- Не сум Фјодор. Јас сум Васил Калашњиков - споро рече дедото Васја и заплака.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Кога стариот Бен Џонсон од Оклахома се наведнал над неа, го видел својот сув лик во нејзиното млако око и заплакал.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Дедото го одведоа неколку чекори налево, го свртеа, го оставија со грбот кон купот од земја.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Но видов, видов сега дека згрешив. Не требаше, не требаше, учителе, - и заплака.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Милка се наведна над клупата и заплака. Срам ѝ беше да ги крене очите и да ја погледне учителката и своите другарчиња.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ги заби двете шепи меѓу врелите и козји и ѓаволски влакнести бутини и заплака.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тогаш, во собата, првпат откако доаѓам во Маказар, заплакав. Се згрчив, како ѕвер, и заплакав.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го пречекав во Монастир. Се испрегрнавме и заплакавме. Го довезов до Маказар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)