Босфорскиот проток, и од европската и од азиската страна, сиот е претворен во ривиера и место каде што живеат позамошните, зашто овде, на благите падинки кои се слуштаат до црноморските води, секогаш е свежо и дува ветре, што ги ублажува пеколните жештини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Монпарнас“ има многу омилени катчиња, зашто овде се раѓале и живееле најголемите и најпрогресивните уметници - Бодлер, Верлен и други.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Убаво ќе беше ако и на туризмот му се дадеше поодредено место, зашто овде, во Белгија и во соседна Франција, постои големо интересирање за летување на нашиот Јадран.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се чувствува дека овде сè се движи, сè се испреплетува, секој некаде трча, ита; тука се среќаваат и нашите цистерни, со кои се влече мазут и нафта и уште многу други коли, зашто овде се наоѓа и нашата слободна зона...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Келн под мостот на Рајна има свои привлечнисти, зашто овде многумина се собираат, за разонода и забава со герлите, кои овде се среќаваат на секој чекор.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Луѓето одвај се распознаваа. Девојки имаше крај секоја маса а ретко со нив ќе се забележеше по некој гостин, зашто овде забавата чини за една ноќ колку една скромна месча заработка.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Па таа и во гробот ќе ти тежи, му велат, зашто не остави потомство да ја продолжи лозата; те мачи тоа, велиш, и постојано мислиш на нас: ги вртиш сликите, се потсетуваш и живееш со нас, со спомените, со минатото; го враќаш и оживуваш времето изгубено; тоа ти ја храни душата, велиш; ти ја исполнува празнината и те брани од самотијата; се чувствуваш како спасен давеник на самотен остров обграден само со минато; се храниш со него, зашто друго и немаш; го виде светот, виде и жени, зашто овде немаше можност: се жени мошне млад пред да знаеш што е жена...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мозокот почна толку брзо да ми работи, речиси се помирив со тоа дека ќе загинам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Потоа си реков – само да се доближам до моите, за да можат и мртва да ме најдат, зашто овде на никој не би му текнало да ѕирне и да побара.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)