и (сврз.) - зјапа (гл.)

А таа, сита од тешкиот здив на тој до кого лежеше, се поткреваше на лакти и зјапаше во темницата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Времето главно го минував во хотелската соба, сокриена со дебели, кадифени завеси - и зјапав во телевизорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, без разлика на сѐ, девојчињата врескаа во хистерија од задоволство, аплаудираа; една дури дотрча и ме бакна во образот, а Земанек стоеше веќе неколку мига со моторот под себе и зјапаше во мене како да го видел Свети Петар.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)