и (сврз.) - здогледа (гл.)

И во тој момент завриска така што се слушна низ целата шума, уште посилно и погласно отколку тогаш кога бегаше од синот; завриска како жив човек, во длабок страв за својот мртовечки живот; ја протресе ногата, а по лицето веќе му течеа лешински солзи, и одеднаш низ неговите неживи, заматени очи, ококорени од ужас, се искрадна сеништето на човечка свест...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И најпосле нешто се прекина... Старецот во себе слушна пеење и здогледа непрегледна трака како доаѓа и го прекрива целиот свет... Неговата душа заминуваше во нова, непозната сфера на постоење... 80 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И потоа, целиот кревет, со отец Лаврентиј излета низ прозорецот, уривајќи го ѕидот и исчезнувајќи во далечините, таму каде што веројатно се спојуваат небото и земјата во темно, ноќно ветно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Отец Ангелариј скокна на нозе и здогледа кобна глетка: среде одајата, високо во воздух лебдеше креветот на кој беше врзан отец Лаврентиј и целата одаја се исполни со розова светлина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Еве го, еве го пак, доаѓа по мене!“ викаше отец Лаврентиј на сет глас.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тропкањето со непознато потекло му ги отвори очите; ја сврте главата кон прозорецот и здогледа врапче како со клунчето кљовка во дрвената рамка и повремено, накривнувајќи си го главчето, фрла поглед преку стаклото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)