Душата нема краишта, бестелесноста на небото не умира зашто смртта беше смешна пред убавината, пред она што луѓето ги правеше луѓе.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
А кога стивна бојот и кога виде морето како ги исфрла мртви неговите војници на брегот тој извика: на убаво место им е гробот и на најбезнадежно: под нив морето – над нив Елада, во сјајна бела кошула, сончев хиероглиф од крикови, зашто смртта е само обид да се заобиколат залудноста и заборавот!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)