и (сврз.) - запре (гл.)

Тој тргна неколку чекори натаму, арно се загледа и запре. Не прилегаше како за крчма.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа беше еден од нејзините најмоќни начини да ја изрази катарзата на семејната среќа, запрена на некоја од непредвидливите меандри на егзилот, потоа извишена и запрена врз облакот, како во слика на Марк Шагал, спасена од фаталните граници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Стигна и запре во Клисура колата со ковчегот во кој лежеше Сане Сандин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пооди, пооди, чинам, и запри, наслушни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чинам пооди, пооди и запри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Запали цигара и запре тука, откривајќи дека попладнето веќе одминало.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А на мен срам уд такви лафои, му лафам ним бре синко су такви лафои, само адна удајка, нишчо друго!... и запре, одеднаш се прекина, чиниш е срамота што ја кажува својата мака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја следеа, ја дополнуваа со познати и со непознати имиња, семејната линија која стигна и запре крај Езерото, со речиси сите свои припадници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вели: „Нам, на селаните, среќата ни е променлива, а несреќата постојана“ , велеше Лазор Ночески и запре возот, штракнаа катанците, штрангите, се отвори вагонот и се рашири некоја светлина што се турна во вагонот што се бувна во нас и што после тргна по нас, и нѐ загледува така - гурелави, со пострупени клепки и усти, потечени под очите, со потргнати образи, обесени, разбушавени и со сламки, со осилки во косата, со кучешки болви; нѐ тераат војници, небаре метилави овци, пропрснати и со подмакани слабини, ни тропаат коските, војникот што ни отвори 119
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислам дека сум го згрешил патот, дека кон друго село одам. Чинам пооди, пооди и запри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чинеше тргни и запри. Јас склучкај се, превиткувај се и офкај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отец Висарион одеше напред и за ништо не се противеше. Ја прејдовме мртвицата и запревме во нивата зад врбите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така одиме низ полето, пееме. Пооди, пооди и запри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чиниме дојди до некаде и запри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)