При него таа се губеше сосем, гледајќи да биде што понезабележена, зашто секое нејзино послободно движење ќе го проследат преку железната рамка на очилата неговите студени и остри очи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Најнапред, од секого се знае оти ние ги милуваме нашата татковина Македонија и нашиот народ, зашто секој ден ги гледаме и ги изучуваме со своите органи на чувствата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И по тротоарите не може мирно да се шета, зашто секој момент некој ќе ве турне со лактот, некој ќе ве понуди да влезете в кафеана, или пак ви става под носот некаков сувенир, сѐ во стилот на „Пигал“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Винстон се извлече од креветот гол, зашто секој член на Надворешната партија добиваше само три илјади купони за облека годишно, а еден чифт пижами чинеше шестотини, дофати една изветвена маица и еден чифт гаќи што лежеа префрлени на столот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И беше среќен зашто секоја средба со неа беше сè поубава и поубава.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Но пред да стигнеш до него, ќе те сретне првиот сосед кој ќе ти рече: „Твојата книга ја научив наизуст, зашто секоја ноќ ми ја шепотат дрвјата крај кои одам и гредите на кои сакам да се обесам за да воскреснам како што велиш, со јажето-ореол околу главата“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Талка низ камењарот, бара нешто низ маховината, низ јагликите, во трагите од дивечот, влегува во пештерите, ги ослушкува знаците по ѕидиштата, го одгатнува стенкањето на коските в земи, и дури татне луњата пали огнови, запишува нешто по ридовите, зашто секоја негова стапка е некоја тајна и некој збор.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
И да погодуваме каков живот се крие под тие корици зашто секоја книга крие во себе еден живот, една приказна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Така скротени и нив еден ден ќе ги пуштат да им ги грабаат децата на рисјаните: зашто секоја година султанската Порта се подновуваше со јаничари.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но ако, пак, се случи и тие да се согласат со неа, тогаш добро е Скрче да фати адвокати и да докаже дека ним не им следува ништо, зашто секоја од нив по нешто зела кога се мажела, ако не имот, зела чеиз...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Не веруваше во тоталната демократија, зашто секој е за нешто виновен во животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа беше голема глупост; прво, затоа што ние бевме извонредно подготвени за работење на височина; а згора на тоа, дури и во случај на вртоглавица, не можеше да дојде до катастрофа, зашто секој од нас беше врзан со цврст кожен ремен кој, со јаже, беше прицврстен за костурот на градбата. Двесте и педесет, двесте и осумдесет, триста метри.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кој сака, може да си оди дома.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)