Ние треба да создадеме таква положба – да нема во Македонија ни бугарски, ни српски ни грчки интереси, зашто таму нема Бугари, Срби и Грци, ами има само Македонци од словенско потекло и некои други македонски народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се држи за гради зашто таму нешто му свири; непрекинато долго се закашлува, посинува, се гуши и никако да ја откине и да ја исплука кашлицата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Додека се возев кон „Орли“, радиото соопштуваше дека возачите треба даго избегнуваат булеварот„Магента“ зашто таму станала сообраќајна несреќа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А зашто таму, каде што се пазари, нашиот човек секогаш е надмудрен, секогаш во „печалба“, останат со поиспразнет џеп.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Има еден убав предел, о, беспотомци, во кој само пепелта нешто значи зашто таму вие препознавате траги од скаменет народ некогаш што ги множел сонцата - сега, вашето име, скаменето во студот врз вашиот крст.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Јас реков бунар да се ископа в село, зашто таму вода беше потребна уште повеќе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не одеше да посети некого, зашто таму немаше кој да го пречека.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На аеродромот во Атина тој немаше време да стане свесен за својот замор зашто таму веднаш го сретна некој Јани кој, бидејќи значително помлад, а веројатно и доволно љубезен, му го подзеде малиот куфер и се пикнаа во некаква негова кола.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А тоа Дракче, зашто таму во Охрид бугарската полиција го дошикала дека се меша со партизанските работи и морал да бега...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Можеби и немам на кому да му пишам и да го потсетам дека исто вака мирисаат во овј час тревите на Ерменија и на Македонија, можеби поскомињаво и полуто зашто таму тие се поени со крв и со гниење месо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Имаше место во последната клупа и изгледа дека беше задоволен со тоа, зашто таму, во аголот, другите деца викаа, се префрлуваа преку клупите, се маваа со сунѓерот, ги влечеа девојчињата за прцлињата и изведуваа стотици други ѓаволштини, тој седеше стуткан во својот агол, отсутен, со мислите далеку од она што се случуваше околу него.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Бошко беше среќен, ги откупија неговите три деца и жената, ги спасија од пазариштата на робја на Крит и во Едрене, каде што сигурно ќе ги однесеа, зашто таму цените беа повисоки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Така му зборуваше бегот на дедо и му велеше: - Откако постои папа, неговиот опуљ секогаш е свртен кон Исток, зашто таму се шири светот и богатствата...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Им велеа дека ги има во Поградец, во Корча и во Билишта зашто таму има православни цркви.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Имаше и други што ги стрелаа ПРВИТЕ БОРБИ Веднаш по завршувањето на обуката побараа доброволци за напад во Демир Капија, зашто таму се наоѓал непријателот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Да му речам на Луис Марија: „Да се земеме и да ме однесеш во Будимпешта, на еден мост каде што има снег и некој“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Останува само Будимпешта, зашто таму е студот, таму ме тепаат и ме навредуваат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Брат ми последен пат ми плаќа кирија. штом толку поради тоа се дере.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не знаеме каков вид дрво е. Се распрашавме, но никој не знае.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пред прозорецот на јужната страна од мојот стан се наоѓа едно мистериозно дрво.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога ќе ја добијам првата плата, ќе си купам ламба, една убава од месинг, а кога ќе заштедам доволно, ќе си купам и кревет од месинг и една од тие масички со дезен на шаховска табла, знаеш тие со коцки од различни бои дрво, како и неколку килимчиња, и потоа ќе ги поканам на вечера него и жена му; никогаш не би можел да поканиш некого на вечера во куќата на Мајкл зашто таму никој не ги мие садовите и нема ништо друго освен Боб Марли постери и нечистотија и напади на врескање.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)