и (сврз.) - четириесет (бр.)

Седумдесет авиони кои полетаа од аеродромите во Лерин, Рупишта и Кожани во пет часот наутро ги нападнаа позициите на ДАГ, а половина час подоцна, рововите и бункерите почнаа да ги бијат сто и четириесет топови, уште толку тешки минофрлачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во секој случај, бројката од шеесет и два милиона не беше поблиску до вистината отколку бројката од педесет и седум милиони, или од сто и четириесет и пет милиони.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби триесет отсто од невестите денес пометнуваат. Кога ќе размислам подобро, и четириесет отсто“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На пример, Министерството за изобилство беше предвидело производство на сто и четириесет и пет милиони чифта чизми за тој квартал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На триста и четириесет и првиот ден од годината што истечуваше, Старата Година, елените на Дедо Мраз се видени како наслегнуваат во падината на најмалата државичка на светот, Дардаванија, татковината на Добре, најдобриот човек на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)