Бојан често се распрашуваше кај деда си за имињата на околните места кои укажуваа на едно далечно минато, на поинакви времиња, а момчето сакаше да се нурне во тоа минато, да ја разоткрие и запознае и од таа страна својата сакана долина, но и дедо му даваше нејасни, колебливи одговори, што значеше дека многу работи и тој не ги знае.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ми приоѓаш од позади, ми ги затвораш очите и ми велиш: „Погоди која сум и запознај ме со истата!“
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)