Неа, Трајана Дамческа, мајка му на Ѓорета, зашто беше висока како далјан, и зашто навистина беше комитка, уште од пред востанието во Крушово 1903-та, никогаш уште оттогаш не го симна чифтето од рамена, сама управуваше со момците, со аргатите и со сиот имот на Дамчевци Џаџовци, жителите на Потковицата, и на сите околни села така ја викаа, Комитка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таа, Трајана Дамческа, иако беше жена, за сè што ќе се договореа да направат или ќе направеа жителите на Потковицата, имаше свое мислење и по свое го правеше и, мораа да ѝ се признае, повеќе пати работите излегуваа на нејзиното.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во Париз претставува своевидно доживување да се посетат неговите цркви, кои се стари стотици години и затоа секоја од нив е споменик, колку значаен за историјата толку и за уметноста, зашто навистина секоја од нив има своевидни знаменитости.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
XVII Грешеа, о колку грешеа тие, на кои требаше да им се прости зашто навистина не беа свесни што правеа, и кои како делови на една човечка машинерија, беа претворени во бесвесни инструменти, свесни само да остварат само дел од посочената цел.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Нема да речам фанатик, не затоа што тој збор упатува на еден вид патологија, туку зашто навистина не би било точно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И во сите одрази наеднаш, зашто навистина поинаку не можеше за биде, оживеа нешто што било чувство или копнеж во таа жена, брзо и јасно како отчукување на дамар.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На зарамнинките сега подолго се одмораа, зашто навистина беа уморни.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Паметам дека „мојата” куќа, нека ја наречеме така, зашто навистина беше таква што тогаш и сега, ја чувствувам како своја, беше ниска, само со приземје, покриена со керамиди, опкружена со висока авлија и голем двор со многу разновидно цвеќе и тукушто расцутени трендафили.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Биди внимателен кон неа, за да поживееш подолго на земјата, зашто навистина ја носиш со себе.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)