Нам ни треба внатрешно обединување меѓу себе: не ни требаат во Македонија ни Срби, ни Бугари ни Грци, зашто не сме ни едното, ни другото ни третото; не ни требаат патријаршисти, егзархисти, зашто ние сме само православни христијани.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таму некаде ќе си легнеме сами, зашто ние на животот му подаривме само нешто свое, а на смртта - сѐ... ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
А постоеше и уште еден проблем - секогаш кога ќе застаневме, застануваше и комбето, мислам, буквално застануваше и никако не можевме да го придвижиме повторно, бидејќи никој не знаеше ништо за автомобилите и останатото.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во некој „хамбургер драјв-ин” имавме мали проблеми со законот, бидејќи келнерката потполно збудале зашто ние постојано ги менувавме порачките и таа мораше да му се пожали на еден претстав ник на законот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Секој ѕид и секој камен го престориле во молитва и писмо и сега коленичат пред нивниот најмлад Бог Молоховски пеејќи му: О, милостив боже за извесно време избери си друг народ зашто ние сме веќе изморени од смрти и трупови и немаме веќе молитви наш милостив боже за извесно време избери си друг народ!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Јас, фала богу, си ја покрив главата со штипките и спраштив рикверц, зашто ние од нашата сорта можеме да одиме нанапред и кога се движиме рикверц.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Јас тогаш се завртев на сите страни и си реков ...ети велат дека има рај, веројатно ова е рајот зашто ние дојдовме од пеколот...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
„Но гледајќи наназад, шеесеттите беа многу претенциозни.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Беше како да велевме ‘Ние сме врвот на копјето на ова ново прекрасно движење и сите други се срање, зашто ние сме тие што знаат, а другите не’.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Значајно место одвоив и за заедничкото летување со родителите на Црното Море во Варна, за кое тие рекоа дека им е „прв, втор, десетти и последен пат во животот“, а јас воопшто не се согласував со нив, зашто ние со Бреза таму се чувствувавме како да сме деца на најбогатиот човек на светот: сè што ќе посакавме добивавме.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Можеби затоа зашто ние циганите ти живееме од денес за утре, да простиш.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ама, нели, и не е морално да се знае празникот за да го празнуваш? - си одговори Кадри на прашањето што самиот си го беше поставил.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А наредбата беше да не си изразуваме љубов, да не крадеме, зашто ние бевме народна армија, излезена од народот, така ни велеа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Марија стоеше во средината на просторијата, до столчињата и вазата без цвеќе.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
– Сѐ на сѐ, вистинска среќа е тоа што таа се најде овде, зашто ние сме стручни за случаи кои бараат дисциплина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)