зашто (сврз.) - ќе (чест.)

Секој што е посматрач однадвор може само да претпоставува, а единствениот што е внатре не може ништо да каже зашто ќе изгори - како што прегорува дивиот белутрак суво нареден како одвнатре изѕидана варница во делотворен варовник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако се вклопува, во ред; ако пак испаднат несварливи, повторно е во ред, зашто ќе го потсетат гледачот на артифициелноста на правењето филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Не смеам да заспијам зашто ќе ми исчезне во сонот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
ФРОСА: Така е, многу да не седи зашто ќе се заборави за ваму.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Застани - вели сопругата. - не оди натаму зашто ќе нема со што да се вратиме. Ќе ја уништиме колата. Враќај се.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Другата мајка, ако се реши татко ти пак да се ожени, како таа што ве родила нема да може да стане, но може пак да биде многу добра и да ја засакате, зашто ќе ве гледа, ќе ве подига во добри луѓе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Убеден сум оти ќе бидете задоволни, зашто ќе ви ја ишка грижата и тагата од челото, ќе ве заспива и ќе го чува сонот од мора и морничавост, од натрапници, од нечисти мисли, од вампири и зли духови, од бајачи и уроци, од сонокрадци, зашто нема ли сон, човекот е мртов.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Детето-слушател на првобитните приказни ќе биде разочарано кога, како возрасен читател, ќе открие дека она што го сметал за најчиста вистинитост на своето искуство - и како несомнена стварност - било само „литература“, зашто ќе се покаже дека не сме „сами“, односно единствени, за кое пишува Томас Ман, но и нешто повеќе од тоа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не заборавај да си купиш, но внимавај да не ти ги откријат цариниците, зашто ќе те изгорат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа теорија беше опасна за српските интереси во Македонија, зашто ќе ја повлечеше по себе согласноста на Србија да се образува одделна македонска држава и со тоа Србија не ќе добиеше ни еден дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Онемете вие еднаш бранови на дивите црвени води, што притискаат под кожата, зашто ќе препукнам веќе и никогаш не ќе се слуша песната на гулабот што одминува...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Добро е што побрзав зашто ќе ми го земеа од пред носот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас - како Снешко декемвриски, а ти смрзнати грутки снег, со срце врело зашто ќе се врати оној „првиот“... и пак со љубов и поглед ќе ме топиш мене. Твојата снегулка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Исправи се во април, а јас ќе отпатувам во Белград, понеси ги со себе сите песни на Здравко, а во мај ќе бидам невеста во розов фустан, таков сонував од мала... потрај како мај, барем 31 ден, те молам, за да бидам најубавиот јуни кога ќе бидеш летало од радост, зашто ќе ти кажам дека ќе станеш татко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па, ако е д-р Костадинов или д-р Темелковски, да ставиме карминче зашто ќе дојде за итниот случај.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од тие со и без стан и автомобил, подобри се бездомниците зашто ќе си го прибереш дома и ќе ти биде бескрајно благодарен, а, нормално, позгоден е и ако вози велосипед, зашто се движи пеш или вози, па барем долниот трап му е навежбан.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Најмалото, фатено за нејзината рака, се смееше поради доживувањето, чиј денешен еквивалент би бил патување во Египет, зашто ќе оди кај тетка, а таму ќе има и гравче и посна сарма и кикиритки и леблебија... и по малку суво грозје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А, ако си далеку - неметено ќе ти биде зашто ќе ја болат нозете од пеш одење“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога ќе ги снема, а ќе ги снема, зашто ќе мораат да си отидат, тогаш сѐ ќе биде по старо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А со очи веќе го бара стопанот со недопуштена стутканост на лицето: не му се нужни парите зашто ќе му остане часовникот за кој, итречки но без уверливост, сака да докаже дека е од злато.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Живеам во една сказна, а излегов од неа зашто ќе ти треба мојата помош.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не сфаќам што ми зборуваш. Ќе сфатиш кога ќе дојде време.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во ранецот носев пиштол илегално, тоа го знаеше само другарка ми Цвета.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Впрочем, мене мојот татко ме учел дека не треба да се галат децата и дека тоа може да го направиш само кога спијат и не те гледаат зашто ќе се разгалат. Глупаво однесување!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го имав убаво спакувано во, не сакав да го пријавам зашто ќе ми го земеа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На Цвета маќеата нѐ убедуваше дека барем вода треба да пиеме зашто ќе се разболиме, но јас не се согласував.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но Мил им велеше на луѓето: - Не голтајте апчиња, зашто ќе станете имуни, та после ништо не ќе ве заспива.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А да немаше ништо, ќе си умреше мирно, спокојно, како јагне, зашто ќе немаше за што да пека, за што да жали. Ете така, снао...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се смее зашто ќе ги погубам родителите и брата и, а? – Се насмевна кади-баба, и рече само два збора: Ако ги фатат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Немој да лажит некого умот да прескокнат, да бегат, зашто ќе рипни на јатаганите и ќе истурит цревата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само нешто го штрекна во главата, кога се сврте назад и ги виде беговите што јаваа по него; зашто ќе треба со нив да го дели пленот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Изутрина, кога татко излегуваше за на дуќан, мајка му рече: „Денес, Јордане, порано дома врати се, зашто ќе дојдат нишан да разменат.“
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Нема што, нели е мерак, согласен сум... Само, сите свадбински редови и адети да се исполнат...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Во сојот не чепкај, зашто ќе се испечеш! Не ти се допаѓа? Подобар е од твојот и почесен!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И навистина во анчето на сина му Трајко седи дедот Петко, си го чури лулето и шеретува со неколку старци. Зашто ќе зборуваат Мариовци, ако не за жени?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не смееше да се жали зашто ќе добиеше заушка од Горниот...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Лопаташ дење, лопаташ ноќе. Не смееш да го оставиш снегот поише од два саата зашто ќе замрзне.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И тогаш почнувам ново семе да фрлам пред очајот на пролетта зашто ќе остане сепак нешто на веков да се изврши над смртта дури да ѝ за 'рти в срце.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Вечерва ќе пуштам еден филм во Тиволи...“ „Престани да ме викаш зашто ќе те убијам!“ 44
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- А што стана со Високиот? - праша Јован. - Удри со главата на карпата, а неговиот другар падна под предното тркало на камионот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А таа, минувајќи покрај него, му подвикна: - Дебелко, не потпирај се толку зашто ќе ти се скрши... патерицата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Море како останав жив, прашај ме, - со навредлив глас се одгласи Коста и замоли: - Оди, жити здравје, и донеси ми ја гуската зашто ќе се измочам в кревет. Оди..
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Високиот, мајчичето негово, сакаше да стигне порано тука, во Елбасан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не зашто ќе мислат дека бил прав, туку зашто се крв од неговата крв.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Уф, бегај ми од пред очи ти, кукумјавко, зашто ќе те здробам како сува пиперка!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Чекај, стој, лелекало! Кажи од каде знаеш дека Арсен кинисал?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Стој, зашто ќе ти ги искршам нозете со тој дикел.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Чорбаџијата сакаше да ми ги исече мустаќите, сега ти сакаш да ми ги искршиш нозете.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Само на една грозна чапја не ѝ ја сврте шијата како на другите, туку ја пушти назад ставајќи ѝ прстен на ногата на кој напиша: „Почитувани цареви и кралеви, не пуштајте ги овие птици ваму каде што не им е местото, зашто ќе ја доживеат судбината како што ја доживееја вашите војски...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Слепиот Тимон им викаше на луѓето: „Работата гледајте си ја, луѓе: не одете по умот нивни, зашто ќе ви го однесат; и персискиот цар не видел аир од нив: за да им го олесни тешкиот живот на луѓето, побарал од царот на Индија да му испрати даровити музиканти што ќе го веселат народот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Знала зашто ќе да ја прииме, и тие ја испадиле.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И видела незина пасторка зашто ќе да биде похубава от неа, и ја научил дјавол да ја убие.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Треба да внимавате зашто ќе ви треба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со здравје синко... - Здравје да имаш, дедо Крсто, и немој да ги жалиш парите зашто ќе имаш внука учена...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Само дрдорите и човек да дремне не може. Ајде, доста, ниту збор повеќе, зашто ќе се налутам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Не лутете се, - рече таа, - некое време ќе останете без приказните за заспивање, зашто ќе морам да го пишувам романот, а потоа ќе го правам секогаш откако ќе си легнете. Време за губење немам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Малку“, рече. „Зашто ќе сакам што поскоро да те видам пак.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)