А за неа, за Благуна, да не се грижат, ќе трга сама што си направила.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Зашто е останато сирак, пишуваше, зашто татко му, Десимир Пенезиќ, загинал во боевите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Можеби не нè сакаат в село зашто татко ми уште по некоја по грчки фрла во пеењето.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Растеше по куќите во селово и сите го сакаа, зашто татко му беше загинат во војните, а мајка му сиромашка...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во една друга сказна мечката ја прибрала момичката - сираче, од лошата маќеа избркано, зашто таткото бил на печалба и немало кој да ја брани момичката. Мечката ја чувала од лошата маќеа.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Јас немав униформа, зашто татко немаше пари да ми купи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Но, јас се сетив дека треба да одам дома порано, зашто татко ми ме чека за да вежбам математика за денешната писмена, и така.. бандата се растури.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Навистина ја излажа (нејзе ја подлажа, а себеси се пофали) кога ѝ рече дека и самиот бил таков на нагови години, зашто татко му беше строг и секогаш бараше да му се кажува каде се движи, со кого се дружи и зошто задоцнува; а и режимот на животот по војната беше таков што градот рано потонуваше во мрак и немаше ноќни локали, освен одбивното бифе на железничката станица.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Потивко, Иване, и мајка ми е без работа. И во нашето семејство, ама само половично зашто татко ми работи - е присутен овој проблем.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Можеби вака мислев и затоа зашто татко ти никогаш не го правеше тоа, не ми ја бакнуваше раката, дури ни тогаш кога очекував од него такво нешто да стори.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)