Во XX век, во нивниот бес да се пресметаат со природата поради наводната индустридолатрија, капиталистичкиот, фашистичкиот и комунистичкиот систем ќе настојуваат дефинитивно да ја победат козата, зашто таа претставувала продолжување на традицијата и носталгијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не, зашто таа не смееше да биде болна.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Некогаш прочуената улица „Фридрих Штрасе“ денес не прлега на онаа кога била главна и единствена артерија на градот, зашто таа е пресечена со Ѕидот...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
До пред неколку годнини нејзиното име можеше да се сретне во културните рубрики на националните весници, зашто таа активно концертираше, по правило во мали состави од по три до пет музичари, и се разбира на камерни концерти кои беа главно задоволувачки, некогаш и мошне добро посетувани. Навистина, весниците никогаш не ѝ посветија поголем напис.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но смислата на овие нејзини зборови Соколе треба да ја сфаќа веќе буден, зашто таа му мина во тој миг како проѕирна измаглица меѓу лозите, тој сега ги гледа пред себе само мирните зелени лози и гледа дека сето ова што го доживеа било само сон.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Само Орде беше сведок на генералната репетиција за тоа калемење, зашто таа се вршеше меѓу четири ѕида, во сопчето, каде што на масата лежеше книга отворена токму на онаа страница што го илустрира калемењето на засек.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Заправо погрешно би било да се рече - се крие, зашто таа толку видливо се покажуваше!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Визурата е друга, вистината е истата, зашто таа испраќала и пречекувала и победници и губитници.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Алиса малце се зачуди зашто искинатите кочници беа мачја кашлица, освен тоа беше недела и немаше скоро ич коли а таа возеше полека, едвај и да ги вртеше педалите, но сепак се израдува зашто таа уште од порано очекуваше луда да стане. (Сакаше да вози голем мотор, но тие не ѝ купуваа. ) А во градот лудаци немаше толку многу.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ништо од тоа, а депласирано е да станеш кога и таа и да ѝ се придружиш во испраќ ањето до дома, зашто таа не само што си оди во друштво туку и не те погледнува да се збогува.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Цвеќето нема грб”, се сети Грдан, но не знаеше до каде да оди по неа, зашто таа можеби тргнала во бањата или во спалната.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Уште пострашно беше тоа што змијата не беше тука, зашто таа можеше да биде секаде.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Инаку таа сѐ уште беше заробеник на болката зашто таа беше таму како некој чувар кој постојано набљудува и демне.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нели, чудна шега на оној што ми шепотеше во увото?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зошто го велам ова? Токму затоа зашто таа тромеѓа воопшто не постои.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Џоан Крафорд е еден од трагичните ликови на ѕвездувањето, зашто таа е една од малкуте што знаеја точно како оди и што значи тоа, а, пак, ниту нејзе не ѝ успеа да го совлада...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
-Почитувај ја и смртта, зашто таа е природна.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Вера сакаше кај неа да биде Ели, зашто таа била многу добра, добар педагог.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Иако не знаеше да чита, таа ја побара Светата книга зашто таа за неа беше Светиот Храм во кој обитува Господ.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Европа ќе ги обрне погледите на нашите барања, зашто таа е задолжена да го направи тоа со два меѓународни акта: проектот за реформи во Македонија од февруари6 и Мирцштегскиот проект.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но одговорот сигурно беше на друго место, зашто таа никогаш не можеше да го најде во своите очи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Ти купив, мамино, само внимавај што ќе речам: - тетратката треба да ја чуваш, зашто таа ќе биде огледало за твојата работа.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
„А сега заблагодари ѝ на тетка Стана, зашто таа ти помогна.“
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Патем се договорија да ги чуваат во Петровата визба, зашто таа има прозорец и не е мемлива како на Мише.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Среќата не треба да ја бараме надвор од нас, зашто таа извира овде некаде, во нас.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Немој да трагаш безумно по својата среќа, зашто таа не доаѓа кога најмногу сакаш.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А и тој настојуваше да се однесува како секој добар маж: купуваше што треба за јадење, а и по некој подарок зашто таа не работеше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И колку и да мислиме добро за својот живот, за смртта треба уште повеќе - зашто таа вечно ќе е со нас.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
На своите дванаесет години се потпишував со ЕМ, бидејќи никако не сакав да ја запомнам буквата Л, зашто таа на нешто многу лошо ме потсеќаше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Одговорот воопшто не беше важен, зашто таа и не заушила како треба, не оти ве чула, - можеше да се поставуваат уште поглупави прашања, - важно беше тоа нејзино поклонување доземи, тоа нејзино вратче кога ќе се издолжи и тие нејзини малечки устиња, поднапрчени, непознати, нови кога ќе ви рече со некој потпевен глас: - Молам, да, благодарам!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А тој строг нагласи: Добро само ќе мора да ја слушате зашто таа ќе ви биде маќеа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јас, пак, имав една радост во душата зашто таа рече дека ќе оздрави.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Заради задачата “Ема”, кога со полицајката ќе останеа сами, се однесуваше необично, плашејќи се да не ѝ погледне в очи зашто таа сигурно знаеше (така претпоставуваше Деница) да прочита барем мал дел од нејзините намери и затоа, кога ќе останеа сами, Деница разговорот го насочуваше кон нешта кои бараа двете да гледаат нешто таму некаде, да пребаруваат таму некаде, да се смеат или да се чудат на нешто што е таму некаде, надвор од нив, а пак тука некаде, во близината, во канцеларијата, во собата, во ресторанот, на улицата, кон нештата кои беа доволно интересни и важни за да бидат двете свртени кон светот што ги опкружуваше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Една година набави матици од прочуената сахарска пчела Апус Малифера за да ја размножи, зашто таа дава многу повеќе мед од обичните пчели.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Сè повеќе и жена му ја избегнува, зашто таа постојано, во секоја прилика, му зборува да се оттргне од таа празна, јалова работа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Јунус не можеше да се воздржи: – Јас знам, кади баба, јас една, ама којзнае дали не ќе ви изгледа каурска, зашто таа е сега најмодерна кај каурите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Бундата блескаше како нова. Татко ја беше заборавил Мајкината бунда, зашто таа никогаш не ја носеше.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка ѝ го позна ликот зашто таа одеше и се враќаше од гимназијата низ нашата улица, по кејот крај реката.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Оваа пита Мајка ја подготвуваше само еднаш во годината, зашто таа си бараше повеќе дикат и материјал.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И сега, гледајќи ја каде што врви целата во црно, Бонети помислува дека отец Иларион сигурно пати што приликата што ја имаше ја испушти, зашто таа сега е друга: и крај него минува со молчење и со поглед в земја.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не, реков, не е тоа. Мојата недореченост е нејзината тајна, таа самата, зашто таа, се повеќе верував, беше една тајна за мене и за себе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кажи, тоа го мислиш?“ „Тоа. Зашто таа веќе никогаш нема да забремени.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа беше вистина, зашто таа ноќ тој прво се разбуди кога Луман им дојде, а после и кога се врати со деда му откај Мирчета.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
ПОЦКО: На здравје, куме, на здравје! (Му ја полни чашата пак со ракија.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: (Како да го сожалува.) Е, ама ќе ја држиш чашката дури не се испразни, зашто таа сирота, си нема столче, ѝ се окршило.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Влатко немаше смелост да ја погледне Теми, зашто таа сигурно би го одгатнала тој трепет скриен во неговата душа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
-Влатко воздивна, небаре се издишува ритмично, запаѓајќи во некаков сон... - идиличен пејсаж - акварел со сино - зелени нијанси, што се прелеваат една во друга... тоа прелевање Влатко го чувствува така што го слуша како некакво бранување, како реката што се бранува низ каменото корито... на брегот на реката ја довтасува Јана, ја довтасува зашто таа таму запира, седнува, си ги собува патиките и гласно смеејќи се шлапка со босите стапала.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- ја прашав, зашто таа живее во истата куќа и секој ден е со него.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Јас не стигнав да ѝ кажам за што размислував, зашто таа, за да ме оттргне од мислите, ме праша: - До каде сме со бизнисот?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Бреза веднаш заборави на Пелистер зашто таа старинска песна многу ѝ се допаѓа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Бевме загрижени зашто таа зима беше лоша и тешка.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Бевме седум ученици: на прво место Љакето, тој што кркна тресеница од татка си на свети Никола; Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, Ноаче на Дамјана Вржов – се сторија три, па Моне на Тасета Ќутурко- четири, па јас и бате Николче наш (после ќе видите што унер беше со бате Јолета наш) и седма беше Ѕвезда, чупиштето на Павлета Ќорвезирот, како што ја викаа зашто таа само со нас машките се дружеше и наместо да игра со крпчиња и игли, таа барабар со нас делкаше пушки и јатагани.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Заборавав зашто таа мене сепак ми обраќаше внимание...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)