земјата, а на земјата мислиш дека поминала некоја речна матица и дека се покутнала, раскорнала, раскопачила и залејала.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го вадам ножот од пушката, пушката ја оставам, и се измолкнувам од окопата, ја префрлам. И лазам со ножот в раце.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)