- Ајдее, веќе три пати ти кажав. Престани да бладаш и затвори ги очите. - на Младен ракијата веќе му беше стасала до петици па ’рчејќи го совлада сонот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
— Исклучи го светлото и затвори ја чешмата!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
БОЖО: Оди прошетај надвор, залажи се. И затвори го капакот да нема провев.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Што си се здрвил, влегувај бргу и затвори ја вратата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Фронтот ќе се отвори и затвори, си велеше Трајан, а свадбата ќе помине...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)