и (сврз.) - донесе (гл.)

И Крсте, како и Неда, долго време не заспа и донесе решение утре уште на првиот час да ја погледа та ако сакаат сите деца со се даскал нека го видат и нека го тепаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Направија нешто како касарни и донесоа војска во нив, но не смогнаа сили и да останат долго таму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ниту еден од карваните со зајре, наменет за војската, цел не стигнуваше таму; уште од местото на тргнувањето бунтовниците ги преследува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сетне си ојде турцкиот аскер, дојде грцки аскер... По него дојдоа Френците и донесоа чрни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бидејќи немал што друго да прави, дедо Геро ги послушал, отишол в село и донесол зајре.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А, всушност, ставен си под лупа, те опсервираат и донесуваат заклучок конзилијарно, без невестата, да не речам млада, дека млада више не е.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Смуртено стана и донесе шише и две чашки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ама, вистински би се препалил да го знаеше и ова: илјада и петстотини јаничари беа пуштени по Румелија и тие требаше да испофаќаат и донесат назад во Турција уште двапати по толку млади робови на околу петнаесет години, што ќе ги држат после под строг надзор уште шест години, додека да станат јаки, скромни и послушни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Утредента дојде кај него и донесе во своите коси свеж ден и влага на облак и уште нешто: насмевнатост во лаковите на ноздрите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
МАРА: Кате, подај ми ја, ќерко, кутијата од кафето и донеси филџани.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Со многу дискретен, префинет но одлучен манир им пријде на дамите, им пружи рака да им помогне да станат, да се исправат, отрча до кај бакалот и донесе две чаши вода и шеќерче да се смират.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Новата власт започна и со реквизиција, собираше месо, жито, маст, сирење; постави нов кмет и донесе нови мрежи за ловење риби и им ги раздели на рибарите да фаќаат што повеќе риба; власта ги пречекуваше рибарите и уловената риба ја делеше на два дела: еден за рибарите, друг за власта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Отиде во соседното село и донесе мачка и мачор.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од кај корчанското поле се зададоа црни облаци, секавици расекоа небо и донесоа бура која над нив се разлоши и разлуди.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Регулирано е и вонсудското т.н. мирно решавање на работните спорови и донесен е посебен закон за стечајците, но дури по долготрајниот притисок од стечајците и со доста ограничен опсег.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Трајче се врати и донесе полна матерка ладна вода.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тогаш ништо не ми рече, само уште еднаш отиде до чешмата и донесе вода во кофичето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Донеси го сега јајцето, вели Григор Бакалот, и донеси ја урката со јајцето. Сега ќе амкаме, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)