Ги познав домаќините што ме испратија со свое колило по лесновски камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дури и даските што порано биле лулашки беа искршени и висеше само една штица на која можеш да се исечеш ако не внимаваш.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А тој ми рече: господине, имате нешто на маицата: Јас погледнав надолу, кон стомакот и се стаписав: на мене стоеше брошот на Луција, црниот пајак со златни нозе; се беше закачил со едната нога и висеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Околу мене летаа зелени лилјаци, се закачуваа за мене и висеа стрмоглаво кон труповите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нивната куќа во Маказар е урната, заправо едната половина ја нема, а другата е заодена ееееј, натаму, кон патот, и виси како навален прашалник.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)