Тргна и запеа: Не седи, Џемо, слободен, ајде, Под таа круша горница, Џемо, Крај таа река Ситница, На таа нива орница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Со тешка издишка се отпушти пак разочаран и запеа пресипнато, протегнато, пијански, како да го дават:
- Нема Ботев, нема Левски, нема Караџата...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Застана на ритчето, што е пред селото и, викајќи Вива Италија, аванти Италија, и запеа: Бандера роса ла триумфера...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Запејте! И запејаа: високо црвено ѕвоно што ги ниша Алпите.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Аларах демне зад Алпите и чека Римјаните да му го донесат златото. Насетувам знаци, велеше, кои повикуваат на песна.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И запеа. Луто, плачно, крваво. До крв и за крв.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Предводникот викна: - Песна! Песна да се ори! И запеа прв.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се успокои, па викна дури и запеа. После спокоен, им дозволи на другите да се изладат во бујната Црна, која беше полноводна и пролетва, како есеноска.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Потоа го потера коњчето и запеа: „Дидили-дидили, Темелко, крши витка, макај тиква, дидили-дидили, Темелко!“
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)