и (сврз.) - десетина (бр.)

Ги снабдоа вепрчани дента со леб и Андон ги испрати по сртот Зелка, Ѓурѓишта, Трибор, Перун, Козјак, Добро Поле, Соколот, го фатија Кајмакчалан и си отидоа на мушата: Леринско, Воденско и Костурско, да се сретнат со Иванов, поп Трајков, Апостола, но без Цилета, бидејќи и тој падна во ова време како Пешковчето на ЛиЃураса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дадоа некако знак за повлекување на исток и се источкаа низ растот тие што останаа живи; се ставија со Толевци, оставајќи го Пешковчето и десетина петнаесет четници и на овој црн врв.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Испомешани и стуткани еден до друг, на вреќи наполнети со лисја, седат членовите на анкетната комисија на Обединетите нации и десетина припадници на Демократската армија на Грција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти, проклето ајдучко копиле, цедеше од себе, и тогаш на крајот од мочуриштето, и десетина ноќи по тоа, кога првпат влезе кришум во туѓ стан.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го остави подолго време добитокот надвор, убаво ја исчисти кошарата и во чест на јужниот ветер, говедата и овците, покрај зголемената дажба од сено и царевиње, добија и десетина грсти крма.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, според старата добра навика, примена од деда си, се спушти прво до поточето што гргореше на дваесетина чекори под колибата, од нејзината југоисточна страна, и десетина пати се плисна по лицето со студена вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега лежел на десетина чекори од нив, без свој човек над глава, вдовец но со три снаи и десетина внучиња, сам, под дрипава гуња, мудро насмевнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој крај средниот оган споменал дека видовитиот Дмитар-Пејко, пред злата крв да му го покрие разумот, расправал долго и со благ занес во очите за благородноста на човекот, за дарежливоста на земјата, за силата на водата; секој збор на старецот бил светол и звучен, до проѕирност измиен со мудрост; прикаските имале подлабок корен и од самиот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште една штица - патоказ со истиот натпис и десетина чекори од тука две споени карпи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И десетина претпоставки за оваа улична трагедија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти, проклето ајдучко копиле, цедеше од себе, и тогаш на крај од мочуриштето, и десетина ноќи по тоа кога првпат влезе кришум во туѓ стан.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)